fbpx
Таг: датум

таг: датум

Ахмети: Избори во април зашто во јуни се рамазанските пости

Али Ахмети рече дека ДУИ стои на ставот дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 24 април затоа што во јуни се рамазанските пости, во јули - самитот на НАТО во Полска, а се очекува и зголемен прилив на мигранти. - Без институционална организација, не може да ги изменаџираме овие ситуации. Имаме проблем со името и за членството...

Груевски: За избори на 24 април гласаа сите партии во Собранието, вклучително и СДСМ

Законот за избори, каде што експлицитно се наведува 24 април 2016 година како датум на одржување на изборите, е закон што беше изгласан едногласно во Собранието, вклучително и од пратениците на СДСМ, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната средба со заменикот на генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Кристијан Кремер, кој доаѓа од редовите на германската Демохристијанска...

Хан: Претпочитам консензуално решение од сите партии за датумот на избори

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во соопштение до јавноста, вели дека претпочита консензуално решение за датумот на изборите од сите политички партии. „Ја забележав одлуката донесена денеска да се спроведат предвремени парламентарни избори на 24 април, како што е предвидено во Договорот од Пржино. Но, како што наведов претходно, јас претпочитам консензуално решение од сите партии. Сега е критично...

Пропаднаа преговорите: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА сакаат избори на 24 април, СДСМ е против

Пропаднаа преговорите помеѓу четирите политички партии на лидерската средба што се одржа во Пржино со посредништво на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, амбасадорот на САД, Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Четирите најголеми партии не можеа да се договорат околу датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се согласни изборите да...

Котевски за изјавата на Заев за можно одложување на изборите: 24 април е круната на Договорот од Пржино

Секој обид да биде загрозена крајната цел на Договорот од Пржино, односно изборите на 24 април, е загрозување на целокупниот договор и на конечниот излез од политичката криза, вели за „Мета“ директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, запрашан за коментар за денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека со еврокомесарот Јоханес Хан ќе се разговара...

Заев: Избори во април, јуни или дури во септември, тоа ќе се договориме со Хан

Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту, пак, ги демантира сè погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година. Во изјавата за „Мета“ тој дури на маса става дека „можеби ќе се дојде до заклучок дека септември е идеален датум“, но истакнува дека сè уште нема договор за поместување на изборите и, како што вели,...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...