Јовановиќ: Со бојкотот на референдумот на Македонија кукавички и е забоден нож во грб


Белград, 2 октомври, 2018 - 12:26 (META) 

Претседателот на опозициската Либерално демократска партија Чедомир Јовановиќ ја повика власта во Србија резултатите од референдумот во Македонија да не ги коментира тенденциозно туку да и помогне на Македонија – ако смее, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

-Европска Македонија не е и нема да биде губитник, особено не поради резултатот од референдумот на кој кукавички, со бојкот и е забоден „нож во грб“ на нејзината иднина, така што ВМРО-ДПМНЕ повеќе се грижеше за интересите на Москва отколку за потребите на Македонија – наведе Јовановиќ во соопштението.

Тој додаде дека Македонија која сака да биде членка на ЕУ и НАТО е победник во борбата која се уште трае, иако референдумот бил голема прилика за конечна победа и крај на политиката која ги дели и уништува сите поранешни југословенски републики.


Чедомир Јовановиќ најави поддршка за Саша Јанковиќ


Белград, 7 март, 2017 - 23:10 (META) 

Лидерот на Либерално-демократската партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, вечерва најави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на Саша Јанковиќ, јави дописникот на „Мета“ од Белград.

Тој за телевизија Н1 рече дека на претседателството на партијата ќе предложи да го поддржат Јанковиќ и изрази уверение дека тоа и ќе се случи.

– Тоа ќе го изнесам на претседателството на партијата и верувам дека тоа и ќе се случи – рече Јовановиќ.

Кандидатурата на Јанковиќ досега ја поддржаа Демократската партија, која ја предводи Драган Шутановиќ и Нова странка на чело со некогашниот премиер Зоран Живковиќ, додека поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, го поддржа Вук Јеремиќ.

Претседателските избори во Србија се закажани за 2 април.