fbpx
Таг: датум

таг: датум

Иванов: ЕУ да покаже одлучност и да ни даде датум за почеток на преговори за членство

Очекувам Европската Унија да покаже одлучност и на Република Македонија да ѝ даде датум за почеток на преговорите за членство, рече претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на официјалната сесија на отворањето на Форумот „Кран Монтана“, кој почна денеска во Брисел. - Со секое затворено поглавје, земјата се приближува кон посакуваните европски стандарди. Унијата треба да разбере дека процесот на проширување не е...

Преговорите за Сирија продолжуваат на 12 и на 13 јуни во Казахстан

Преговорите за ставање крај на војната во Сирија, под покровителство на Русија, Иран и на Турција, ќе продолжат на средината на овој месец во главниот град на Казахстан, Астана, изјавил денеска сирискиот амбасадор во Москва, Ријад Хадад, јавуваат светските агенции. „Дамаск доби покана за преговори во Астана за 12 и 13 јуни“, изјавил Хадад. Извори блиски до сириската опозиција навеле дека...

Арифи: За ДУИ е прифатлив секој датум за локалните избори што ќе го договорат партиите

Градоначалничката на Тетово и потпретседателка на ДУИ, Теута Аирфи, на последниот ден од својот мандат, присуствуваше на асфалтирање на кружниот тек на улицата Иво Лола Рибар. - Ние, како Општина, ќе работиме така како што ни налага законот. Работите кои законски не се дозволени нема да ги реализираме и ќе чекаме што побргу да се најде решение. Јас сметам дека е добро...

Референдумот за уставните промени во Турција закажан за 16 април

Референдумот за предложените измени на уставот на Турција ќе се одржи на 16 април, оваа година, соопштил денеска Високиот изборен одбор на земјата, јавуваат светските агенции. Измените на уставот предвидуваат замена на парламентарниот со извршен претседателски систем, каков што бараше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Со нив претседателот ќе добие речиси неограничени овластувања, односно ќе може да донесува...

Николиќ: Претседателските избори можно е да се одржат на 9 април, следната година

Српскиот претседател, Томислав Николиќ, денеска изјави дека разговарал со премиерот и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, околу неговата кандидатура за претседател на државата и ги потврди информациите во медиумите дека претседателските избори е можно да се одржат на 9 април, следната година. Прашан за евентуално одржување и на вонредни парламентарни избори на истиот датум, за што исто така...

Брисел ќе направи пауза – следниот извештај ќе биде во 2018 година

Европската комисија утре ќе го објави извештајот за проширувањето на ЕУ и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, но следниот извештај, наместо догодина, ќе биде дури во 2018 година, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Неофицијално, во Европската комисија постои замореност од извештаите, особено имајќи предвид дека засега немаат преголемо влијание врз одредени земји, но и поради тоа...

Предвремени избори на 11 декември, утре привремена влада

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино вечерва се договорија на 11 декември да се одржат предвремените парламентарни избори. Четворицата лидери, задоволни од постигнатото, кажаа дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори. Задоволни од договореното се и двајцата претставници на меѓународната заедница, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и претставникот на Европската...

Лидерите зедоа и втора пауза на преговорите

Лидерите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, веќе зедоа и втора пауза по три часа откако ја почнаа лидерската средба. Претставниците на партиите ги користат паузите за меѓупартиски консултации. Средбата, на која присуствува и амбасадорот на САД, Џес Бејли, и двајца претставници на Делегацијата на ЕУ, почна со 40 минути доцнење откако последен пристигна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Него...

Почна лидерската средба во Клуб на пратеници

Со доцнење од 40 минути, почна лидерската средба во Клубот на пратеници помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пристигна последен и сакајќи да ги избегне новинарите, во клубот влезе од задната врата. Него го дочека Александар Ѓеорѓиев, кој е портпарол на Владата. На средбата, освен Груевски, од ВМРО-ДПМНЕ присуствува и...

Шекеринска: Одлука за избори ќе има ако има политичка волја на 31 август

„До 31 август можат да се исполат сите услови што беа предвидени во договорот од 20 јули оваа година. Ако има политичка волја, решение на 31 август и одлука за избори ќе има“, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како одговор на новинарско прашање денеска во Велес. - Процесот што се одвиваше во ДИК потврди дека во Македонија постоеле голем број...

Заев: Убеден сум дека договореното ќе биде исполнето и на 11 декември да има избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека условите од договорот што претставниците на четирите политички партии го постигнаа на 20 јули ќе бидат исполнети навреме и дека на 31 август тој и останатите тројца партиски лидери ќе го потврдат 11 декември како датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Заев, кој денеска беше во посета на Охрид, рече...

Ахмети: Невозможно е да има избори до крајот на годинава

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за тетовската телевизија „Арт“, вели дека избори наесен се невозможни и дека четворицата лидери имале договор датумот за избори да го прецизираат до декември. – Договорено е на почетокот на декември да има согласност од страните кога ќе треба да се одржат изборите. Дали ќе се одржат во 2018 или 2017 година, тоа не...

ВМРО-НП нема да учествува на изборите на 5 јуни

ВМРО-Народна партија, чиј лидер е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, објави дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни. Од партијата велат дека нема да приклучат кон ниту една политичка коалиција. „ВМРО-Народна партија беше подготвена да учествува на изборите во согласност со препораките на меѓународната заедница, кои од нас беа безрезервно прифатени. Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорге...

Вељаноски: Собранието ќе се распушти на 7 април

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во интервју за телевизијата „Нова“ вели дека Собранието ќе се распушти на 7 април и дека изборите ќе се одржат на 5 јуни. - На 7 април веќе ќе биде распуштено Собранието, значи на 6 април може да работи до полноќ во согласност со одлуката за измена на одлуката за распуштање на...

Предизборни рокови и обврски: Кој, што и кога треба да направи до 5 јуни

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, пред три дена се договорија да ги одложат предвремените парламентарни избори што беа закажани за 24 април годинава и одредија нов термин – 5 јуни. Еве кои се датумите и термините што треба да се испочитуваат: 7 април (60 дена пред изборите) - Според Уставот, Собранието мора да се распушти; 22 април - Државната изборна комисија мора...

Хан: Договорот од Пржино е жив, сега спроведете ги реформите

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил соопшти дека Договорот од Пржино е жив и дека сите партии мораат да се ангажираат за на 5 јуни да има веродостојни избори. „Го нотирам гласањето на Собранието на Република Македонија да ги одложи изборите на 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора целосно да се ангажираат,...

За Бејли, Договорот од Пржино не е мртов

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во интервју за „Канал 5“ вели дека Договорот од Пржино не е мртов, но дека од утревечер ќе стигне до точката од каде нема враќање. - Клучното прашање сега е да се одлучи денот на изборите. Тоа е најкритичкото прашање во писмото што му го испративме на премиерот. Сè уште сум убеден дека Договорот...

Орав твитна: Утре е последна шанса партиите да постигнат договор

Евроамбасадорот Аиво Орав, преку својот официјален твитер-профил, им порача на политичките партии дека утре заедно со европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан треба да постигнат конечно решение за предвремените парламентарни избори. „Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ разговараа за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан“, твитна Орав. https://twitter.com/AmbassadorEU/status/701798556068409344 Орав, инаку, последната недела е во...

Пендаровски: Да нема фиксен датум за изборите додека не се исполнат условите

Носителот на иницијативата „Партнерства за Македонија“, Стево Пендаровски, денеска од Демир Капија посочи дека опозицијата очекува поместување на рокот за предвремените парламентарни избори, како и тоа, овојпат да нема фиксиран нов датум за избори сè додека не се спроведат во целост обврските од Договорот од Пржино. - Деновиве очекуваме одлука во однос на претстојните парламентарни избори, поточно поместување на рокот...

Орав: На 19 февруари ќе процениме дали има услови за избори

На 19 февруари ќе излеземе со процена дали Македонија ќе биде подготвена за предвремени парламентарни избори на 24 април. Во оваа фаза нема проценка дали ситуацијата ќе се одвива во еден или друг правец. Сè е во рацете на партиите. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање на прес-конференција за ИПА-фондовите. Запрашан дали в петок ќе дојде еврокомесарот...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...