fbpx
Таг: човекови права

таг: човекови права

Мажите кои дефилираат во црвени потпетици, всушност протестираат против родовото насилство

Мажите прикажани на видеото во објавата, носат високи потпетици за да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства за жртвите од насилство. Оваа парада е позната како „Прошетајте една милја во нејзините чевли“ (“Walk a Mile in Her Shoes”). Самото видео е снимено во октомври минатата година во американската сојузна...

Секогаш кога се ближат изборите, се влошува говорот на омраза на етничка основа во медиумите

Имајќи го предвид фактот дека политичките партии во Северна Македонија за да добијат политички поени традиционално користат националистичка реторика, во секој предизборен период интензивно се зголемува говорот на омраза, главно на етничка основа. И годинава ништо не се смени од ваквата пракса, a омразата од социјалните мрежи премина и во медиумите. Во неофицијална форма, кампањата во земјава започна со...

Три девојчиња починаа по ритуал на осакатување на гениталиите во Сиера Леоне

Полицијата во Сиера Леоне ја истражува смртта на три девојчиња кои биле подложени на ритуал кој вклучува осакатување на женските гениталии (female genital mutilation – ФГМ). Според локалните извештаи што ги пренесува „Гардијан“, меѓу починатите се 12-годишната Адамзи Сесај, 13-годишната Саламату Џалох и 17-годишната Кадијату Бангура. Тие починале за време на церемониите за иницијација во една од северозападните провинции во...

Апелација потврди: Владата и ДИК ги дискриминирале лицата со попреченост

Апелацискиот суд Скопје потврди дека Владата и ДИК направиле прекршување на правата на лицата со попреченост, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. Апелациониот суд Скопје со пресудата од 30.10.2023 година во целост ја потврдил пресудата на Основниот граѓански суд Скопје од 31.03.2023 година. Тоа фактички значи дека Владата и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при...

„Одговорно користење на вештачката интелигенција” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), во вториот краток инспиративен говор ќе дознаеме за “Одговорно користење на вештачката интелигенција”. Во нашата потрага по иновации, од клучно значење е одговорно...

Вештачката интелигенција и човековите права е темата на 19-тото издание на е-Општество.мк

Фондацијата Метаморфозис по 19-ти пат ја организира меѓународната конференција е-Општество.мк, која годинава е посветена на темата „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност“. Главниот настан од Конференцијата ќе се организира на 19 декември во хибриден формат и ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје (сала Ballroom I). Пред одржувањето на главниот настан, на...

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на Платформата „Лице в лице“ и на Борче Стаменов [ГАЛЕРИЈА]

На Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ денеска им беше доделена годинашната државна награда „Мето Јовановски“. На церемонијата во Собранието, Александра Цветановска, претседателот на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски”, порача дкеа на одборот не му било тешко да ја додели наградата едногласно. „Платформата „Лице в лице“ постои од 2012 година...

Националниот демократски институт ја прослави својата 40-годишнина

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, Националниот демократски институт (НДИ) ја прослави својата 40-годишнина и организираше дискусија за демократијата со демократските партнери во граѓанското општество, националните и локалните власти, политичките партии, медиумите и меѓународната заедница. НДИ ги препозна достигнувањата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и меѓупартиската парламентарна група за правата на Ромите во...

Тивка е борбата за правата на жените кои живеат во вонбрачни заедници

Иако унапредувањето на правата на жените и концептот за еднакви можности на жените и мажите во Северна Македонија често се спомнувааат како државен приоритет, сè уште постои тивка борба на жените кои живеат во вонбрачни заедници и се наоѓаат заробени во мрежата на правни и општествени предизвици. На оваа тема, со цел да се фрли светлина врз дискриминаторските практики...

Направен уште еден чекор за гарантирање на правото на децата на здрава животна средина

Комитетот за правата на детето на Обединетите нации денеска експлицитно го потврди правото на децата на чиста, здрава и одржлива животна средина, издавајќи сеопфатно толкување на обврските на земјите-членки според Конвенцијата на ОН за правата на детето. Овој општ коментар треба да послужи како потсетник за да ги одржиме напорите за климатска акција, притоа разбирајќи дека оваа акција е од...

Лицата без државјанство конечно станаа видливи за системот: Кои се новите законски измени?

Неусогласениот систем на размена на податоци на институциите, големиот број бирократски процедури и лошо креираните закони доведоа до тоа над 700 лица во земјава да немаат државјанство. Во јавноста често нарекувани како лица „фантоми“, овие луѓе немаа пристап до основните човекови права - здравствено осигурување, поседување лична карта и користење социјална помош до отворање трансакциска сметка. Чашата ја прели...

Белорусија со 10 години затвор го казни добитникот на Нобеловата награда за мир

Продемократскиот активист и добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјаљацки е осуден од судот во Белорусија на 10-годишна затворска казна, јавува Гардијан. Бјаљацки беше притворен во јули минатата година, при што беше обвинет за финансирање на антивладините протести во 2020 година и за затајување данок. Како основач на организацијата „Вјасна“, тој долги години се бореше за заштита на...

Пендаровски: Дискриминацијата е една од најголемите закани за човековите права

Дискриминацијата е една од најголемите закани за човековите права и слободи, а наша обврска како земја која има аспирации да биде дел од меѓународните организиции на евроатлантските демократии е да овозможиме ефикасно и неселективно спроведување на законот, како и што доликува на едно отворено и демократско општество, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на конференцијата „Дали Северна Македонија е...

Уставен суд го отфрли барањето од Милошоски за обвинението за „Моќник“

Уставен суд соопшти дека го отфрлил барањето за заштита на слободи и права поднесено од пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој како повреда на неговите слободи и права го сметал обвинението поднесено против него во случајот Моќник. „Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и...

Утре во Europe House проекција на документарниот филм AS I WANT на Самахер Алкади

Утре во 19 часот во Europe House Skopje ќе се прикажува документарниот филм AS I WANT на палестинската режисерка Самахер Алкади. AS I WANT е документарен филм за низата сексуални напади кои се случуваат во Каирп, на плоштадот Тахрир на 25 јануари 2013 година, на денот на втората годишнина од револуцијата. Како одговор на овие сексуални напади, огромна толпа гневни...

„е-Општество.мк“: Видеокамерите многу лесно може да ја „избришат“ приватноста

Системите за следење и снимање со камери за надзор, како и обработката на биометриските податоци носат со себе огромен ризик за нарушување на приватноста, како едно од човековите права, и продор на безбедносните служби и властите воопшто во приватниот живот. Тоа беше темата на денешната панел-дискусија „Прашања за приватноста: Надзор и обработка на биометриските податоци“, со која беше отворен...

Речиси илјада новинари се убиени и уште толку затворени во изминатата декада

„Во изминатите 10 години 958 новинари се убиени, над 1.000 биле затворени, а 64 се уште се водат како исчезнати. Секој ден, новинарите се тепани, изведувани на суд, затворани зад решетки или се соочуваат со опасности за своите семејства, едноставно затоа што ја вршат својата работа. Овие податоци се неприфатливи“, рече Волкер Турк, висок комесар за човекови права на...

Фридом Хаус: Русија со најголем пад според слободата на интернетот – блокирани над 5.000 веб-страници

Најголемиот пад на слободата на интернетот го има Русија, откако Кремљ ги интензивираше своите напори да ја задуши опозицијата и да ги замолчи независните медиуми во пресрет на незаконската и неиспровоцирана инвазија врз Украина, се вели во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на интернетот, во кој се анализирани 70 држави, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Глобалната...

Активисти за човекови права од Украина, Белорусија и Русија добитници на Нобеловата награда за мир

Нобеловата награда за мир за 2022 година им е доделена на белорускиот активист за човекови права Алес Бјалијацки, украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи и руската организација за човекови права „Меморијал“, соопшти денеска Нобеловиот комитет, пренесува весникот „Гардијан“. Активистот Бјалијацки во моментов се наоѓа во затвор поради политички мотивирани обвиненија за затајување на данок, а Нобеловиот комитет...

Бугарскиот весник „Труд“ осуден за „угнетување“ преку ширење руска пропаганда за хомосексуалците

Петју Б'лсков, сопственикот на бугарскиот весник „Труд“ и неговата фирма „Труд медиа“ добија судска пресуда за угнетување на групи од бугарското население преку распространување материјали од руските медиуми оформени како класична антизападна и прокремљовска пропаганда, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Станува збор за материјал со наслов „Педерастите в САЩ бият тревога“ преведен и објавен идентично на оригиналот во онлајн-изданието на...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...