fbpx
Таг: даночна пријава

таг: даночна пријава

Денеска истекува можноста за увид во Годишната даночна пријава

Рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година истекува денеска. Даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-персонлен данок имаат можност уште денеска преку своите кориснички профили да ги потврдат или корегираат податоците во даночната пријава. По истекот на овој рок, даночните пријави ќе добијат статус на конечни пријави согласно последниот статус на Годишната даночна пријава –...

Серверот на УЈП за менување на лозинка не работи, граѓаните не можат да си ја проверат даночната пријава

Даночните обврзници – физички лица треба да влезат во својот кориснички профил, кој го регистрираа на системот „е-Персонален данок“, и до крајот на мај имаат рок да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. Но, системот денеска има потешкотии во работата. Постои серверски проблем, поради кој, доколку граѓаните се обидат да ја сменат лозинката системот дава грешка. Бидејќи не...

УЈП ќе ги гледа само приходите, странските дознаки нема да се оданочуваат

Управата за јавни приходи (УЈП) и сега, со писмено барање, добива увид во приливите на сметките на граѓаните, а со измените на законот за банките тоа ќе го има автоматски на располагање. Но, нема да може да ги следи автоматски исплатите од сметките на граѓаните, а ако сака такво нешто, ќе мора да поднесе писмено барање. Со такво образложение за...

Канцелариите на УЈП денеска со продолжено работно време

Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе работат со продолжено работно време, бидејќи истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава (ГДП). УЈП соопшти дека сите регионални дирекции, во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Прилеп ќе примаат пријави до 21.30 часот, даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија,...

УЈП ќе го поедноставува поднесувањето годишни даночни пријави

Управата за јавни приходи (УЈП) најавува дека ќе го поедностави системот за поднесување годишни даночни пријави и понатаму оваа инстутуција тоа ќе го прави електронски. Од УЈП неодамна информираа дека работат на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход, што значи поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на данокот. - Земајќи предвид дека новините и даночните реформи во...

УЈП очекува повеќе од 400 илјади граѓани да поднесат годишна даночна пријава

Управата за јавни приходи очекува до 15 март, кога е крајниот рок, повеќе 400 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава. Заклучно со 13 февруари 2017 година, 51.616 граѓани ја исполниле својата даночна обврска, соопштија од УЈП и апелираа граѓаните да не ги чекаат последните денови со цел да се избегнат метежите на даночните шалтери. Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои...

УЈП: Системот за бруто-плата функционира непречено

Системот за бруто-плата функционира непречено, велат од Управата за јавни приходи (УЈП) откако „Мета“ објави дека сметководителите се пожалија дека освен системот за поднесување годишна даночна пријава, и системот преку кој се врши прием на декларации за плати не функционира неколку дена. - Што се однесува до системот за бруто-плата, тој непречено функционира, односно декларацијата и налогот за плаќање врз основа на поднесена...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...