fbpx
Таг: чистење

таг: чистење

Крајбрежјето на Охридско Езеро се затрупува со смет во викендите, ентузијастите чистат (ГАЛЕРИЈА)

Сезоната на Охридското Езеро веќе почна, а со неа доаѓаат и некои грди сцени, кога многу места остануваат затрупани во отпад оставен од капачите. За среќа, Охрид има ентузијасти кои посветуваат време и енергија за крајбрежјето да не се гуши во отпад. Екипата на „Чист Охрид“ викендов вторпат во две седмици одржа акција за чистење од комунален отпад, овој...

По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа. Оваа седмица ќе се врши расчистување...

Малата депонија на линдан во ОХИС може да се чисти и до три години

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е голем проект, со кој се очекува по повеќе од четири децении, да започне решавањето на една од најголемите историски еколошки жешки точки во земјава. Отпадниот пестицид, кој е последица на работењето на хемискиот капацитет, долги години стои несоодветно складиран во дворот на ОХИС и претставува голема закана за здравјето на...

Чистењето на малата депонија со токсичен линдан ќе трае подолго од планираното

Рокот за чистење на малата депонија на токсичниот линдан во дворот на ОХИС истекува на крајот на следната година. Работите на терен сè уште не се започнати, бидејќи, заради пандемијата на коронавирусот, доцни изборот на компанија која ќе треба да ја собере и транспортира опасната хемикалија. Третманот на малата депонија може да трае и до 18 месеци, што значи...

Охридското комунално претпријатие започна со акции за чистење на плажите

ЈП „Охридски комуналец“ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денеска се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Далјан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани. Вработените охридското комунално претпријатие ја подигаа трската како и расфрланиот ситен и тешко разградлив отпад,...

Општина Дебрца мака мачи со дивите депонии

По уредувањето на дивата депонија во местноста „Царо Поле“, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на реката Сатеска, на влезот од село Волино. Просторот кој претставуваше грда слика и на кој беа депонирани поголемо количество на градежен шут, комунален и...

Короната го заглави тендерот за чистење на токсичниот линдан од ОХИС

Пандемијата на корона вирусот го заглави тендерот за избор на компанија која ќе треба да ја исчисти малата депонија на линдан во дворот на ОХИС. Изборот на компанијата која ќе го чисти линданот требаше да биде завршен до крајот на минатиот месец, но актуелните настани и затворањето на границите ја прекинаа финалната фаза на евалуацијата. „Одложувањето на изборот на компанијата...

Само чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе трае од 15 до 18 месеци

До крајот на март ќе се знае која компанија ќе го чисти линданот од ОХИС. Во моментов во тек е финалната фаза од евалуацијата на понудите кои пристигнаа на тендерот. Комисијата веќе имала средби во седиштето на Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО во Виена, а во текот на месецот ќе биде објавена и одлуката која од...

Државната администрација на 14 декември ќе се приклучи на акцијата за чистење ѓубре

Над 40.000 вработени во македонската државна администрација на 14 декември ќе се приклучат на масовната акција за чистење ѓубре во главниот град и ширум државата. Административците ќе ги чистат јавните површини во периодот од 9 до 12 часот. Здравствените работници, наставниците и негувателите во градинките ќе го чистат кругот на јавните установи каде што се вработени, информираше министерот за...

Исчистено ѓубрето што го фрламе од автомобили на скопската обиколница

Јавното претпријатие за државни патишта го исчисти сиот отпад фрлен долж скопската обиколница. Со средства од буџетот на ова претпријатие е реализирано косење на тревата и плевелот, кастрење на гранките и грмушките, како и сечење на дрвја во патниот појас, информираат од ЈП за државни патишта. Количеството на собраното ѓубре од скопската обиколница говори дека постојат многу несовесни граѓани што...

Министерството ќе ја чисти депонијата во Шуто Оризари, жителите прашуваат дали Дудуш пак ќе ја полни

Депонијата во Шутка, за која редовно пишуваат „Портал.мк“ и „Мета.мк“, е вклучена во списокот на трите диви депонии на територијата на Општина Шуто Оризари што ќе се исчисти во рамките на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Спорната депонија е означена како RAIL 057 во документот „Регионален план за управување со отпад“ од 2016 година, пишува „Порталб.мк“....

Депонијата Шутка се „одржува“, Министерството повикува на расчистување на три диви депонии (ФОТО)

Депонијата во Шуто Оризари во моментов ја „одржува“ инспекторатот од оваа скопска општина, а за темелно чистење и озеленување ќе треба да се обезбедат повеќе средства. Од друга страна, Министерството за животна средина и просторно планирање распиша оглас за јавни набавки за чистење на 33 диви депонии низ целата територија на  Македонија, од кои три се на територијата на...

Општина Дебрца започна со чистење на дивите депонии

Општина Дебрца започна со интензивно расчистување на дивите депонии, со што ќе бидат опфатени сите јавни простори во општината, натрупани со комунален и друг вид на отпад и градежен шут. Активностите започнаа со чистење на една од најголемите депонии, просторот во месноста наречена „Царo Поле”, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај...

Рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС е продолжен до 16 декември

На барање на понудувачите, меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава. „На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи...

Вонредни активности на oхридскиот кеј поради намалениот водостој на езерото

Деновиве во Охрид се спроведуваат вонредни активности за расчистување на градскиот кеј на потегот помеѓу двете пристаништа, каде силниот ветар кој дуваше деновиве натрупа големи количини тиња и тешко разградлив отпад кај пристаништето. Како што информираат од ЈП „Охридски комуналец“, на расчистувањето ќе се работи и во наредните денови, бидејќи според проценките на претпријатието, треба да се подигне повеќе од...

Со 12 електрични метларки, вакуумски ќе се чистат улиците во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна да ги употребува новонабавените 12 електрични метларки наменети за вакуумско чистење. „Станува збор за еколошки машини што работат на електричен погон, така што не го загадуваат амбиенталниот воздух. Електричните метларки ќе се употребуваат за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје. Во текот на денешниот ден, екипите на претпријатието со новите метларки ги чистат...

Објавен тендерот за чистење на токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тендерот е објавен на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк. Од МЕД наведуваат дека проектната Канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во...

Охридско Езеро и неговото крајбрежје се чистат од отпад

Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење за заштита на  животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато на почетокот на акцијата за чистење на Охридското Езеро и на неговото крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија, како дел од акцијата „Чисто, како дома исто“. Градоначалникот, Константин Георгиевски даде директна поддршка и заедно...

Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на големата акција на чистење на општините

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските...

Депонијата кај ромската населба во Тетово „расте“, од општината велат дека ја чистат

Сè уште не е расчистена дивата депонија кај ромската населба во Тетово, која со година е ѓубриште. Од Општина Тетово велат дека депонијата ја чистат, но дека повторно се загадува од Ромите кои работат со отпад, пренесува „Порталб“. Жителите од оваа населба се жалат бидејќи од депонијата се шири многу лоша миризба и постои ризик од ширење на некоја болест....

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...