fbpx
Таг: Дарко Костовски

таг: Дарко Костовски

Мета факт: Младите од скопски Бутел не добија културен центар до денес

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски за време на предизборната кампања за локалните избори во 2021 година на граѓаните им вети отворање на младински културен центар. Ова предизборното ветување до денешен ден не е исполнето. На 3 октомври 2021 година, градоначалникот Дарко Костовски од позиција на кандидат за градоначалник на жителите на општина Бутел им најави отворање на младински културен центар...

Дневна доза патриотизам за бранителите од 2001 година и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ

Годинава, исто како и секоја година во август во изминатите над две децении, главните македонски партии на политичката сцена во земјава испукаа неколку комуникациски куршуми при одбележувањето на трагичните настани во месноста Карпалак и Љуботенски Бачила од 8 и 10 август 2001 година. Иако нема сомнеж во искреноста на желбата да се одаде почит, факт е дека за начините...

Мета факт: За уредување на речното корито на Серава во Бутел засега има само основен проект

Предизборното ветување на градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски за уредување на коритото на реката Серава е започнато со реализација преку изработениот основен проект и определување на идниот изглед, но овој проект на терен не е започнат да се гради. Реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Серава е во тек. Актуелниот градоначалник на Бутел Костовски во...

Платите на градоначалниците на Штип и Кисела Вода не се 90.000 денари

Во неколку интернет медиуми и повеќе написи на социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации, во кои се тврди дека градоначалниците на општините Штип и Бутел побарале покачување на платите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Притоа, се споделуваат и скенирани донесени одлуки од Советите на општините, со кои се ставаат во сила измените кои се однесуваат...

Арсовска не отстапува од проектот за изградба на булевар и згради во Бутел

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема да отстапи од проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во Бутел и покрај тоа што жителите поддржани од градоначалникот на општината Дарко Костовски, протестираат против оваа одлука. Арсовска ги повика жителите „да не потпаѓаат на манипулациите на градоначалникот“, бидејќи, како што рече, проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел е...

Костовски: Ако не престане политичкиот прогон, протестите ќе се радикализираат

На протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда денеска пред граѓаните се обрати Мане Јаковлевски. Тој кажа дека наместо светла иднина државата е обвиена од темнина. Наместо мир и безбедност, бројот на убиства е зголемен, а и животните се вознемирија, почнаа да напаѓаат луѓе, порача денеска Мане Јаковлевски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда. - Тоа што актерите,...

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да ги објавуваат заканите од сопартијците лојални на Груевски

Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ од денеска ја почна акцијата „Ѕид на срамот“. Како што соопштија од иницијативата, почнуваат со објавување на имињата на членовите на ВМРО-ДПМНЕ лојални на Никола Груевски и притисокот и заканите што ги вршат врз останатото членство на партијата, кое бара реформи и промена на раководството. Први на „Ѕидот на срамот“ се најдоа претседателот на...

ВМРО-ДПМНЕ му поднесе кривична пријава на Рашковски за злоупотреба на положбата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека поднела кривична пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања. Според ВМРО-ДПМНЕ, Рашковски, од неговото назначување на функцијата генерален секретар на Владата до денот на распишување на локалните избори, повеќепати организирал именувања за в.д. директори на лица „кои не ги исполнуваат законските основи да бидат именувани и лица...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема фатено дрога не затоа што ја нема, туку зашто е во коалиција со криминалот

МВР под водство на СДС и на неспособниот Оливер Спасовски нема фатено ни грам дрога, не затоа што ја нема, туку затоа што СДС е во коалиција со криминалот, обвини Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска. Тој додаде дека приоритет за СДСМ и за Оливер Спасовски било да се пресметаат со сите полициски службеници кои професионално воделе истраги за нарко-дилерите што одработувале...

Костовски: Во обвиненијата на СЈО нема докази затоа што нема криминал

Целта на постоење на СЈО e креирање материјал за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ од страна на медиумите под контрола на СДС, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ пред просториите на СЈО, додавајќи дека обвиненијата по отворените случаи „се без никакви докази, крајно неаргументирани, со намера да се врши политички прогон инспириран од СДС“. - Не може да има докази затоа што нема криминал. Сè...

Костовски: Случајот „Тендери“ е монтиран процес за да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесува на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба, е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека целосната постапка за...

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Тортура“ е политички монтирано обвинение

Сите обвиненија што ги поднесе СЈО и сите истраги што беа спроведени, беа политички нарачки и имаа цел да ги урнат угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиното раководство, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција пред СЈО. Тој додаде дека случајот „Тортура“ бил уште еден  „дегутантен пример на политички монтирано обвинение, базирано на погрешни претпоставки и на лажни конструкции“ и дека обвинението за наводната...

Костовски: Со исплатата на субвенциите паднаа во вода манипулациите на СДС

„Од денеска, со исполнувањето на законската можност, почна и исплатата на субвенциите во земјоделството“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека помагањето на земјоделството и на земјоделците секогаш било и ќе остане фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. „Земјоделците добија повеќе од една милијарда евра субвенции додека ВМРО во изминативе 10 години го имаше мнозинството и одлучуваше околу земјоделската политика,...

Костовски: Судството за време на СДС го допре дното

„СДС еднаш веќе го имаше унакажано и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии, кои ги имаа поминато нивните партиски филтри“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Радио Слободна Европа“. Според него, судството тогаш го допрело дното. „Сега Заев сака да го реализира истото сценарио само за да...

Груевски ги лажел граѓаните дека постојат странски служби за да се спаси, велат од СДСМ

Никола Груевски е фатен во нелегално прислушување на граѓаните на Македонија, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се додава дека „Груевски ги лажел граѓаните, измислил тактички опреми, клонирани станици, странски служби во обидот да се спаси себеси и братучедот.“ - Граѓаните знаат дека Груевски и соработиците...

Костовски: Заев е виновен за „Пуч“, има цврсти докази против него

Зоран Заев знае дека е виновен за случајот „Пуч“ и има цврсти докази против него и против Зоран Верушевски, и затоа втора недела молчи за аболицијата што му ја подари Катица Јанева, исто како што молчеше и за случајот „Глобал“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека „со оваа одлука СЈО и Катица Јанева само потврдиле дека се...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...