!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Во Србија рехабилитиран четничкиот командант Никола Калабиќ


Ваљево, 26 мај, 2017 - 13:56 (META) 

Вишиот суд во српскиот град Ваљево донесе одлука за прифаќање на барањето за рехабилитација на некогашниот четнички командант Никола Калабиќ. Со решението за рехабилитација, судот практично ги поништи сите претходни одлуки на државниот комисии и судот и нивните правни последици, па Никола Калабиќ сега како рехабилитиран се прогласува и за неосудуван.

Калабиќ во текот на Втората светска војна беше еден од најистакнатите четнички команданти и се смета за одговорен за повеќе масакри извршени од припадниците на Корпусот на горската гарда во космајскиот, смедеревскиот и аранѓеловачкиот регион во текот на втората половина на 1943 и првата половина на 1944 година.

Според сега прифатената верзија, Калабиќ по Втората светска војна бил заробен од ОЗНА и прифатил да соработува во операцијата за четничкиот водач Драгољуб Дража Михајловиќ.

Постапката пред Вишиот суд во Ваљево траеше пет години, а барањето за рехабилитација го поднесе внуката на Калабиќ.

Решението за рехабилитација е првостепено, а Вишиот обвинител најави тужба, со што ќе треба да се чека на одлуката на повисоката судска инстанца, која може да ја потврди или да ја поништи рехабилитацијата.