fbpx
Таг: членови

таг: членови

Комисијата го утврди составот на ДИК, Собраниска седница во 18 часот

Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница без расправа едногласно ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што треба да го спроведе референдумот за Договорот со Грција оваа есен. Претседателот на Собранието Талат Џафери, закажа собраниска седница во 18 часот на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија. Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ ги испрати предлозите за членови на ДИК до Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска претпладне ги доставила предлозите за претседател и еден член на ДИК до претседателот на Собранието, Талат Џафери со што се очекува да се деблокира процесот за избор на составот на Државната изборна комисија. Кабинетот на Џафери формалните известувања од политичките партии за предлозите за членови на ДИК потоа ќе ги достави до претседателот на Комисијата...

41 пријавени кандидати за членови на ДИК

Поранешниот претседател на ДИК, Борис Кондарко, советникот во Уставниот суд Југослав Миленковиќ и поранешните членови на Комисијата за лустрација Јанакие Витановски и Чедомир Дамјановски се најдоа на листата на 41 кандидат кои се пријавиле на огласот за нови членови на ДИК. Во документот до кој дојде „Телма“, меѓу пријавените е само еден поранешен член на ова тело, Ермира Асани Салија...

Балканска конференција на мали и средни претпријатија се одржува во Софија

Денеска во Софија се одржува втората Балканска конференција на малите и средни претпријатија (МСП), во хотелот „Хилтон“. Претставници на Бугарско-македонскиот бизнис клуб, како и нивни фирми-членки се официјални гости на овој настан. „Бугарско-македонскиот бизнис клуб нуди различни услуги на своите членови.БМБК го поддржува развојот на бизнисот на своите членови во сите сектори на економијата. Во одредени сектори, тие имаат значително искуство...

Објавен оглас за членови на ДИК чиј мандат ќе трае шест месеци

Оглас за нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) за следните шест месеци е објавен денеска во весниците, откако Собранието во петокот донесе одлука за распишување на оглас за избор на нови членови на ДИК. Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и...

Заев од ЦО на СДСМ доби целосна поддршка за решавање на спорот за името

Членовите на Централниот одбор на СДСМ синоќа му дадоа целосна поддршка на претседателот партијата, Зоран Заев, за преговорите со Грција околу уставното име на Македонија. -Преговорите со Владата на Република Грција продолжуваат. Никогаш досега не сме биле толку блиску до решение, но и никогаш претходно немало толку големо пријателство меѓу Македонија и Грција од ова денес. Очекувам тоа да придонесе...

Заев ги поздрави оставките во Антикорупциска комисија

Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија која што ќе биде поставена според сите меѓународни практики, ќе биде будното око на следење на извршната власт и сè што има допир со народните пари, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за оставките во оваа комисија. Тој додаде дека потребна е таква институција која што ќе биде еден од најголемите...

Советот за безбедност на ОН има шест нови земји-членки

Советот за безбедност на Обединетите Нации има шест нови членки Екваторска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска. Знамињата на овие земји, денеска беа поставени пред седиштето на ОН во Њујорк. Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат минатата година. Советот за безбедност на ОН има 15 членки помеѓу кои и постојаните Кина, Франција, Русија,...

Формиран Советот за реформи на јавната администрација со кој ќе претседава Заев

Премиерот Зоран Заев, како претседател и уште 12 членови го сочинуваат Советот за реформа на јавната администрација кој денеска се формираше во Владата, а кој треба да ја следи реализацијата на Стратегијата за реформи во овој сектор, како дел од планот „3-6-9“, соопшти владината прес-служба. Членови на Советот се вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи; вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор...

Интернет-петиција за оставка од членовите на ДИК поради бонусите

Повеќе од 1.600 граѓани досега се потпишале на интернет-петицијата со која се бара оставка од членовите на Државната изборна комисија поради бонусите што си ги доделиле без да ја информираат јавноста. „Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) поради неетичко однесување и кршење на принципите за работа, објавени на веб-страницата на ДИК, кои меѓу другото гласат: 'Постојано вршиме самоевалуирање...

ДИК: Законот ни дозволува да исплатиме дополнителни плати, ама утре ќе ги вратиме

Одлуките за надоместок на вработените во ДИК се носени врз основа на закон, но и врз основа на одговорноста, сложеноста и на обемот на работните задачи и врз основа на извештаите за работа на изборната администрација, се вели во реакцијата на ДИК, откако амбасадорот на САД, Џес Бејли, рече оти слушнал дека членовите на ДИК зад затворени врати едногласно...

Иванов по изборите ќе предложи наследници на Габер и на Старова во Уставен суд

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, своите предлози за именување на двајца судии во Уставниот суд, на местата на Наташа Габер-Дамјановска и на Гзиме Старова, чиј деветгодишен мандат истекува в сабота, ќе ги достави до Собранието по локалните избори, велат за „Мета“ од кабинетот на Иванов. „Претседателот на Република Македонија ќе достави предлог до Собранието на Република Македонија по завршувањето на...

Наследниците на Габер и на Старова во Уставниот суд, тест за кохабитацијата со Иванов

Собранието доцни со изборот на член на Уставниот суд кому му престанува мандадот, изјави Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања на 30 август, презентирајќи ги резултатите од имплементацијата на првиот дел од реформскиот план „3-6-9“. Станува збор за избор на член на Уставниот суд на местото на досегашниот судија Исмаил Дарлишта, кому деветгодишниот мандат му истече на 31 јули. Тој...

Коле Штериев избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители денеска со мнозинство гласови за нов претседател го избра Коле Штериев, откако во вторникот оваа недела, претходниот претседател, Петар Аневски, си поднесе оставка од функцијата. Штериев, кој беше избран за член на Советот пред една година, а претходно беше дел од Вишото јавно обвинителство и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по изборот рече...

Елизабета Шелева на местото на Лешоски на чело на Струшките вечери на поезијата

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, донел одлука за именување на нови членови на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, откако младиот поет Дарко Лешоски, кратко по именувањето на функцијата претседател на Управниот одбор на СВ, реши да се повлече по реакциите во јавноста за неговиот избор. Како што соопштија денеска од Министерството за култура, нов претседател на Управниот одбор...

СДСМ: Поради ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат комисии и да се носат закони

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика ВМРО-ДПМНЕ „да придонесе кон заокружување на функционалноста на Собранието, со тоа што ќе предложи членови на собраниските комисии“. „Посочуваме дека токму поради несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат работните тела на Собранието и да се донесат важни закони од интерес на граѓаните. Тоа во моментов се измените во Изборниот законик што треба да...

Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“. Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанецот што ја малтретирал мајка си

Поради основан сомнеж дека не ја извршувал судската одлука, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(58) од Охрид. „Тој, со судско решение издадено од Основниот суд Охрид, имал забрана да врши семејно насилство. И покрај тоа, пријавениот М.Д. продолжил да ја малтретира, вознемирува, навредува и физички да ја напаѓа својата 81-годишна мајка, да оштетува и да фрла предмети од домот и...

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 6, СДСМ – 5, а ДУИ и Беса по 1 член во Комисијата за избори и за именувања

Претставници на парламентарните политичките партии на денешната координативна средба во Собранието постигнале договор за составот на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата како услов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница. Партиите се согласиле шест членови во комисијата да бидат од ВМРО-ДПМНЕ, петмина да бидат од СДСМ, а по еден член да имаат ДУИ и Беса. Претставниците на парламентарните групи моментално...

Продолжуваат нападите на штабови и на членови и на поддржувачи на СДСМ

Вчера претпладне во ЕИК Скопје (Единицата за информации и команда) било пријавено дека ноќта од страна на непознати лица биле искрешни стаклата од штабот на политичката партија СДСМ, на улицата Јужноморавски бригади во населбата Ченто. Од МВР информираат дека вчера, во 16.30 часот, во Единицата за информации и команда било пријавено дека во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...