fbpx
Таг: Дамјан Груев

таг: Дамјан Груев

ВМРО-ДПМНЕ: Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе го зголеми квалитетот на образованието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на координаторот на пратеничката група на СДСМ, посочува дека тие дале поддршка за дополнување на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“ заради подигнување на стандардите за наставно-научниот кадар и за другите вработени кои треба да придонесат за поголем квалитет и за интернационализација на универзитетот. – Сметаме дека со овие дополнувања на Законот...

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ носи шверцерски закони на штета на образованието

Владејачкото мнозинство на последната седница на Собранието на Република Македонија повторно и без присуство на опозицијата изгласа нови измени на законот со кој пред две недели го формираше новиот универзитет „Дамјан Груев“, вели Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ. - Со ова, власта само потврди дека закон донесен без претходни консултации, без финансиска конструкција и на шверцерски начин,...

УКИМ е загрижен поради експанзијата на нови универзитети

На денешната седница, членовите на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ изразиле загриженост за влијанието од експанзијата на новоформирани државни универзитети врз функционирањето на постојните универзитети. „Во тој контекст, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им обрнува внимание на надлежните институции во Република Македонија дека универзитетите повеќе години се судираат со сериозни проблеми, како необезбедување научен подмладок (ниту на местото на заминатите во пензија, согласно...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против подостапно високо образование

„Инквизиторското однесување на СДСМ во образованието продолжува со несмален интензитет. Врв во упад на автономијата на Универзитетот е да ја оспоруваш одлуката на најстариот управувачки орган на УКИМ, Сенатот. СДСМ го прави токму тоа, продолжувајќи со невиденото и срамно однесување откако вчера се обиде и не успеа да го спречи одржувањето на изборот на нов ректор на универзитетот“, се вели...

Донесен законот за формирање на универзитетот „Дамјан Груев“

На денешната пленарна седница, пратениците во Собранието без присуство на опозицијата дадоа зелено светло за формирање на новиот универзитет „Дамјан Груев“. „За“ гласаа 67 пратеника, а шест беа „против“ универзитетот за одбрана, безбедност и мир. Независната пратеничка Солза Грчева смета дека со формирање на овој универзитет се прави обид за создавање паралелен систем и за дисквалификација на УКИМ. - Јас овој проект...

СДСМ: Власта сака да го уништи УКИМ

Целта на власта е ако може, да го уништи најстариот, најдобриот универзитет во земјата, „Св. Кирил и Методиј“, обвини денеска на прес-конференција Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ. - Начинот и процедурата за избор на нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ покажа дека власта сака да се меша во работите на најстариот универзитет во земјата....

Без опозиција, денеска во Собранието ќе се гласа за новиот универзитет „Дамјан Груев“

Пратениците во Собранието на денешната пленарна седница, без учество на опозицијата, по скратена постапка ќе дебатираат и ќе гласаат за оформувањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“. Од опозицијата велат дека откако оформувањето на овој универзитет повторно е ставено на дневен ред во Собранието, тој е дополнет со три факултети. Според опозицијата, незаконски е основањето на новиот универзитет да влегува во процедура...

Димовски: Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе реши многу проблеми на студентите

Формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“ ќе биде одговор на многу проблеми што ги имаат илјадници студенти и студентки на досегашните факултети, рече на денешната прес-конференција Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. - Јавната тајна дека на дел од факултетите во Скопје и дел од професорите во Скопје, постои чување на монополот, чување на фамилијарните релации и потврдената...

Сугарески: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е важно само да ги вдоми партиските кадри

Со повлекувањето и повторното пуштањето на нов закон за формирање на универзитет „Дамјан Груев“, само овој пат со плус три факултети, ВМРО-ДПМНЕ призна дека интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование, Олга Најденовска, е основана, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координаторот на пратеничката група на СДСМ - Ова е уште едно големо признание на ВМРО-ДПМНЕ дека работи незаконски. Незаконската работа на...

Седници на три собраниски комисии

Денеска во Собранието ќе се одржат седници на комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и на комисијата за образование, наука и спорт. На дневниот ред на седницата на комисијата за финансирање и буџет е, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, Предлог-одлуките за давање согласност на Стратешкиот план...

Груевски: На универзитетот „Дамјан Груев“ ќе предаваат врвни светски професори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска заедно со пратеничката Олга Најденовска, беше на увид на неколку градежни објекти во општината Гази Баба. Груевски рече дека пратеничката Најденовска, која е и претседателка на собраниската комисија за образование, го информирала дека опозицијата сака да ја блокира работата на комисијата, за да не се оформи новиот универзитет „Дамјан Груев“. Претседателот на владејачката партија...

Продолжува циркус-расправата за новиот универзитет во собраниската комисија

Членовите на собраниската комисија за образование и денеска со довикување и со зајадливи и навредливи зборови ја продолжија расправата за формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“. Пратеникот од СДСМ, Бетиан Китев, рече дека пред да се почне со амандманска расправа, мора да се расчисти процедурата според која треба да се дискутира за амандманите и за законот. Тој ја праша претседателката...

Продолжува комисиската расправа за универзитетот „Дамјан Груев“

По речиси една недела пауза, денеска во Собранието продолжува седницата на Комисијата за образование. На седницата закажана во 15 часот на дневен ред се предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје и предлог-законот за изменување на Законот за високото образование. Последната седница на комисијата заврши со кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Расправаата за основање на...

Пратениците го поддржаа предлог-законот за основање универзитет „Дамјан Груев“

Собранието денеска во прво читање го поддржа предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“. Планирано е во рамки на универзитетот да функционираат осум целини, односно воена академија, воздухопловна академија, факултет за безбедност, медицински факултет, факултет за мировни студии и за кризен менаџмент, правен факултет, институт за командни и штабни функции и за лидерство и институт за информатички...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...