fbpx
Таг: Чарлс Гарет

таг: Чарлс Гарет

Османи се заблагодарил на Гарет за упорноста во решавањето на политичката криза

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи се сретнал со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Гарет по повод завршувањето на неговиот мандат. Османи се заблагодарил на Гарет за ангажманот, посветеноста и како што се вели во соопштението „упорноста да ни се помогне да ја пребродиме длабоката политичка и институционална криза, а потоа и да ја вратиме Македонија на евроатлантскиот пат“. „За...

Договорот и го отвора патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, вели британскиот амбасадор

Британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет денеска го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името посочувајќи дека тоа ќе го отвори патот Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции, кон ЕУ и НАТО. - Тоа не е добро само за Македонија, туку и за регионот - рече Гарет по потпишувањето на Меморандум...

Бејли, Герет, Пломп, Османи и граѓани собираа ѓубре на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет и американскиот амбасадор Џес Бејли, заедно со вицепремиерот Бујар Османи денеска на кејот на Вардар зад Луна паркот го чистеа расфрланиот смет во еко акцијата, која трета година по ред ја организира амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара“ и „Пакомак“. Ова е трета по ред волонтерска еко-акција што ја...

АЕК и ААВМУ за јавноста сè уште се главно „политички“ тела

Мал е процентот граѓани кои знаат што претставуваат двата регулатора во сферата на медиумите и на електронските комуникации и кои се нивните надлежности. Ова е заклучокот на презентацијата на завршниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК. Во изминатите 18 месеци, „Евротинк“ во соработка со „НВО Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја следеше работата на двете...

Сугарески и Гарет разговарале за економската соработка меѓу Македонија и Британија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата. „Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата на Коридорот 8, како и...

Мицкоски – Гарет: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во реформите, ама ако се создадат услови за тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет со кого разговарал за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси. На средбата, како што информираат од партијата, Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на реформските зафати кои треба да...

Гарет: За спорот со името потребни се тешки одлуки и вистинска политичка храброст

Македонија има многу висок рид кој треба да го искачи за да добие датум за преговори до средината на следната година, претстои тешка задача но правилно е да се биде оптимист, вели амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој вели дека јасно е дека Владата е решена да оди напред...

Меј го покани Заев на самитот за Западен Балкан во Лондон

Амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет на денешната средба на премиерот Зоран Заев му ја предал поканата од британската премиерка, Тереза Меј за самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, а во рамките на Берлинскиот процес, соопшти владината прес-служба. Меј во поканата наведува дека целта на самитот во Лондон е...

Конференција „Иднината на Берлинскиот процес“: Позитивен, но недоволно видлив

Берлинскиот процес за четири години создаде позитивни моменти во односите на Западен Балкан со Европската Унија и донесе извесни резултати, но за да се постигне целосниот потенцијал, потребно е да се зголеми видливоста на процесот во јавноста. Ова е заклучокот од денешната конференција „Иднината на Берлинскиот процес“, организирана од Институтот за демократија „Сосиетас цивилис“, на која учествуваа и амбасадорите на...

Ахмети до Гарет: ДУИ е посветена на реформите на судството и на безбедносниот систем

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и британскиот амбасадор Чарлс Гарет денеска во Тетово разговараа политичката ситуација, системските реформи и евроатлантските интеграции, соопштија од ДУИ. На средбата, Ахмети, ги повторил приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, односно посветеноста на системските реформи, владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија. - ДУИ особено...

Заев и амбасадорите на ЕУ и на САД разговараа за реформите на безбедносните служби

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вчера со евроамбасадорот Семуел Жбогар, амбасадорот на САД, Џес Бејли, на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холандија, Воутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, како и со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, разговараше за...

Шекеринска и Бартол го честитаа Денот на независноста од врвот Мусица кај Крушево

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, денеска од врвот Мусица на Бушева Планина им го честитаа 8 Септември, Денот на независноста, на сите граѓани на Република Македонија. Придружувани од амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото Кралство, Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите на планинарското друштво „Ристо Карпуш“,...

Груевски го информирал Гарет за партизација на институциите од страна на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го истакнал значењето на брзото зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО и очекувањето западните партнери да дадат максимален придонес во таа насока. На средбата било разговарано за повеќе актуелни теми со посебен осврт на,...

Анѓушев – Гарет: Македонија може повеќе да извезува во Велика Британија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, со кој разговарал за економската соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство. Тие заклучиле дека соработката е на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во поглед на извозот од Македонија. „Обединетото Кралство е значаен економски партнер на Македонија, втора земја по...

Димитров и Гарет разговарале за реформските приоритети

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, со кого разговарал за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на новата реформска влада, со акцент на силната определба за зацврстување на владеењето на правото и на демократијата во земјата. Димитров и Гарет разговарале и за имплементирањето на итните реформски приоритети, при што Димитров искажал...

Меј до Заев: Новата Влада отвора пат за напредок на Република Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, на која британскиот амбасадор ја поздравил определбата на новата Влада кон реформските процеси, како и конструктивните и инклузивни политики. Гарет, во име на британската премиерка Тереза Меј му врачи и честитка на премиерот Заев, за неговото стапување на должност претседател на Владата на Република Македонија, со...

Амбасадорите на Ахмети му ја потврдиле поддршката за формирање на новата влада

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица остварил средба со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холaндија, Ваутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, и со Марко Акватичи, од aмбасадата на Германија, соопшти партијата. „На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот од парламентарното мнозинство на Собранието на Македонија и...

Груевски на амбасадорите им рекол дека изборите се најбрз начин за излез од кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп, разговарал за актуелната политичка состојба, за позициите и за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзино надминување. На средбата, на која присуствувале и членовите на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, Никола Тодоров и Владимир...

Гарет: Излезот од политичката криза е во владеењето на правото

Независно и ефикасно судство во заштита на правата и на слободите на граѓаните беше темата на конференцијата организирана од Мисијата на ОБСЕ и од Здружението на судии на Македонија, што се одржа денеска во Скопје, а по повод „Денот на судството“. Околу 100 судии и високи судски претставници разменија мислења за важната улога на судството како гарант на владеењето на...

ВМРО-ДПМНЕ до Данкан: Ќе има тензија, нашите гласачи и членството се вознемирени

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на принципот 'победникот со победникот', затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас. Ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...