fbpx
Таг: ДДВ

таг: ДДВ

На телефонскиот број 143-400 не може да се донира од странство

На телефонскиот број 143-400 за донации кој Црвен крст го отвори за помош на погодените од поплавите во скопскиот регион, не може да се остварат донации од странски мобилни оператори, потврдуваат за „Мета“ од „Оне-Вип“. - На бројот кој е отворен за донации исклучиво може да вртат претплатници на соодветниот оператор. Донации не можат да се остварат од странски мобилен...

Поскапа храна, пиво и кафе во Грција со новиот повисок ДДВ

„Цунами“ од поскапувања на храната, облеката, угостителските услуги, билетите за авион и за брод, автомобилите и на илјадници други производи и услуги ја зафати Грција со зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 23 на 24 отсто. Поскапувањето доаѓа како дел од пакетот мерки што Грција треба да го спроведе за да ги задоволи европските кредитори. Со ова зголемување од еден отсто, кое е...

Грчкото собрание ги изгласа новите закони за даночни поскапувања

Со 153 гласа „за“, грчкото собрание го изгласа новиот пакет закони кои во Грција носат нови даночни поскапувања, пензиски реформи и приватизација на државните компании. Мерките ги поддржаа пратениците на владеjачката коалиција СИРИЗА-Независни Грци, кои исто така го изгласаа и автоматскиот механизам за стопирање на финансиите во јавната администрација, кој ќе се активира доколу Грција до 2018 година не...

Грчките туристички работници стравуваат од големи загуби летово

Грчките туристички работници стравуваат дека годинава може да имаат големи загуби во профитот од туристите низ цела Грција. Загриженоста доаѓа од најавата за зголемување на даноците за ноќевање во хотелите и за угостителските услуги во таверните и во баровите. Првиот човек на Асоцијацијата на туристички работници, Андреас Андреадис, говорејќи на генералното собрание на организацијата, истакна дека има пресврт во очекувањата за престојната...

Грчката влада размислува за зголемување на данокот на додадена вредност

Уште една голема грчка компанија, синџирот продавници за бела техника и за електронски уреди „Илектроники Атинон“, прогласи банкрот. На улица остануваат повеќе од 450 вработени и се затвораат 45 продавници низ цела Грција. Прогласувањето банкрот го шокираше грчкиот бизнис-сектор, кој живее во грч дека поради финансиската криза, бегалскиот бран, малата заинтересираност од странските инвеститори, на сè поголем број компании им се заканува...

Наумов: За оваа власт, повратот на ДДВ секогаш бил само алатка за репресија

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не можат да се договорат сами со себе, што ја подигнува конкурентноста на македонската економија. Дали е тоа намалувањето на прагот за регистрирање на обврзник на данок на додадена вредност (ДДВ) како што изјавија во 2010 година или зголемување на истиот како што се премислија во 2014 година. Слободно нека си ги отворат...

Наместо планираните 76, државата се задолжи со 81 милион евра

Наместо првично планираните 75,76 милиони евра, државата се задолжи 81 милион евра кај домашните кредитори. За ова поголемо задолжување реагираше и дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов. - Заклучно со денешната аукција, нето-долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните која е основата за овие задолжувања. Дали овие средства планира да ги „истури“...

Намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто ќе ја поевтини храната во рестораните

Министерството за економија сè уште не одговорило на барањето на хотелските и на угостителски работници за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на храната од 18 на 5 проценти. Тие својата иницијатива ја доставиле пред повеќе од шест месеци. - Ова намалување на ДДВ за храна би значело зајакнување на хотелските и на угостителски капацитети и нивен опстанок. Трошоците сега се...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно ги краде нашите проекти

„Без идеи и без резултати зад себе, ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно да краде проекти од СДСМ. Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден поднесе закон по скратена постапка кој во целост е препишан и украден од предложениот закон за ДДВ на СДСМ и на коалициските партнери“, обвини опозицијата. „Се работи за законот за ДДВ, кој беше поднесен од СДСМ и од...

Граѓаните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат преку мобилен телефон

Граѓните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат во хуманитарни цели преку специјален број од мобилните оператори. Ова го предвидуваат последните измени и дополнувања на Законот за додадена вредност доставени до Собранието, а предлагач е Министерството за финансии. - Цените на услуги од телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации, да...

Вратени 640 милиони денари на фирмите врз основа на ДДВ

Министерството за финансии вчера исплати 640 милиони денари на 1.273 фирми, врз основа на поврат на данок на додадена вредност (ДДВ). Од Министерството за финансии информираат дека исплата на поврат на ДДВ се врши редовно, како што доспеваат налозите за отплата.  

Европски суд: Да се укине ДДВ на трансакции во биткоини

Интернет-замената на традиционалната валута со дигиталната виртуелна валута биткоин, треба дa биде изземена од данокот на потрошувачка, исто како и другите трансакции со пари, пресуди Европскиот суд на правдата. Судот наведува дека биткоинот треба да биде третиран како средство за плаќање и дека како таков, е заштитен со директива на ЕУ. Највисокиот европски суд донесе пресуда на барање на шведските даночни...

Грчките банки отворени, а во продавниците нова стапка на ДДВ

Грчките банки по три недели денеска повторно се отворени, но ограничувањата за подигање средства останаа непроменети, освен што неделниот лимит од 420 евра, наместо секој ден по 60 евра, може да се подигнува еднаш неделно. Денеска почнува да се применува и новата стапка на данокот за додадена вредност (ДДВ) за бројни производи и услуги, за кои тој од 13 се зголемува на 23...

ДДВ за становите останува 5 проценти и следните три години

Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 5 отсто за становите, што требаше да важи до 31 декември 2015 година, ќе остане непроменет уште три години. - Интересот за купување станови се зголемува и тоа, пред сè, се должи на повластената ДДВ-стапка од 5 отсто. Затоа бараме пролонгирање на одредбата што го дефинира овој процент, односно стапката на ДДВ да не се зголеми...

Угостителите бараат ДДВ за храната да се намали на 5 проценти

Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната во хотелите и во рестораните, стимулации во угостителството и во хотелиерството, иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. - Угостителите бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Влезните елементи сега се пресметуваат со 5 отсто ДДВ, а излезниот данок е...

Владата ќе се откаже од ДДВ од хуманитарните телефонски броеви

На наредната владина седница ќе биде донесена одлука за државата да се откаже од данокот на додадена вредност од пораките за донација на поплавените подрачја, велат владини извори за новинската агенција „Мета“. Како што денеска пишуваше „Мета“, по отворањето на телефонските броеви за донација на настраданите од поплавите во Македонија, повторно се отвори дилемата дали е морално оправдано да се земаат пари...

Од поевтината нафта граѓаните нема да се офајдат

Падот на цената на нафтата на светските берзи и намалувањето на цената на горивата на домашниот пазар, не се очекува да го растовари буџетот на граѓаните, бидејќи нема многу или воопшто нема да влијае на цените на  производитево малопродажба, сметаат експертите што ги консултираше „Мета“. Според професорот Атанаско Туневски, падот на цената на нафтата сигурно ќе се одрази поволно на индустриите...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...