fbpx
Таг: членство во ЕУ

таг: членство во ЕУ

Опаѓа поддршката за членството во ЕУ во земјава, најизразен отпор кај младите

Поддршката за членството на Северна Македонија во ЕУ опаѓа, иако мнозински 60 отсто од граѓаните одговориле дека ќе гласаат потврдно ако следната недела би се оддржал референдум за членство на земјава во ЕУ. Иако мнозинството граѓани и годинава го поддржуваат овој надворешнополитички приоритет на земјава, станува збор за најнискиот процент за поддршка за членство во ЕУ од 2014 година...

ЕУ: Спроведување и резултати од договорите со Грција и со Бугарија, но и „постојани и неповратни реформи“

Декларацијата од самитот ЕУ-Западен Балкан, издадена и на македонски јазик, ја потврди скептичноста на домашната јавност во однос на можен пробив и започнување на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ за полноправно членство и без менување на Уставот. Сепак, во документот има потврда преку повеќе клучни моменти дека ЕУ останува посветена на проширувањето и на помош при напредокот во...

Ковачевски од Брисел: Единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и ЛЕВИЦА

И овде во Брисел потенцирав дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и од тој процес не отстапуваме, изјави премиерот Димитар Ковачевски на Самитот на ЕУ, за кој вели дека бил одлична можност на највисоко ниво да се говори за заедничката европска иднина на земјите од Западен Балкан. „Овој Самит е одлична можност земјите од регионот да продолжиме со...

Анкета: Граѓаните на ЕУ отворени за прием на Украина, но со „оладени“ чувства за Македонија и Западен Балкан

Европејците се генерално отворени за идејата Украина да се приклучи кон ЕУ, и покрај трошоците и ризиците, но се со „оладени“ чувства во однос на потенцијалното проширување на блокот со земјите од Западен Балкан и со Грузија. Според истражувањето во шест земји-членки на ЕУ, објавено денеска од страна на Европскиот совет за надворешни односи, нема јасна мнозинска поддршка за која...

Маричиќ-Вархеји: Европската перспектива на Западен Балкан го прави дофатливо членството во ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на која тема на разговор биле домашните актуелни политички настани, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година. На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцирал дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешно политички приоритет и дека се...

Евроскептицизмот ги дели Македонците и Албанците во однос на членството во ЕУ

И покрај зголемениот скептицизам во врска со влезот на Северна Македонија во Европската Унија, 53 отсто од испитаниците во земјава се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјава, додека 30 проценти не мислат така, покажува последната анкета на Евротинк - Центар за европски стратегии, „Перцепции и ставови на граѓаните на РС Македонија за општествено-политичката состојба во...

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Северна Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Блед, Словенија каде учествува на Бледскиот стратешки форум, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се разговараше за актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Двајцата премиери оценија дека...

Потпалувачка пропаганда од Србија за уставните измени: „Стануваат ли Македонците малцинство во сопствената држава?“

„Стануваат ли Македонците малцинство во сопствената држава, иако според последниот попис се повеќе од 58 отсто?“. Со оваа реченица српската државна телевизија РТС (Радио Телевизија Србија) го започнува пропагандистичкиот текст против уставните измени кои сè уште се во процес во македонското Собрание и кои се услов за почеток на преговорите за членство на земјава во Европската Унија. Во својот новинарски...

За правосудството и антикорупцијата – спроведување, спроведување, спроведување!

Поглавјето 23 се состои од четири области: Правосудство; Антикорупциска политика; Темелни права; Права на граѓаните на ЕУ. Поради обемот на извештајот од скринингот за ова поглавје, му посветуваме две статии – првата за областите на правосудството и анти-корупцијата, а  втората за преостанатите области. Acquis за правосудството поинтензивно се гради од Лисабонскиот договор и вградувањето на Повелбата на темелните права на ЕУ...

Ковачевски: Нема алтернатива за ЕУ, македонскиот јазик и идентитет се заштитени со преговарачката рамка

Собранието има капацитет да донесе уште една голема, стратешка одлука за иднината на граѓаните со којашто ќе го започнеме отворањето на кластерите, рече премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување во дневникот на телевизија Сител. Ковачевски говореше за процесот на носење на уставните измени во Собранието, потенцирајќи дека единствен пат за Северна Македонија е „европскиот, кој ќе обезбеди просперитетна иднина за...

Османи со писмо до пратениците: Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина

Во пресрет на утрешната дискусија за усвојувањето на уставните измени со кои треба Бугарите да се внесат во Уставот како дел од евроинтегративниот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку писмо им порача на пратениците дека европската иднина на државата зависи од нивните одлуки. „Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме...

Договорот со Бугарија не може да биде пречка на патот кон ЕУ – Османи со сликовито објаснување на преговарачката рамка

„Преговарачката рамка се состои од два дела - општ и специјален“. Вака го започнува своето објаснување на преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ) министерот за надворешни работи Бујар Османи. Застанат пред табла, со креда и сунѓер во раката, Османи во видеото што го објави на своите социјални мрежи вели дека со сликовитото објаснување сака да ги демантира сите шпекулации во...

Во Брисел започна објаснувачкиот скрининг за кластерот „Ресурси, земјоделство и кохезија“

Од денеска па сè до 20 јули во Брисел, според скрининг агендата, македонската делегација заедно со албанската ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. Од таму велат дека се работи за важен и обемен кластер кој регулира пет поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како земјоделство и рурален...

Сто милиони евра поддршка од ЕУ за реформи во земјава

Сто милиони евра макрофинансиска поддршка за РС Македонија денеска е одобрена од страна на ЕУ, која претставува поддршка на патот кон членство во блокот, поддршка за реформите и, најзначајно, поддршка на политиките во време на криза, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими. „Тоа се 100 милиони евра, со кои ЕУ го поддржува планот на земјата во справување со енергетската криза...

Граѓаните немаат доверба во владеењето на правото, покажа новата анкета на ИРИ

Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија покажува зголемена поддршка за членство во ЕУ, ниско ниво на доверба во владеењето на правото и разлики за правецот на движење на локално и национално ниво. На прашањето дали ја поддржуваат интеграцијата на земјата во ЕУ, 79 отсто од возрасните испитаници одговориле со „да“. Ова...

Османи: Има сигнали за идеолошка поделба во ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени

Ако не се завршат уставните измени, ќе заврши скринингот. Албанија ќе продолжи со преговорите, но не и Северна Македонија, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени. Политичката динамика во ЕУ отвора две патеки, а со негласањето за уставните измени, пратениците ќе ја стават земјата во групата држави коишто имаат отворени прашања, рече...

Зечевиќ за „Фокус“: Европската унија е најголем чувар на македонизмот

Постои реална можност уставните измени да се случат, а одговорноста е кај сите политички субјекти и пратениците во македонското собрание, вели во интервју за неделникот „Фокус“ генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Зборувајќи за процесот на носење на уставните измени на европскиот пат, Зечевиќ рече дека СДСМ и тој како политичар ќе направат сè за реформите да бидат спроведени и...

Мицкоски: Уставните амандмани да бидат ефективни кога Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија е подготвена да го прифати предлогот на власта за уставните измени, но под услов измените да бидат ефективни во Уставот кога Македонија ќе постане членка на ЕУ. Тој истакна дека Европа би требало да го поддржи брзиот напредок на Македонија во преговорите и членството во ЕУ, што ќе овозможи отворање...

„Пипци“ на српско-рускиот свет ја „топат“ поддршката за НАТО во С.Македонија и Црна Гора

Во услови на забележителен генерален раст на поддршката за членство во НАТО меѓу граѓаните од 30-те земји кои членуваат во Северноатлантската Алијанса, со почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година во С.Македонија и Црна Гора е констатирано намалување на поддршката меѓу граѓаните за членство во НАТО. Овие загрижувачки резултати може да се увидат со споредбата на Годишните...

Пендаровски: Членството во ЕУ до 2030 година е можно

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на амбасадорска тркалезна маса насловена „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“ во организација на Советот на амбасадори. Осврнувајќи се на главната тема на тркалезната маса, претседателот Пендаровски истакна дека членството во ЕУ до 2030 година е можно, но за тоа, според него е потребно одржување...

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...