fbpx
Таг: членство

таг: членство

Јанева: Никогаш не сум била член на СДСМ, уплатницата за членство е лажна

Никогаш не сум била член на политичката партија СДСМ ниту, пак, сум извршила уплата за наводна верификација за членство во оваа политичка партија, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во реакцијата по повод пишувањата на дел од медиумите за нејзиното наводно членство во опозициската партија. Јанева вели дека документите што вчера ги објави дневниот весник „Вечер“ се невистинити, а од СЈО...

Ештон: Ставот на ЕУ кон земјите од Западен Балкан останува непроменет и по Брексит

Пристапот и ставот на Европската Унија околу интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата и понатаму е непроменет, изјавила поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, за време на нејзината посета на САД, пренесува „Гласот на Америка“. Ештон рекла дека земјите од Балканот имаат причина да бидат преокупирани со нивните аспирации за членство во Европската Унија...

Албанија очекува да добие позитивна препорака за членство во ЕУ

Албанските медиуми пренесуваат дека официјални извори од Брисел потврдуваат дека Албанија ќе добие позитивна препорака за отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Главен услов за позитивна препорака се конкретните резултати од судските реформи што беа усвоени на 21 јули оваа година. Секоја година развојот на државата ќе биде надгледуван и забележан во извештај на Европската комисија, на што Советот на Европската...

Мароко по 40 години повторно сака членство во Африканската унија

Мароко поднесе официјално барање за приклучување кон Африканската унија (АУ) по 40 години, соопшија денеска од таа организација. Мароко е единствената африканска земја која не е членка на таа организација, која ја сочинуваат 54 држави. Властите во Рабат ја напуштија организацијата во 1975 година поради спорот околу Западна Сахара, која АУ ја смета за независна држава, а Мароко за своја јужна провинција. Членките...

Унгарија треба да биде избркана од ЕУ, смета шефот на луксембуршката дипломатија

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, повика членството на Унгарија во Европската Унија да биде привремено суспендирано, па дури и земјата да биде избркана од Унијата, поради „масовните прекршувања“ на фундаменталните вредности на ЕУ, пренесува „Би-би-си“. Тој ја критикувал владата во Будимпешта за нејзиниот третман на бегалците, независноста на судството и за слободата на печатот. Аселборн во интервјуто за...

Попоски: Потребен е рок за тоа колку една држава може да се држи како кандидат за ЕУ

„Mора да се дефинира временска рамка, да се постават стандарди колку време може една држава да се држи како кандидат за членка на Европската Унија, до моментот на почнување и на завршување на пристапните преговори. Така ќе се обезбедат и регионалниот мир и безбедност на долг рок“, истакнал вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, на панел-дискусијата за...

Турција сака полноправно членство во ЕУ до 2023 година

Турција би сакала да стане членка на Европската Унија до 2023 година, соопшти денеска турскиот амбасадор во ЕУ, Селим Јенел. - Турција сака да се приклучи кон ЕУ до 2023 година – рече Јенел за германскиот весник „Велт“. Тој рече дека датумот би бил се поклопил со прославата на 100-годишнината од основањето на Република Турција. - Членството во ЕУ во тој период,...

Хан не нè спомна, побара Западен Балкан прво економски да се обедини, па да влезе во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во своето обраќање на бизнис-форумот во рамките на Самитот за Западен Балкан во Париз, со ниту еден збор не ја спомна Македонија, за разлика од Црна Гора, Албанија, Србија и од Косово. Еврокомесарот смета дека иако во моментов ЕУ е во тешка фаза, потенцијалот за членство во ЕУ продолжува да биде...

Лондон бара независност од Велика Британија и членство во ЕУ

Десетина илјади граѓани на Лондон денеска потпишаа петиција со која се бара, метрополата да остане во Европската Унија, откако градоначалникот Садик Кан изјави дека претстолнината исто така има право на глас кога станува збор за преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ. Петицијата насловена „за прогласување на Лондон независен од Обединетото Кралство и приклучување кон ЕУ“ на сајтот „ćange.org“,...

Поголемиот дел од Британците сакаат да останат во ЕУ

Британската поддршка за останување во Европската Унија изнесува 44 отсто, а 42 проценти од Британците се изјасниле дека сакаат да излезат од Унијата, покажува најновата анкета на „Сандеј обзервер“. Британците излегуваат на референдум на 23 јуни, на кој ќе одлучат дали сакаат нивната земја да остане дел од ЕУ, што е одлука со долгорочни последици на политиката, економијата, одбраната и...

Попоски се сретна со Нуланд на самитот на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на редовниот состанок на ниво на министри за надворешни работи, во формат Северно-атлантски совет на НАТО и оперативните партнери во мисијата „Решителна подршка“ во Авганистан. Министрите разговараа за продолжување на мисијата во текот на...

„Катимерини“: Нема покана за членство во НАТО за Македонија во Варшава

Се смирува грчката вознемиреност дека Македонија може да добие покана за членство во НАТО на јулскиот самит на Алијансата во Варшава. Весникот „Катимерини“ пренесува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас добил уверување од меѓународните партнери дека во јули на новиот самит нема воопшто да се разговара на темата за членството на Македонија во НАТО. Причината за тоа Македонија и оваа година да помине...

Бејли: Поддршката за членството во НАТО зависи од спроведувањето на Договорот од Пржино

„САД силно го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и фрустрирани сме поради фактот што овој процес не е забрзан. Тоа е назавршена работа во долгогодишните напори со нашите сојузници и партнери за една целосна, слободна и мирна Европа“, истакна амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на одбележување на Денот на НАТО, организиран од Евроатлантскиот совет на Македонија и...

Порака од ЕУ до Тирана: Нема членство без реформи во правосудството

Албанија мора да спрoведе „длабоки реформи“ на правосудниот систем, пред да се разгледа нејзиното членство во ЕУ, порача за време на посетата во Тирана, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Унијата, Федерика Могерини. - Длабоките реформи на правосудниот систем ќе отворат пат за почеток на преговорите за Албанија да стане дел од ЕУ - истакна Могерини. Албанскиот премиер...

Комитетот за надворешни работи на ЕП ја изгласа Резолуцијата за Македонија

Со 42 гласа „за“ и девет „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) вечерва во Брисел ја усвои Резолуцијата за Македонија. На предлог на известувачот Иво Вајгл, Резолуцијата содржи условена препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Условената препорака зависи од завршувањето на политичката криза со успешно организирани избори на 5 јуни. Оваа Резолуција...

Колку добивaме ние, толку добива и НАТО од нашето членство во Алијансата, смета Попоски

Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата земја во Алијансата. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, ова е главниот заклучок од дискусијата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во рамки на Конференцијата за безбедност што се одржа денеска во Будимпешта. Како што пишува во соопштението на Министерството, Попоски констатирал дека во поглед на регионалната...

Референдумот за членството на Британија во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни

Британскиот премиер денеска, по состанокот со неговиот владин кабинет, соопшти дека референдумот на кој ќе се одлучува за останување или излегување на Велика Британија од членството во Европската унија (ЕУ), ќе се одржи на 23 јуни оваа година, јавува „Би-Би-Си“. Камерон, како што пренесува британскиот национален сервис, изјавил дека тој ќе води кампања за останување на Велика Британија во реформираната...

Јолевски во САД побарал на Македонија да ѝ се даде покана за членство во НАТО

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска присуствуваше на тркалезната маса што се одржа во Комитетот за вооружени сили во Сенатот на САД. Говорници на настанот биле сенатори, конгресмени и претставници од Југоисточна Европа. Како што информираат од Министерството за одбрана, Јолевски истакнал дека интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во Европската унија ќе придонесе за понатамошно зајакнување на земјите од...

Опозицијата во Црна Гора бара референдум за членството во НАТО

Повикот за Црна Гора да покрене дијалог за приклучување на НАТО е последица на геостратегиските интереси на НАТО, а не резултат на спроведените реформи во областа на безбедноста, одбраната и на борбата против корупцијата и организираниот криминал во Црна Гора, смета дел од црногорската опозиција. Опозицијата смета дека за приклучувањето на Црна Гора во НАТО треба да се изјаснат граѓаните на референдум. Лидерот...

ВМРО-ДПМНЕ: Единствен проблем за влез во НАТО е проблемот со името

Нема граѓанин во Република Македонија што досега не се увери дека единствен проблем поради кој Република Македонија не е полноправна членка на НАТО е проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име, велат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ за членството на Црна Гора во НАТО. „Република Македонија ги исполнува сите услови за влез во Северно-атлантската алијанса уште од самитот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...