fbpx
Таг: Чикаго

таг: Чикаго

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал. Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“. Обвинителството го товари за...

За „бомбите“ од Ел Чека ќе истражува кичевското обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека до ОJO Кичево ја доставило кривичната пријава поднесена од МВР против таканаречениот „Ел Чека“ од Чикаго , кој повеќе од една седмица споделува „бомби“, односно прислушувани разговори на лица главно од ДУИ. Во овие разговори се слушаат функционери на ДУИ кои разговараат меѓу себе, меѓутоа има и разговори меѓу нив и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ,...

Осум жртви на екстремниот студ во САД, „Полaрниот вител“ продолжува

Арктичките температури што зафатија неколку сојузни држави од Средниот запад на САД беа причина за смртта на најмалку осум лица, јавуваат американските медиуми. Студениот бран наречен „Поларниот вител“, кој донесе рекордно ниски температури, карактеристични за поларните региони, блокираше голем дел од градовите. Прогласена е вонредна состојба во огромен дел од средниот појас на САД, дури и во Алабама и Мисисипи,...

Градоначалникот го прогласи Чикаго за „зона без Трамп“

Рам Емануел, градоначалникот на Чикаго, го прогласи градот за „зона без Трамп“ во знак на револт од одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја укине програмата што ги штитеше од депортација децата на нелегалните имигранти. Програмата беше воведена од претходниот американски претседател, Барак Обама, за да се заштитат од депортација младите имигранти кои пристигнале во САД нелегално како деца,...

Обама го затвори кругот во Чикаго со слоганот „Да, ние направивме“

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, во својот проштален говор во Чикаго изјави дека Америка „денеска е подобро и посилна“. Признавајќи дека расното прашање било предмет на поделба во САД, Обама, како 44. американски претседател, вложил напори во решавање на бројни други прашања, меѓу кои и создавање нови работни места, подобро здравство, како и смртта на Осама бин Ладен во рамки...

За Божиќ во Чикаго ранети 40 лица, 12 загинати

Божиќниот викенд во Чикаго оваа година беше рекорден по бројот на ранувања од огнено оружје. Дури 40 лица беа ранети, а од нив 12 починале. Чикаго веќе некое време е под лупа поради зголеменото насилство во градот, а од локалната полиција изјавија дека причината за тоа се зачестените судири помеѓу бандите. При рацијата, за време на божиќниот викенд, полицијата запленила и 45...

Поради безбедносни причини, откажан митингот на Трамп во Чикаго

Доналд Трамп го откажа митингот во Чикаго откако илјадници собрани се поделија во два табори – поддржувачи и противници на неговата кандидатура. Вработена во тимот на Трамп, половина час по предвидениот почеток на митингот, излезе на подиумот и рече дека митингот ќе биде одложен од безбедносни причини. Во соопштението на американскиот бизнисмен, кое е издадено подоцна, наведено е дека митингот ќе...

Чикаго: Откажани 500 лета поради снежното невреме

Силно снежно невреме го погоди Чикаго и нанесе околу 40 сантиметри снег. Откажани се повеќе од 500 летови. Меѓународниот аеродром „Охара“ е принуден да откаже 350 летови, додека аеродромот „Мидвеј“ откажа околу 175. Властите предупредуваат дека патиштата се лизгави, а снегот предизвикал застој на улиците во градот.

ОМД избра нови претставници во Чикаго и во Лос Анџелес

Алекс Василески и Марија Малиновска се новите претставници на Обединета македонска дијаспора (ОМД) во Чикаго и во Лос Анџелес. Василески ја заменува Наталија Булинг, која беше претставник за Чикаго од 2011 година, а Малиновска доаѓа на местото на Димитар Насев, кој беше претставник за Лос Анџелес од 2009 година, а сега е член на одборот и директор на програмата за...

Џим Бејчор ги претвора уличните дупки во мозаици

Уличниот уметник Џим Бејчор повеќепати забележал дека по долгите и студени зими на улиците на неговиот роден град Чикаго се појавуваат дупки. Американскиот уметник решил сам да го реши проблемот со дупките на патот, наместо да поднесува петиции за нивно пополнување. Секоја пролет уметникот ги поправа улиците, правејќи мозаик во дупките. Бејчор вели дека инспирацијата ја добил од Италија, каде при...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...