fbpx
Таг: Данела Арсовска

таг: Данела Арсовска

Недоизграден половина од „Мега-паркот“ што го ветија општина Чаир и Град Скопје [галерија]

Состојбата на терен на „Мега-паркот“ е далеку поразлична од дигитализираните фотографии од проектот за овој парк што го промовираа општина Чаир и Град Скопје во март минатата година. Овој простор и претходно беше парк, но со новиот проект е реконструиран и додадени се некои патеки и реквизити. Во паркот нема ниту корпи за отпадоци, а ги нема и фонтаните,...

Пропадна проширувањето на улицата „Цветан Димов“, Град Скопје пренаменил 2,3 милиони евра за исплата на долгови

2,3 милиони евра за проектот за проширување на улицата „Цветан Димов“, или поинаку позната како улицата кај „Јахја Паша“, Градот Скопје ги повлекол и ги пренаменил за покривање на обврските на Град Скопје кон Министерството за финансии, велат од Општина Чаир еден месец откако градоначалникот на оваа општина,  Висар Ганиу, изјави дека со Данела Арсовска немаат ни комуникација, ни соработка...

Наредната недела ќе продолжи изградбата на Универзална сала

Следната недела ќе продолжи реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, рече на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Владата ја презема концертната сала од Град Скопје по двeгодишен застој при промената на градоначалници. Костадиновска-Стојчевска рече дека одложувањето на работата на салата се должи на тоа што градоначалничката Данела Арсовска не ја предавала документацијата за салата на министерството. „Поминавме еден многу интересен...

Арсовска повторно смени директор, овојпат на ЈП Водовод и канализација

Во наредниот период ЈП Водовод и канализација реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието. Со вакво образложение градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска постави нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација. Арсовска го смени Драган Илиевски, кој пред да стане директор на ЈП Водовод и канализација беше на позицијата в.д директор на ЗОО...

Скопје останува без јавен превоз, советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за субвенции на ЈСП

Два и пол часа советниците во Градот Скопје расправаа дали на ЈСП Скопје треба да му бидат доделени субвенции од 11 милиони евра, за вработените да можат да ја земат декемвриската плата, а јавниот превоз да продолжи да функционира. Жестока дебата се водеше меѓу советниците, за на крајот со 22 „за“ и 13 воздржани да биде донесена одлуката да не...

Од понеделник ќе нема јавен превоз ако не се изгласаат субвенции за ЈСП

Скопјани од понеделник може да останат без јавен превоз доколку Советот на Град Скопје не свика итна седница на која ќе ги изгласа субвенциите за ЈСП за 2024 година, се заканија трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие. „Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со...

„Златен медал“ од новинарите за Данела Арсовска за нетранспарентност

Колку Владата е подолго на власт толку понетранспарентни стануваат институциите, велат повеќе новинари со кои разговараше Мета.мк, а во однос на тоа колку се задоволни од транспарентноста на владините, јавните и државните институции, локалната самоуправа во годината што измина. Општ впечаток е дека по доаѓањето на Димитар Ковачевски на премиерското место, транспарентноста на Владата е намалена, односно често се...

Данела Арсовска прави партија, од ВМРО бараат да поработи за Скопје

Скопската градоначалничка Данела Арсовска синоќа во интервју за ТВ 21 потврди дека е во процес на формирање на политичка партија која ќе учествува на изборите во мај годинава. Таа не сакаше да дава повеќе детали во однос на тоа кој би членувал во нејзината партија и кој би бил претседател на истата. „Сè додека се прават работи за задоволување на...

Арсовска го разреши Зоран Глигоров, ја назначи Наталија Митовска за нов секретар

Преку соопштение Град Скопје денеска информираше дека е разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше во фокусот на интересот на јавноста поради наводни пријави за семејно насилство. На негово место ќе биде назначена Наталија Митовска, за која во соопштението се вели дека била на високи раководни функции во Владата. Инаку, Митовска е сопруга на Александар Митовски, сопственик на порталот...

Срамот од елката на Арсовска „блесна“ до Загреб

Дали навистина Скопје заблеска во новогодишна магија, како што вети градоначалничката Арсовска? И дали таа магија може да се види – почувствува во градот, особено на Градскиот плоштад околу тажната, накривена елка? За тоа каква е новогодишната атмосфера најдобро говорат реакциите на скопјани и коментарите на социјалните мрежи дека Скопје никогаш не било полошо украсено. Но, не само кај...

Пендаровски се обрати на самитот на Глобалниот парламент на градоначалници

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници којшто се одржува во Скопје од 17-19 ноември, а чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информираат од Кабинетот на претседателот. Овогодинешниот самит е насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“ и на истиот учествуваат над стотина градоначалници,...

Македонските градоначалници премногу зафатени за да ги слушнат препораките на европските делегати

Единаесет делегати од ЕУ денеска во Скопје присуствуваа на седницата на европскиот Комитет за региони, а скопските градоначалници не беа доволно заинтересирани за она што тие имаа да го кажат. Делегатите испратиле силни пораки за улогата на локалните власти, како и препораки за решавање на проблемот со источниот сосед, но за жал, пораките немало кој да ги слушне. Како што пренесува...

Тепачка во скопски „Водовод“ за тоа на кој спрат да се одржи седница на Управниот одбор

Во скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ денеска се степале членовите на Управниот одбор и обезбедувањето. Инцидентот за Мета.мк го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на „Водовод“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се...

Арсовска не дојде на советнички прашања, чистеше суви гранки на Водно

Залуден беше уште еден обид да се одржи седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје, каде што градоначалничката Данела Арсовска требаше да одговара на прашањата упатени до неа. Таа беше на Водно да врши увид како се сечат суви дрвја и грмушки и се кројат гранки на двете постоечки велосипедски патеки на Водно. Трајко Славески, претседател на Советот...

Арсовска прво ја фалеше, а сега вели дека не била задоволна од работата на Мазнева

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, само три месеци откако ја пофали за работата, сега вели дека ја разрешила директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Косана Мазнева-Николиќ затоа што не била задоволна од нејзината работа. Според неа, од страна на директорката Мазнева не била реализирана програма „За модерно Скопје“ и затоа вчера била разрешена. Мазнева-Николиќ е 37-от директор што Арсовска...

Арсовска ја разреши Косана Мазнева од директорка на „Комунална хигиена“ Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата директорка на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева. Од Град Скопје не одговорија на нашите прашања за ова последно од низата разрешувања, додека досегашната директорка, Мазнева за Мета.мк потврди дека не е повеќе на функцијата. „Точно е, разрешена сум од директорското место. Причините не ги знам, не ми беа соопштени,...

Се бара нов директор на МКЦ – Арсовска во својот мандат досега смени 36 директори во јавни претпријатија и установи

Вкупно 36 директори сменила градоначалничката Данела Арсовска во 16 институции кои се под ингеренција на Град Скопје, покажуваат податоците кои Мета.мк ги доби користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Арсовска ја презеде градоначалничката позиција во ноември 2021 година, односно таа е на функција 22 месеци. Ова практично значи дека најмалку по едно претпријатие или установа...

Министерството за култура ги чека парите и документацијата за реконструкција на Универзална сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска посочи дека реконструкцијата на Универзалната сала ќе продолжи откако ќе ја добие целокупната документација и средствата за оваа намена од Градот Скопје. Таа денеска рече дека во рамките на министерството имаат тим и надворешни соработници кои се подготвени да го продолжат процесот на реконструкција. Таа додаде дека штом ја добијат проектната документација, како и...

Арсовска вели дека ЕСМ прво треба да го санира мостот, а потоа да го постават топловодот

Почетокот на грејната сезона во Скопје доаѓа за нешто помалку од три недели, а Градот Скопје и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и понатаму се без консензус кој треба да ги санира оштетувањата на долниот дел од мостот Беласица. Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска изјави дека ЕСМ треба најпрво да го санира мостот, а потоа да ги постават цевките...

Мета факт: И по повеќе од две години, нема абер од проширувањето на булевар Борис Трајковски кон Драчево

Градот Скопје и по повеќе од 26 месеци од почетокот на градежните работи на терен, нема абер да го заврши проширувањето на булеварот Борис Трајковски меѓу населбите Пинтија и Драчево. Првиот рок зададен од претходниот градоначалник Петре Шилегов и Град Скопје, дека изградбата на оваа сообраќајница ќе трае неполни две години, не успеа да ја доврши во зададениот рок...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...