fbpx
Таг: членство

таг: членство

Биљали: Очекувам брз прием на Македонија во НАТО, а потоа решавање на спорот за името

Меѓународната заедница ќе инсистира Македонија првин да добие покана за членство во НАТО, без да има промена на името, а потоа да се даде рок за преговори за изнаоѓање решение за спорот со Грција, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали во неделното интервју за македонскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. - Колку што јас имам информации, меѓународната заедница или главните креатори...

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Заев час поскоро да ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во Собранието ќе гласа за членство на Македонија во Европската Унија и во НАТО и го повика премиерот Зоран Заев „да го искористи моментот и веднаш, час поскоро, да ја внесе земјата во ЕУ и во НАТО“. Од партијата велат дека ги поздравуваат средбите и телефонските разговори што ги имаше Заев со челниците на поважните земји од...

Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија. Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека...

Бартол – Заев: Македонија е на добар пат кон евроатлантската интеграција

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија. Бартол му пренел на Заев дека правецот во кој се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евроатлантските аспирации на земјата. - Поттикнавте позитивна енергија што се чувствува во земјата, а ја чувствува и Брисел, преку демократските...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи интеграциските процеси, 11 години ги кочеше

„ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години за да ги придвижи интеграциските процеси и да работи на полноправно членство на Македонија во ЕУ и во НАТО. Но, спротивно од тоа, ВМРО-ДПМНЕ со години работеше на изолација на Македонија и спротивно на државните и на интересите на граѓаните, ги кочеше евроатлантските интеграции“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на...

Османи-Река: Зајакната регионална соработка е клучна за влезот на Западен Балкан во ЕУ

Убеден сум дека во вакви времиња кога ЕУ се соочува со многу предизвици, интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со овие предизвици. Целосна интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО е неопходна, нагласил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со амбасадорот на Република Албанија,...

Груевски до Хан: И како опозиција, силно ќе работиме Македонија да стане членка на ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во Брисел. На средбата, Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција силно ќе работи Македонија да почне преговори со Европскaта Унија и да добие членство во НАТО. „По толку многу направени реформи, редно време е Македонија да ги почне преговорите за членство во...

ЛДП: Честитки за Црна Гора, наредна земја во НАТО да биде Македонија

Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздрави приемот на Република Црна Гора во НАТО, што, како што вели, ќе ја подобри стабилноста и безбедноста на регионот. Партијата изрази надеж дека наскоро ќе се случи истото и со Македонија и побара од новата власт сериозна работа на спроведувањето на реформите за евроатлантските вредности. „Претходната влада, на чело со Никола Груевски, не успеа да ги...

Словенија и Хрватска ќе работат земјите од Западен Балкан да станат дел од ЕУ

Словенија и Хрватска ќе продолжат да работат на зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што ќе придонесе за зајакнување на довербата и на стабилноста во регионот. Ова го истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Карл Ерјавец и Давор Иво Штир, на прес-конференција во Брдо кај Крањ, каде денеска се одржува состанокот на лидерите на Процесот...

Бејли им го честиташе изборот на Заев и на новата Влада

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, на новиот премиер Зоран Заев и на парламентарното мнозинство, на „Твитер“, им го честиташе изборот на новата Влада. „Честички до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето нова Влада во Македонија. Како пријател и партнер, со нетпрение очекуваме да работиме со новата влада на реформите за напредок кон членството...

ЕК: Македонија треба да развие конкретна фискална стратегија

На годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел државите се согласиле да ги забрзаат економските и социјалните реформи, со цел зајакнување на макроекономската стабилност, зголемување на конкурентноста и инклузивен пораст. Како што е наведено во заедничките заклучоци, Македонија се согласила да развие конкретна стратегија за фискална консолидација, да ги заштити инвестициите, да...

Хан: Доколку се повторат насилствата ќе биде загрозен патот на Македонија кон ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за австрискиот весник „Стандард“ вели дека нападот врз македонскиот парламент нема да има последици врз шансите за почеток на преговори со ЕУ само доколку не се повтори. - Не очекував ваков напад врз Собранието, но нештата за жал некогаш тргнуваат и наопаку. Доколку тоа создава впечаток дека земјата сега автоматски ќе биде исфрлена...

Прва работна средба помеѓу Попоски и неговиот колега од Малта, Џорџ Вела

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, денеска во Валета се сретна со министерот за надворешни работи на Малта, Џорџ Вела. Ова претставува прва работна средба помеѓу министрите за надворешни работи, по неодамнешното воспоставување дипломатски односи помеѓу Македонија и Малта. На средбата, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, двајцата соговорници разговарале за приоритетите на ЕУ, за интересот членството во...

ЛДП: Ако ЕУ ни воведе санкции, тие да бидат за поединци, а не за сите граѓани

Либерално-демократската партија стравува и воедно предупредува дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија, се вели во соопштението на партијата по вчерашните разговори на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, со лидерите на парламентарните политички партии во земјава. „Желбата на 75 отсто од граѓаните, Македонија да биде членка на Европската Унија и...

ВМРО-ДПМНЕ бара Хан во вторник да ја осуди платформата и да ги земе предвид протестите

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави три барања до еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, при неговата посета во вторник. Ова го најави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“. „Прво, очекуваме јасно да ја осуди тиранската платформа и јасно да осуди мешање на странски држави во внатрешните работи на Република Македонија. И Албанија како и Македонија е земја кандидат...

Павлопулос: Нема влез на БЈРМ во ЕУ сè додека се инсистира на името „Македонија“

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Серес испрати нова порака дека Македонија е грчка и колку побргу тој факт го прифатат македонските политичари, толку побргу ќе се подобри политичката клима меѓу двете држави. Павлопулос отворено спомена дека рампата за влез во Европската Унија за Македонија ќе остане затворена сè додека се инсистира да се користи името „Македонија“ и се шири иредентизам. „Македонија...

Столтенберг: Собрани се потписи, очекувам властите да го исполнат следниот чекор

„По еден обид да се формира влада, а во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи од пратениците. Очекувам властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес“, вели во пишаната изјава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по повод политичките случувања во државата. Тој ги повикува сите страни на воздржаност во изјавите...

Централниот одбор на СДСМ почна да заседава, се очекува избор на Заев за мандатар

Централниот одбор на СДСМ почна да заседава во седиштето на партијата, каде што се очекува членството на партијата да го избере претседателот Зоран Заев за мандатар за состав на новата влада. Неофицијално, на состанокот ќе се разгледува единствено оваа точка. Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека партијата ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но дека тие потписи...

Попоски: Најдобро е кога има политичка влада што може да носи одлуки

„Во овој момент тешко е да се прогнозира кога и во каква форма би формирале влада или дали би се одлучиле за повторни избори. Практиката ни покажа дека најдобро е кога имате влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на кои може да цените колку е успешна“, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи,...

Радев: ЕУ и НАТО се стратешки избор на Бугарија, кој не треба да се проблематизира

Членството во Европската Унија и во НАТО е стратешки избор на Бугарија кој не треба да се доведува во прашање, рече денеска новиот претседател на земјата, Румен Радев, во својот говор по положувањето заклетва во бугарскиот парламент. „Ефективното членство значи јасно разбирање и постајно бранење на националните интереси во двете семејства кои се вклучени во создавањето на заедничките вредности. Бугарската...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...