fbpx
Таг: чаршија

таг: чаршија

Штајнмаер и Пендаровски во Чаршија јадеа баклава, пиеја чај и видоа како се прави филигран

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество. Германскиот претседател втор ден е во официјална посета на земјава. Претседателите прошетаа низ Чаршијата, посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен накит. Таму, неизоставен дел беа...

Прилепските занаетчии претрпеа огромни штети поради состојбата со корона вирусот

Околу 350 самостојни занаетчии од Прилеп претрпеа сериозни штети поради пандемијата со корона вирусот. Дел од дуќаните сè уште се со катанци на вратите, а голем број занаетчии кои и претходно не можеа да врзат крај со крај, два месеца немаат никаков приход. „Пандемијата предизвика сериозни штети, бидејќи ситуацијата со корона вирусот ни наметна сосема нови услови за живот. И...

Могерини: На 30 септември нема да гласате на избори туку за вашата иднина

Со политичко лидерство и водство, храброст и одговорност можете да одите напред, порача Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија во скопската чаршија и додаде дека решавањето на отворените прашања и спроведување на европските вредности ја носи Македонија кон ЕУ. Могерини истакна дека Македонија има огромни резултати кои биле...

Шилегов: Хаосот на Бит пазар мора да се реши, бесплатни тезги за нелегалните продавачи

Град Скопје нема да отстапи во намерата да ги расчисти тротоарите на Бит пазар од сите пречки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот за пешаците, велосипедистите и возачите, рече денеска на прес-конференција градоначалникот, Петре Шилегов. Тој нагласи дека со отстранување на нелегалните продавачи на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кај Бит пазар, ќе се реши хаосот и ги повика продавачите, кои...

Министерство за култура: Нема причини да запре реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид

Комисијата од стручни лица, која Министерството за култура ја формираше заради испитување на реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид, заклучила дека нема основа министерот за култура да нареди прекинување на работите. Реконструкцијата на оваа џамија, која треба да добие високо минаре од 32 метри предизвика бурни спротивставувања во Охрид и во земјава, со забелешка дека минарето ќе доминира над Чаршијата....

Охрид е преполн со странски туристи

Викендов во Охрид престојуваат стотина грчки, албански, полски и бугарски туристи. Сончевото и топло време, невообичаено за овој период од годината, ги наполни охридската чаршија и шеталиштето, не само со странски туку и со домашни гости. Топлиот и пријатен ден беше добредојден за изборниот молк да се помине во пријатна и релаксирана атмосфера.

Денови на занаетчиството во Стара скопска чаршија

Годинава, петти пат  Занаетчиската комора на Република Македонија ја организира манифестацијата „Денови на занаетчиството во РМ“, која е под покровителство на Министерството за економија. Манифестација има цел да ги промовира потенцијалите на занаетчиството како фактор на економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите, како чувар на традицијата и на културата на нашата земја. Централната манифестација ќе се одржи денеска...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...