fbpx
Таг: честитка

таг: честитка

Пендаровски со велигденска честитка: Со верба, храброст и трпение ќе ја надминеме кризата

Претседателот Стево Пендаровски честитајќи го празникот Воскресение Христово, порача дека „Велигден треба да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот, а преку надминување на кризата да ја научиме најважната животна лекција за нужноста од поголема еднаквост, одговорност, солидарност и почит меѓу нас“. -Денес е најголемиот...

Заев за Протоколот со НАТО: Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани

Претседателот на Владата, Зоран Заев, по повод потпишувањето на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО од страна на 29 земји членки, упати честитка до сите граѓани. „Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста...

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем ќе бидат одржани и во 2019

Сигурна сум дека и во годината што е пред нас ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем на Македонија, се вели во новогодишната честитка до јавноста од гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска - Бежоска. „И во следните 365 дена ќе ги унапредуваме сите сегменти на централнобанкарското работење во земјава, за да може НБРМ и...

Трамп му честиташе на Иванов: Договорот од Преспа го поплочува патот до НАТО и ЕУ

Договорот од Преспа го поплочува патот на Македонија до членството во НАТО и Европската Унија, му порачува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорге Иванов во честитката за Денот на независноста - 8 Септември. Трамп упати честитки и до граѓаните на Македонија. „Македонија има многу причини да биде горда за годинава. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот...

Честитка на Мицкоски до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од свое лично и од име на партијата упати честитка до српската заедница во Македонија, по повод празникот Свети Сава. Тој нагласи дека делото и учењето на Свети Сава оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи, кои „нè обединуваат во заложбата за создавање подобра иднина“. „Ваквите празници се исклучително значајни за нашето заедничко почитување,...

Иванов: Празнувањето на Свети Сава е потврда на заложбите за меѓусебно почитување

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на српската заедница во Македонија, по повод празникот Свети Сава. Иванов во честитката вели дека преку празнувањето на денешниот ден, 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник Свети Сава, „ние ги потврдуваме нашите заложби за меѓусебно зближување и почитување“. „Српската заедница била и ќе биде неотуѓив дел...

Заев испрати честитка до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Премиерот Зоран Заев денеска по повод празникот Свети Сава испрати честитки до српската заедница и до припадниците на православната вероисповед што го празнуваат овој верски празник. „Славењето на овој голем празник, од посебно значење за српската заедница, истовремено е и придонес кон промовирањето на мултикултурализмот и меѓусебното разбирање во Република Македонија. Со славењето и почитувањето на празниците на нашите сегашни...

Мицкоски: Богојавление – Водици нека биде потсетник на христијанските вредности

Празникот Богојавление - Водици нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме - љубов, хуманост, добрина и проштевање, стои во честитката што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја упати до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, свештенството и до сите православни верници. „Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот...

Ахмети: Овој Божиќ го одбележуваме во многу важна година за нашата земја

Овој Божиќ го одбележуваме во многу важна година за нашата земја, еден момент кој ги отвара сите можности за евроатланската интеграција на земјата, вели во честитката до православните верници, лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Заедно да ги надминеме сите вештачки препреки и во духот на довербата, разбирањето и соработката заедно да чекориме кон патот на напредокот и благосостојбата.Сите да ги...

Џафери: Божиќ нека биде поттик за остварување на слободата и праведноста

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод и до целото свештенство и монаштво, упати честитки по повод големиот христијански празник Божиќ. „Најсветиот христијански празник, Христовото раѓање - Божиќ е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно спрема најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е најпотребна....

Заев: Христос да се роди внатре во нас и да не направи подобри луѓе

Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки до архиепископот охридски и македонски г.г Стефан и до сите православни верници во Македонија, по повод прославата на Христовото раѓање - Божиќ. Заев во честитката нагласува дека „славењето на овој ден не е само спомен на историскиот настан, туку е повик, Христос да се роди внатре во нас и од нас да направи подобри...

Иванов: Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме и да се помириме

Претседателот Ѓорге Иванов, упати честитка до архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Христово раѓање - Божиќ. „Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос е, воедно, и најсилната недвосмислена потврда на вроденото човеково достоинство и неотуѓивата вредност на секој човек, независно од етничката, јазичната, верската, социјалната припадност, независно од полот и возраста. Поради тоа, ние...

Хан: Новата 2018 е решавачка година за Западен Балкан, ајде заедно да ја обликуваме иднината

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан во пресрет на дочекот на Новата година им се заблагодари на сите земји-партнери на Европската Унија, меѓу кои и на Македонија, за соработката во текот на 2017 година и порача дека следната 2018 година ќе биде решавачка за Западен Балкан. „На крајот на оваа година полна со предизвици сакам да им се...

Ахмети: 2018 година е клучна за Македонија, да ги засукаме ракавите

Годината пред нас е клучна година и многу значајна за нашата земја и за земјите од Југоисточна Европа, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во честитката до граѓаните на Македонија по повод Нова година. - 2018 година нека ни донесе афирмативни, надежни и конкретни стратегии за проширувањето од страна на Европската комисија, позитивен извештај за напредокот со безусловна препорака и...

Путин го повика Трамп на конструктивен дијалог за глобалните прашања

Рускиот претседател, Владимир Путин повика на подобрување на односите и на „прагматична соработка“ меѓу Русија и САД, во неговата новогодишна честитка до американскиот претседател, Доналд Трамп. „Развивањето на конструктивен дијалог меѓу Русија и САД особено е важно за јакнење на стратегиската стабилност во светот и за наоѓање на најдобрите можни одговори на глобалните закани и предизвици“, наведува Путин во...

ЕПП му го честиташе на Мицкоски изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Европската народна партија (ЕПП) на својот официјален „Твитер“ профил му го честиташе изборот на Христијан Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Честитки до Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба силна опозицијата во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се решат проблемите кон евроатлантскиот пат“, велат од ЕПП. https://twitter.com/EPP/status/944626700142497792 Мицкоски вчера на партискиот...

Иванов: 23 Октомври е симбол на борбата за слобода, државност и за независност

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. Иванов во честитката наведува дека одбележувањето на празникот на македонската револуционерна борба е симбол на долговековниот непокор и борба на македонскиот народ за слобода, државност и за независност. „Корените на македонската револуционерна борба почнуваат...

Борисов телефонски му честиташе на Заев за успешното спроведување на изборите

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со својот бугарски колега, Бојко Борисов, кој, како што соопштија од Владата, му го честитал на Заев успешното спроведување на локалните избори. „Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа...

Заев: Победата е израз на слободната волја на граѓаните

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на прославата пред Владата за успехот во првиот круг на локалните избори на граѓаните „им ја честиташе слободата“. Тој рече дека имале предизвик да организираат слободни избори и резултат на тоа вечерва е изразот на слободната волјата на граѓаните. - Сакам да им честитам на сите граѓани. Со слободно изразената волја, народот ја...

Јакимовски му ја честиташе победата на Богоев во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), која е дел од Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски, му ја честиташе победата на неговиот противкандидат Стефан Богоев, кандидат на СДСМ. Јакимовски на прес-конференција изјави дека Богоев води убедливо. - Јас му го честитам изборот за градоначалник. Очигледно е дека граѓаните на Карпош наместо резултати, избраа приказна....

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...