fbpx
Таг: ДаниелКајмакоски

таг: ДаниелКајмакоски

Даниел Кајмакоски вечерва ќе настапи осми на „Евровизија“

Првото полуфинале од „Евровизија“ ќе се одржи вечерва во Виена од 21 часот. Под реден број осум, ќе настапи и Даниел Кајмакоски со песната „Autumn leaves“, како претставник на Република Македонија. Кајмакоски победи на „Скопски фестивал 2014“ со „Лисја есенски“, која за евровизискиот настап е преведена на англиски јазик. На сцената во „Штадхале“, Кајмакоски ќе биде придружуван од американското трио „Мерџ“,...

„Илинден“ ги повика Македонците од Албанија да гласаат за Кајмакоски

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана ги повика етничките Македонци од Албанија и од сите земји каде живеат, да гласаат за Македонија на годинешната манифестација за избор на песна за „Евровизија“, што ќе се одржи во Виена, Австрија, од 19 до 23 мај. Република Македонија ќе биде претставена од Даниел Кајмакоски, со песната „Лисја есенски“. - Даниел Кајмакоски ќе учествува на првата...

Кајмакоски ќе настапува осми на евровизиското полуфинале

Даниел Кајмакоски со „Лисја есенски“ на „Евровозија“ ќе настапува под реден број осум на првата полуфинална вечер, која ќе се одржи на 19 мај во Виена, Австрија. Во иста вечер со Македонија ќе настапуваат и Србија, Грција и Албанија. На првата полуфинална вечер ќе настапуваат: 1. Молдавија 2. Ерменија 3. Белгија 4. Холандија 5. Финска 6. Грција 7. Естонија 8. Македонија 9. Србија 10. Унгарија 11. Белорусија 12. Русија 13. Данска 14. Албанија 15. Романија 16. Грузија На...

Промовиран видеоспотот за евровизиската „Лисја есенски“

Денеска официјално беше промовиран видеоспотот за песната „Autumn leaves“ (Лисја есенски), со која Даниел Кајмакоски ќе настапува на „Евровизија“ оваа година во Виена, Австрија. На англиската верзија на песната, музиката и текстот ги изработи Швеѓанецот Јоаким Персон, а аранжманот и продукцијата ги подготви Роберт Билбилов. - Искрено верувам во Роберт Билбилов, тој е вистински генијалец и креативен човек. Среќен сум што соработувам...

Даниел Кајмакоски на „Евровизија“ ќе настапи втор на првата полуфинална вечер

Даниел Кајмакоски, претставникот на Македонија на „Евровизија 2015“, што ќе се одржи во Виена, Австрија, од 19 до 23 мај годинава, ќе настапи втор во првата полуфинална вечер. Во првата полуфинална вечер настапуваат 19 држави. Први се претставниците на Грција, веднаш по нив сме ние, а потоа следат: Естонија, Холандија, Молдавија, Финска, Белгија, Ерменија, Србија, Данска, Белорусија, Романија, Русија, Албанија, Грузија, Унгарија, како и...

Даниел Кајмакоски ќе ја пее химната за Светското ракометно првенство во Доха

На 15 јануари во спортската сала „Лусеил хол“ (Lusail Hall) во Доха, Даниел Кајмакоски, со уште 24 изведувачи од земјите-учеснички на Светското првенство во ракомет, ќе ја отпее химната „Live it“, создадена специјално за овој настан. Продуцентската куќа „Мелоди ворлд“ (The Melody World) од Лос Анџелес ја создаде оваа песна, а Даниел пред три месеци беше во Париз, каде што со дел...

Кајмакоски во официјалната химна за СП во ракомет во Катар

Организаторот на Светското првенство во ракомет за мажи во Катар ја објави официјалната химна насловена „Live it“. Станува збор за песна во која пеат повеќе изведувачи од различни земји, меѓу кои и македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој, како што објави веб-страницата на ракометниот клуб „Металург“, најверојатно ќе биде и дел од македонските обожаватели во Доха.   https://www.youtube.com/watch?v=h7n2If4n-W0#t=89

Даниел Кајмакоски, македонски претставник на „Евровизија 2015“

Со песната „Лисја есенски“, Даниел Кајмакоски синоќа победи на „Скопски фестивал“. Тој следната година ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“ во Виена, Австрија. Најмногу гласови преку телефонско гласање (3.597) доби Даниел Кајмакоски, втора беше Тамара со 20 поени, а зад неа Еги. Кајмакоски доби и награда од 20.000 евра. Тамара Тодевска со нумерата „Брод што тоне“ е второпласирана и добива парична награда од 10.000...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...