!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Изгорел автомобил во Ченто


Скопје, 18 април, 2017 - 14:45 (META) 

Во пожар ноќеска изгорел автомобил „голф 5“ во скопската населба Ченто. Како што соопшти СВР Скопје, 31-годишен скопјанец околу 1 часот по полноќ, го паркирал автомобилот на улицата Среќко Пужаљка, а во 2.40 часот бил известен од соседите дека автомобилот гори.

Повикана е Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која пожарот го изгаснала околу 3 часот. Опожарен бил предниот дел на возилото и дел од внатрешноста.

Повредени луѓе нема, а се работи на утврдување на причините за пожарот.


Скопјанец застрелан во расправија во Ченто, се наоѓа во животна опасност


Скопје, 10 март, 2017 - 14:38 (META) 

Откако вчера бил застрелан, 27-годишен скопјанец со тешки повреди е пренесен во Специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје и се наоѓа во животна опасност, извести МВР.

Инцидентот се случил вчера попладне. Во полиција било пријавено дека на улицата Фуштанска во населбата Ченто, две непознати лица, кои дошле со два автомобили, почнале да се расправаат со Г.Б. (27), по што еден од нив извадил пиштол и стрелал во 27-годишникот, нанесувајќи му прострелна рана во десна надколеница и повеќе повреди на телото. Вооружениот потоа заминал со автомобилот.

Ранетиот е пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Полицијата вели дека трага по сторителите.


ЕУ експертите ќе ги посетат поплавените во Ченто


Скопје, 11 август, 2016 - 13:31 (META) 

Експертите кои се ангажирани во рамки на механизмот на Европската Унија за цивилна заштита денеска ќе ги посетат поплавените места во скопската населба Ченто.

Предводникот на тимот, Питер Глерум, шефот на Одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауке, и заменик директорот на Директоратот за спасување и заштита, Екрем Зендали денеска попладне ќе дадат кратка изјава пред основното училиште „25 Мај“.