!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Авион се судри во комби во Чеченија


Грозни, 9 август, 2017 - 10:51 (META) 

Пилот на мал авион е полесно повреден откако при полетувањето удрил во комби на пат во Чеченија, јавува руската агенција ТАСС.

Шефот на чеченската сообраќајна полиција, Асламбек Назиров, изјави дека пилотот лошо ја проценил снагата на авионот, поради што удрил во возило паркирано покрај патот.

Возачот на комбито не бил во возилото во моментот на ударот, а пилотот поради повредите е префрлен во болница.


(ВИДЕО) Десет загинати во антитерористичка операција во Чеченија


Грозни, 4 декември, 2014 - 12:21 (META) 

Најмалку десет полицајци вчеравечер загинаа, а 28 се повредени за време на антитерористичката операција во чеченскиот град Грозни, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет.

– Во рамки на антитерористичката операција, загинаа 10 локални полицајци, а 28 се повредени. Тие ја покажаа својата храброст, нивната цивилна и воена одговорност – се вели во соопштението на комитетот и се додава дека во тек е истрага за инцидентот.

Инцидентот се случи неколку часа пред годишното обраќање на претседателот Владимир Путин.


Терористички напад во Грозни, убиени седум напаѓачи


Грозни, 4 декември, 2014 - 10:16 (META) 

Седум терористи и шест полицајци се убиени, откако група напаѓачи утрово нападнале полициска станица во главниот град на Чеченија, Грозни, а потоа се засолниле во издавачка куќа во центарот на градот, пренесуваат руските медиуми.

Речиси половина од осумкатницата, во која е сместена издавачката куќа, е запалена во операцијата на антитерористичките единици, предводена лично од претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров.

Како што пренесуваат руските медиуми, неколкумина од напаѓачите се засолниле и во училиште во центарот на градот и во тек била акција на безбедносните служби за нивна неутрализација.

Според претседателот Кадиров, напаѓачите планирале да изведат терористички напад во земјата на 12 декември, кога е денот на уставот на Чеченија.