fbpx
Таг: датуми

таг: датуми

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови кога би се одржале претседателските и парламентарните избори

Фото: Борче Поповски
Владејачката партија СДСМ останува на ставот претседателските и парламентарните избори догодина да се одржат во редовниот термин и да се одржат одвоено едни од други, додека ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да се организираат двата изборни циклуси на еден датум. Засега нема зближување на двете партии во однос на терминот кога би се одржале изборите. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера...

Мицкоски бара претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум

ВМРО-ДПМНЕ бара вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да се одржат на ист датум. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека единствен ваков датум би можело да биде неделата на 5 мај, а поради тоа што на тој датум се паѓа Велигден, неговиот предлог е изборите да се одржат на 8 мај (среда). „Во минатото...

Не е вистина дека за струја се плаќа двапати за ,,преклопени датуми” на сметките

Од ЕВН објаснуваат дека датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата. Оттаму велат дека  реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните во претходниот месец и нема двојна наплата...

Натпревар со датуми меѓу Џеф Безос и Ричард Бренсон за тоа кој прв ќе летне во вселената

Сопственикот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон има за цел да го победи неговиот колега - милијардер Џеф Безос реализирајќи лет во вселената за девет дена, јавува Гардијан. Компанијата на Бренсон вчера објави дека пробниот лет ќе се одржи на 11 јули и дека Бренсон ќе биде еден од шесте патници на летот во вселената. Ракетата на Бренсон „Спејсшип 2“...

Три можни датуми за одржување на локалните избори: 3, 10 или 17 октомври

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната редовна средба со новинарите истакна дека локалните избори во државата треба да се одржат на 3, 10 или 17 октомври. Тој треба да ги распише изборите во јули, а најдоцна на 1 август во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии. За барањето на опозицијата, за предвремени парламентaрни избори да се одржат...

Воведени се два нови изборни предмети во државната матура која ќе се полага од 29 мај до 14 јуни

Државниот испитен центар ги објави датумите за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2021 година. Екстерните испити од државната матура по македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература ќе се полагаат на 29 мај. Англиски, француски, германски и руски јазик ќе се полагаат на 5 јуни 2021. На 11 јуни учениците...

Љутфиу вели дека годинава сепак ќе има екстерно тестирање

Министерот за образование и наука во заминување Пиштар Љутфиу изјави дека сепак, и на крајот на оваа учебна година ќе има екстерното тестирање иако мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, најави дека екстерното тестирање ќе се укине веднаш штом Собранието почне да работи. -Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија,...

Само август и декември не се во игра за локални избори годинава

На три дена до истекот на мандатот на градоначалниците, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ првпат денеска излегоа со можни термини за одржување на локалните избори, за да не дојде до блокада во функционирањето на општините. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ако се постигне договор локалните избори да се одржат годинава, тие би биле во октомври или...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лицитира со датуми за локални избори како да е на лотарија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во реакција на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски, ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да лицитира со датуми за локални избори како да станува збор за лотарија. „Од ВМРО-ДПМНЕ да престанат лицемерно да лицитираат со датуми за локални избори како да се на лотарија додека ги оставија граѓаните на цедило без градоначалници! Да престанат да го притискаат Ѓорге Иванов...

Предизборни рокови: Што сè нè чека до гласањето на 11 декември?

Двапати одложуваните предвремени парламентарни избори, овојпат ќе бидат закажани на 11 декември. Ова пред два дена го договорија лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино откако претходно двапати ги одложија изборите, кои беа закажани на 24 април, па на 5 јуни. Доколку партиите не се премислат и повторно не ги одложат изборите, еве кои се роковите од Изборниот законик што треба да...

Што се реализира, а што уште треба да се направи од договореното

Партиите и институциите, две недели откако преставниците на четирите политички партии постигнаа договор за формирање преодна што која треба да ги организира изборите, се придржуваат до сите рокови што се предвидени во договорот. Преостанува: 18 август – Краен рок за пријавување на спорните гласачи во ДИК; 19 август – Формирање на ад хок тело за медиуми; 31 август – Краен рок за лидерска средба; 2 септември...

Викенд, скратена работна недела, па Велигден: Се кратат роковите за разврска на кризата

Откажувањето на лидерската средба во Виена ја намали надежта дека, сепак, е можен излез од политичката криза во која се наоѓа Македонија подолго време. Утринава се појави веста дека лидерската средба закажана за утре во Виена, а на која треба да учествуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, е одложена. Делегацијата на ЕУ во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...