fbpx
Таг: чествување

таг: чествување

Претседателот Пендаровски покровител на националната иницијатива „2023, година во чест на Ацо Шопов“

Вчера во преполната сала на Кинотеката, беше одбележана стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов. На настанот насловен како „Ацо Шопов – Невообичаено“, неговиот лик и неговото дело повторно заживеаја преку повеќе неконвенционални и нестандардни медиумски формати. Бројните поклоненици на вредностите на македонската култура и љубителите на поетскиот збор, вчера имаа можност повторно да се сретнат со творештвото на Шопов, на...

Демерџиев: Не дојдовме овде да правиме провокации, туку да му оддадеме почит на Гоце Делчев

Денеска, овие мерки за сигурност се неопходни, а сигурноста значи, сите што сакаат да искажат почит за Гоце Делчев, тоа слободно да дојдат да го сторат, изјави пред малку министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев. Тој положи цвеќе на гробот на великанот заедно со бугарскиот министер за здравство и претставници на бугарската Влада. Тој кажа дека имало бугарски...

Нема да има бугарска полиција, Спасовски апелира на смиреност по повод чествувањето на 4 февруари

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓање на Гоце Делчев. Тој вели дека мора да се деескалира состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакале да ја влошат. Спасовски е дециден дека МВР нема да дозволи никаков инцидент или понижување на македонскиот народ и држава. „Тука се институциите на...

Од вечерва посебен сообраќаен режим поради саботното чествување на раѓањето на Гоце Делчев

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека почнувајќи од 18:00 часот вечерва, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во сабота, ќе бидат преземени засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот. Притоа, ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Како што соопшти МВР, од денеска...

Бугарија подготвена да испрати полицајци за чествувањето на Гоце Делчев, ако македонското МВР побара

Бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР) е подготвено да испрати свои полицајци во Скопје за обезбедување на чествувањето на Гоце Делчев в сабота, ако добие барање за тоа од македонското МВР, рече заменик-главниот секретар на бугарското МВР, Станимир Станев во гостување на бугарската телевизија бТВ. „Бугарија е подготвена да испрати полицајци во Северна Македонија на 4 февруари, ако има таков...

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира стража на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари, СДСМ реагираат

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, односно нејзиниот Патриотски институт, ќе организираат „херојска стража“ на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје на 4 февруари. За ова денеска информираше Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Штип насловена „Гоце е Македонија“. Пандов на трибината истакна дека криминалната влада на СДСМ и ДУИ со водење на попуслива...

Каде и како ќе се прославува Илинден, чествувањето започнува вечерва

И оваа година, граѓаните на Република Северна Македонија го слават националниот празник Илинден почитувајќи ги заедничките интеркултурни вредности и празнувајќи гордо, достоинствено и обединето, соопштија од Владата на РСМ. Чествувањето на денот, кога славиме 119 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 78 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на...

Пендаровски и Радев заедно на чествувањето на Свети Кирил и Методиј во Рим

Претседателот Стево Пендаровски ќе го чествува денот на Свети Кирил и Методиј во Рим, заедно со неговиот бугарски колега Румен Радев, соопштија од Кабинетот на Претседателот на Северна Македонија. Двете делегации ќе отпатуваат заедно со бугарски авион во Италијанската Република и на 27 мај и претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во...

Владата ќе гo чествува Илинден под мотото „Сите сме деца на Илинден“

На предлог на Организациониот одбор, Владата ја утврди Програмата за одбележување на Денот на Републиката - 2 Август Илинден. „Слоганот под кој се обединети сите чествувања, е „Сите сме деца на Илинден“ како концепт кој ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, празнуваме, кои не обединуваат и поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава“, велат...

Со Бугарија заедно ќе ги чествуваме Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Министрите на вчерашната 143. седница на Влада биле информирани дека Северна Македонија и Бугарија го разгледале Годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и предлозите до владите кои се содржани во него, биле разменети оценки за досегашната работа на комисијата и постигнатиот напредок во делот на античката историја. „Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на...

Заев – Борисов: Градиме европска иднина, само тоа води кон квалитетен живот

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов заеднички ја чествуваа 115 – годишнината од Илинденското востание, во Благоевград, Бугарија. Премиерите Заев и Борисов оддржаа билатерална средба пред почетокот на свеченоста, а средбата се поклопи со првата годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете земји во Скопје на Илинден, 2 Август минатата година. На средбата двајцата...

Иванов утре Илинден ќе го одбележи на Мечкин камен

По повод Ден на Републиката (2 август), претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево, информираат од кабинетот на претседателот. Иванов ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, на хероите на споменикот Слива, а ќе присуствива на панихида во храмот „Свети Никола“. Во 12 часот ќе се одржи свеченоста и народен собир на Мечкин...

Заев од Софија: Договорот за добрососедство ќе го потпишеме на Илинден во Македонија

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, и неговиот домаќин, бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска во Софија разговарале за приближувањето на ставовите на двете земји околу договорот за добрососедство, кој како што изјавил Заев по средбата, ќе биде потпишан на 2 август, односно на празникот Илинден, кој заеднички ќе биде чествуван во Македонија, пренесува бугарската агенција БГНЕС. - Разговаравме за приближувањето на...

Штип утре ќе го чествува Киро Глигоров

Првпат по смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, Штип ќе го одбележи датумот на неговото раѓање. Утре, Општина Штип со видеопрезентација ќе одбележи сто години од раѓањето на Киро Глигоров. Видеопрезентацијата ќе биде своевидно сеќавање за животот и на делото на Глигоров, по што пригодна реч ќе одржи Соња Николова, доктор по историски науки, а ќе се...

Градската власт и годинава не го одбележа Денот на ослободување на Тетово 

Чествувањето на празникот 19 ноември, Денот на ослободувањето на Тетово од фашистичкиот окупатор, почна со интонирање на македонската химна пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово, каде бројни делегации, преставници на политички партии и повеќе здруженија положија букети цвеќиња. Говор пред пристутните одржа престедателот на Сојузот на борци на Тетово, Стојан Петрушевски. Тој искажа разочарување што на одбележувањето на...

И по една деценија бистите на народните херои во Тетово не се вратени

Тетово денеска го празнуваше 19 ноември, денот кога градот се ослободи од фашистичкиот окупатор, но на чествувањето и годинава почитувачите на овој празник, не можеа да им оддадат почит на народните херои Тодор Циповски - Мерџан и Ѓоце Стојчески - Амбарче. Спомен-бистите на двата херои, кои Општина Тетово пред 10 години ги острани поради реконструкција на градскиот плоштад, сè уште...

Прилеп без државни знамиња за Илинден

Прилеп на Илинден осамна без истакнати државни знамиња. Локалната власт, според фотографиите што ги испратија жители на градот, не поставила ниту едно знаме за државниот празник на Република Македонија, 2 Август. Делагација на локалната самоуправа предводена од претседателот на Советот на Општина Прилеп, Никола Димески, претставници од политичките партии, Здружението на борци од Прилеп и група граѓани им одадоа почит илиденците...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...