fbpx
Таг: Даниела Рангелова

таг: Даниела Рангелова

Фетаи побара најстроги казни за Груевски и Јанакиески за насилствата пред Општина Центар

Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар, побара казните за пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески како поттикнувачи, да бидат најстроги, за да се одвратат сите други од такви намери во иднина. „Предлагам судот да ги прогласи виновни и да им изрече соодветни казни,...

Поранешни и актуелни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараат реформи во партијата

Откако ВМРО-ДПМНЕ изгуби на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, поранешните членови на партијата Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Никола Поповски, кои беа и на високи раководни функции, деновиве излегоа во јавноста со заложба за партиски реформи и за смена на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Со идентичен став излегоа и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев...

ВМРО-ДПМНЕ отсега со една пратеничка група, ќе ја води Никола Мицевски

На вчерашната седница Извршниот Комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука наместо преку 10-те пратенички групи, пратениците да дејствуваат преку една група, чиј координатор ќе биде Никола Мицевски, информираат од партијата. Тоа бил предлог на Драган Данев, кој пред неколку дена се повлече од функцијата координатор. „Смената на координаторот на пратеничката група не е во врска со актуелните случувања во и околу...

И претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка

Претседателот на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ, Лука Кржалоски, поднесе оставка на својата партиска функција. Оставката следува по повлекувањето на претседателката на Унијата на жени (УЖ) на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, генералната секретарка на УЖ Лилјана Затуроска, како и потпретседателката Лилјана Кузмановска. „Покрај тоа што моменталното раководство имаше речиси цела година да излезе со стратегија за горливите прашања, тоа...

Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на Рангелова доаѓа по вчерашната на координаторот на пратеничката група на партијата, Драган Данев, но и по низата исклучувања и оставки во ВМРО-ДПМНЕ. Рангелова во објавата на нејзината оставка на „Фејсбук“ пишува дека не може да биде дел од раководство кое што ја однело партијата во...

Мицкоски: Нема да ги разрешиме Рангелова и Јанчев, се подготвуваме за избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски категорично ги демантира неофицијалните информации и пишувања во медиумите дека попладнево на седница на Извршниот комитет ќе бидат разрешени потпретседателот Митко Јанчев и Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жените. Лидерот на опозициската партија за „Плусинфо“ оценува дека станува збор за шпекулации зготвени во кујната на социјалдемократите и јалов обид за дефокусирање на македонската јавност...

Демонстрантите ги спуштаа панталоните и ги покажуваа гениталиите, сведочи советничка за „Шамарите“

На денешното рочиште за судењето за предметот на СЈО, „Шамарите“ во Општина Центар, сведочи Цветанка Симоновска, поранешна советничка на коалицијата предводена од СДСМ во Општина Центар. Таа се присетуваше на 7 и 10 јуни, деновите кога имаше немири во и пред општина Центар. - Координацијата доаѓаше од внатре. На секое отворање уста на Шиповиќ, Даниела Рангелова и Томислав Лазаревски ги земаа...

„Шпион“ и „Шамарите во Општина Центар“ денеска повторно во Кривичен суд

Во Основен суд Скопје 1, денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Шпион” и „Насилство во Општина Центар”. Минатото рочиште за „Шпион” беше одложено поради отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите. Овој случај, кој е од 2013 година, СЈО го презеде минатата година од Јавното обвинителство. Обвинети се се 18 лица за...

Според Рангелова министерката Царовска е најслабата алка во Владата

По паузата од еден час, пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжија со расправата по интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ но и со меѓусебни расправања дали оваа владејачка коалиција добро ја води државата или не. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, рече дека на оваа влада и на премиерот Зоран Заев треба да му се изгласа недоверба затоа што дозволил Мила Царовска да...

Продолжуваат судењата за насилството во Центар и за „Триста“

Во Основен суд Скопје 1 за денеска се закажани две рочишта за судските случаи што се водат по обвиненија од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 9.30 часот би требало да почне рочиштето за „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште...

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избра новиот Извршен комитет

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избра новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на партијата, а во неговиот состав се најдоа и актерот Тони Михајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци и сопственик на „Кожувчанка“, Митко Јанчев, и поранешниот директор на ЈСП Скопје, Игор Јанушев. Покрај нив се е и долгодишниот парламентарец и функционер на партијата Александар Николоски, како и поранешниот министер...

Судењето за „Шамари“ одложено за следната година, судијката Михајлова прераспределена

Поради прераспределувањето на судијката Татјана Михајлова, судењето за случајот нсилство во Општина Центар во јуни 2013 година покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска беше одложено во Основен суд Скопје 1. Миихајлова е прераспределена во друг оддел на судот, според новиот годишен распоред на судиите, што го подготви новиот претседател на Кривичичниот суд, Иван Џолев. Во случајот „Шамари“ обвинети се 14...

И „Шамарите во општина Центар“ одложено – единствениот систем за снимање зафатен за друго судење

Судењето за случајот со насилствата во Општина Центар во 2013 година, попознат како „Шамарите во Општина Центар“ денеска се одложи кратко по почетокот на денешното рочиште, бидејќи единствениот систем за снимање во Основен суд Скопје 1 бил резервиран уште пред еден месец за судењето за обидот за убиство на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судијката Софија Лаличиќ го резервирала...

Груевски и Јанакиески денеска на две судења

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и пораншниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска поголем дел од денот ќе го поминат во Основен суд Скопје 1, поради неколку судења. Во 9.45 часот почнува рочиштето за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Траекторија“, во кој освен двајцата обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски...

Груевски, Јанакиески и Рангелова се изјаснија како невини за „Шамари“

Поранешниот премиер, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката Даниела Рангелова на главната расправа за судскиот процес за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, се изјаснија дека се чувствуваат невини. Поранешниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, обвинет во случајот, на денешното рочиште ја призна вината за кривичното дело насилство. - Се чувствувам...

Полупразна сала, реплики и контрареплики на продолжението на расправата за Зврлевски

Осмото продолжение на собраниската расправа за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, почна и се одвива според истиот шаблон на реплики и на контрареплики меѓу пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на процедурални забелешки. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на денешното продолжение на седницата побара од претседателот на Собранието да ја прекине расправата поради членот 8-а од Изборниот...

Фетаи: Судот и одбраната се координираат за одолжување на случајот „Шамари“

Судијката Татјана Михајлова денеска го одложи рочиштето за случајот „Шамари“ бидејќи сите списи од предметот биле испратени во Апелацискиот суд, кој треба да одлучува по жалбите на Специјалното јавно обвинителство. Осомничени во случајот се поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 лица обвинети за...

Јанакиески очекува СЈО да му поднесе обвинение и да оди на суд

Специјалното јавно обвинителство продолжува да работи како експозитура на СДСМ и да води политичка хајка против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече поранешниот министер за транспорт и врски и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески по излегувањето од просториите на СЈО, каде се задржа помалку од половина час. „Денеска бев осомничен затоа што сум ставил параф на некој договор,“ рече Јанакиески. Тој го повика СЈО да...

Јанакиески дојде во СЈО да даде исказ за случајот „Талир“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, попладнево во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство, каде според информациите треба да даде исказ за случајот „Талир“ во кој и тој е еден од осомничените. Јанакиески не даде изјава за медиумите. Инаку во Специјалното јавно обвинителство денеска беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски. Таа по излегувањето изјави дека била повикана...

Рочиштето за случајот „Шамари“ се одложи за 28 јуни

Судското рочиште за насилствата во Општина Центар од јуни 2013 година се одложи бидејќи денеска во Основен суд Скопје 1 не дојдоа петмина обвинети. Следното рочиште е закажано за 28 јуни во 10 часот. Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешното рочиште побара отсутните обвинети да бидат приведени, бидејќи биле уредно поканети, а не се појавиле. На ова реагираше...