fbpx
Таг: датум

таг: датум

Пендаровски: До последен момент лобираме за датум, конечната одлука утре попладне

По посетата на кумановската касарна, претседателот Стево Пендаровски изјави дека државниот врв до последен момент лобира да се добие датум за преговори и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, Пендаровски смета дека евроитеграцијата останува единствена опција...

Макрон бара трпение за датумот, направените реформи не биле доволни

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон рече дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. –...

Европската Унија калкулира, Македонија во исчекување

Вчерашната одлука на министрите за надворешни работи во Луксембург судбината на евро-интеграциите з двете балкански земји да им ја остават на шефовите на земјите - членки на ЕУ беше очекувана, но не и задоволителна за Северна Македонија. Останува уште време до конечната одлука на Самитот на Европската унија на 17 и 18 октомври, што според познавачите на европските политики...

Македонија и регионот заслужуваат датум за преговори со ЕУ

Македонија направи големи чекори кон Брисел, така што заслужува да добие датум од Европската унија. Во спротивно, би било многу демотивирачки за државите што се обидуваат да ги направат истите реформи за да добијат зелено светло за ЕУ. Ова е мислењето на експертите за европска интеграција, пишува „Порталб.мк“. Помеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Северна Македонија ќе...

Mеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ

Mеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Северна Македонија ќе добие или не датум за започнување на преговори со Европската Унија. По препораката на Европската Комисија  за започнување на преговорите во јуни, останува сите земји членки на ЕУ да се договорат едногласно за отворање на преговорите, пишува „Порталб.мк“.  Дали и другите држави, особено Франција, ќе го следат...

Мицкоски до Хан: Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава, загрозувајќи ја и европската иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија,  Јоханес Хан. „Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина“, изјавил Мицкоски на средбата. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Мицкоски истакнал дека „немањето на волја за справување со корупцијата и сомнежите за...

Хан порача да се продолжи со реформите и да се донесе Законот за јавно обвинителство

Република Северна Македонија заслужува во октомври да добие зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради сето она што го направи изминатите години во спроведување на реформите, со Договорот од Преспа, но и Договорот за добрососедство со Бугарија, рече еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на прес-коференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој додаде...

Заев: Консензуална одлука во ЕУ има, не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите

На Советот на министри на ЕУ на писмено добивме правно-формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. „Заклучокот е сериозна порака и апсолутна...

Заев денеска на средба со канцеларката Меркел

Во рамките на дводневната посета на Германија, премиерот Зоран Заев денеска ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел. Заев на средбата ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На средбата, една од клучните теми ќе биде датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на...

Туск до Пендаровски: Не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови

Вие направивте сѐ што се очекуваше од вас, но сакам да бидам искрен, не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови. Ова му го соопшти претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на претседателот Стево Пендаровски по средбата во Брисел „Лично верувам дека може да има само една одлука да се отворат преговори согласно препораките на...

Заев: Би заменил две нобелови награди за Советот на Европа да ни даде датум за преговори

Би заменил и две Нобелови награди за одлуката на Совет на Европа да додели датумот за преговори, одговори премиерот Зоран Заев на прашање, дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас, во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“. - Ако добијам Нобелова награда, ќе му ја дадам на Советот на...

Заев: Ако ЕУ не испорача датум, Владата најверојатно ќе падне

Ако не го  добиеме очекуваното, датум за преговори по поглавја, постои можност тоа да предизвика пад на владата, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција во Брисел за последиците доколку Европскиот Совет не ја прифати препораката на Европската Комисија земјата да ги отпочне преговорите по поглавја за пристапување во ЕУ. „Оваа стабилна влада, со сите тешки одлуки што ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Заев е премиер нема датум за преговори со ЕУ

Владата на СДСМ пак излажа, датум за преговори со ЕУ и оваа година нема, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ сега и со промена на име на државата нема да почне преговори поради тоа што нема реформи. Заев треба да знае дека во ЕУ не се оди со партизирана администрација и непотизам од енормни размери. Се додека Заев е премиер Македонија...

Пленковиќ: Ќе направиме сѐ Северна Македонија да добие датум во јуни

Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска, во изјава за МИА вели дека Хрватска ќе направи сѐ што може за да и помогне на Северна Македонија да добие датум за преговори во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел. Пленковиќ, кој вчера попладне беше во посета на Брисел, и чија земја го презема кормилото со ЕУ од идната година, потсети дека проширувањето...

„Дали сте за ЕУ и НАТО поддржувајќи го името Северна Македонија“, e можно прашање вели Заев

Заев во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ истакна дека три датуми се во игра за референдумот– 23 септември, 30 септември или 7 октомври. Тој изрази уверување дека референдумот ќе биде успешен и дека граѓаните ќе се изјаснат позитивно, а бидејќи тој ќе има обврзувачки карактер, ќе мора да биде прифатен од сите, па дури и од претседателот Ѓорге Иванов...

Македонија од ЕУ доби датум, ама и услови

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање  на тридневниот РОС-РОТ  семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан, кој се одржува во Собранието на Република Македонија, ја даде и следната изјава која ја сметаме за полувистина, пишува „Вистиномер.мк“ Дозволете на почетокот да споделам огромно задоволство за вчерашната одлука за добивање на датум за преговори со ЕУ, јуни 2019 година.Сакам да им честитам...

Мицкоски: Македонија не доби датум за преговори, туку датум за проценка

Договорот за името со Грција е капитулантски и ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на седниците за овој договор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција. Мицкоски вели дека Македонија не добила датум за преговори, туку датум за преоценка на состојбите. - Македонија не доби чиста препорака веднаш, како што впрочем ветуваше Зоран Заев и Владата, туку само надеж...

Заев од Јункер очекува прецизирање на датумот на препораката за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев очекува од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска да добие прецизирање кога Македонија би ја добила неусловената препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Турнејата на Јункер низ шесте балкански земји започнува денеска од Македонија. Тој ќе има средба со премиерот Заев, со претседателот Иванов, а потоа ќе се одржи и пленарна средба со делегацијата...

Хан: 2025 година не е фиксен, туку симболичен датум за проширување на ЕУ

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервјуто за виенски „Курир“ изјави дека 2025 година, која Европската комисија ја посочи како временската рамка за прием на нови членки во ЕУ, не е „фиксен датум“, туку симболичен, кој треба да ги мотивира земјите од регионот на Западен Балкан. Според него, во процесот на проширување на ЕУ не постои...

„Фени“ ќе почне со работа во февруари, но не се знае кој датум

Комбинатот „Фени“ ќе почне со работа во февруари, но конкретниот датум не се знае информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. „Истовремено потенцираме дека постапката е во надлежност на судската власт, како и во согласност со одлуките на Одборот на доверители и ќе продолжи да се спроведува и понатаму. Напоменуваме дека за целосно рестартирање на работата на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...