Пожар на имотот на Хилари и Бил Клинтон


Њујорк, 4 јануари, 2018 - 11:04 (META) 

Пожар избил на имотот на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, која му беше противкандидат на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Полицијата во 14.50 часот по локално време вчера, примила дојава за пожар на вториот кат на помалиот објект на имотот на Клинтон во Чапаква, во државата Њујорк, кој го користи Тајната служба.

Нема информација за повредени во пожарот, a полицијата го расветлува случајот.