fbpx
Таг: чамец

таг: чамец

Спасени три лица од водите на Дојранското Езеро

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утрово е извршено спасување на три лица, кои поради невремето изгубиле контрола над чамец во Дојранското Езеро. Дојавата била примена утрово во 8:30 часот во СВР-Струмица, од страна на граѓанин. Тој кажал дека три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот. На интервенција бил испратен патролниот...

Ветер оддувал чамец со две момчиња од Охрид кон Албанија

Утринава во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од страна на веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа“, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија. Од МВР информираат дека членови на веслачкиот клуб се...

Триесет килограми марихуана пронајдени во глисер кај Калишта, Струшко

Струшката полиција синоќа, околу 22 часот, кај селото Калишта, на околу 300 метри од брегот на Охридско Езеро, во мал глисер пронашла и запленила 30 килограми марихуана, соопшти денеска МВР. „Во мал бел чамец, со должина од околу 4 до 4,5 метри, со мотор, врзан со бова, биле пронајдени две црни торби, секоја со 14 пакувања од опојна дрога марихуана, со вкупна...

Во бродолом на Медитеранот се удавиле 130 мигранти

Речиси 130 мигранти се пронајдени мртви во Медитеранот откако чамецот на кој се наоѓале потонал, соопшти Меѓународната организација за миграција. Портпаролот на организацијата, Флавио ди Џакомо, изјави дека мигрантите се пронајдени недалеку од крајбрежјето на Либија, од каде се обиделе да стигнат во Европа. Според изјавите на четворица преживеани мигранти, тие во четвртокот тргнале од Либија, меѓутоа по неколку часа нивниот чамец...

Повеќе од 40 сомалиски мигранти убиени во близина на брегот на Јемен

Повеќе од 40 сомалиски мигранти, меѓу кои имало жени и деца, биле убиени ноќеска во близина на брегот на Јемен, додека биле превезувани со чамец, јавуваат светските агенции. Чамецот, со околу 140 мигранти од Сомалија, бил погоден од лесно оружје во близина на пристанишниот град Ходеда, на западниот брег на Јемен, соопштила канцеларијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)....

Спасени 131 мигрант кај западното грчко крајбрежје

Околу 130 мигранти се спасени денеска во близина на западното грчко крајбрежје, откако чамците со кои пловеле побарале помош поради лошите временски услови, соопшти крајбрежната стража. Бродот пристигнал во пристаништето Метони на Пелопонескиот Полуостров со помош на локалната полиција, а сите патници се безбедни. Не е позната националната припадност на мигрантите, кои тврделе дека сакале да се упатат кон Италија.

Пронајдени тела на 22 мигранти во чамец во Медитеранот

Тела на 21 жена и на еден маж се пронајдени во чамец кој превезувал мигранти преку Медитеранот, соопшти хуманитарната организација „Лекари без граници“. Организацијата навела дека повеќе од 200 преживеани се спасени од гумен чамец и се префрлени на еден од бродовите на организацијата. Групата соопшти дека телата на настраданите долго се наоѓале во чамецот. Други детали не се соопштени.

Најмалку 11 бегалци се удавија денеска во Егејско Море

Најмалку 11 бегалци, од кои шест деца, се удавија денеска во близина на грчкиот остров Самос. Како што соопшти грчката крајбрежна стража, чамецот пловел од турскиот брег и во еден момент се превртел. Во слични инциденти покрај грчките острови на Егејско Море, изминатите денови загинаа десетици бегалци.

Во Либија спасени 120 бегалци

Либиската крајбрежна стража соопшти дека спасила повеќе од 100 бегалци кои се наоѓале во гумен чамец, на кој му се расипал моторот. Директорот на крајбрежната стража, Мухамед Данди, изјави дека на 60 километри источно од Триполи биле спасени 121 бегалец. Тој додал дека бегалците биле од арапските и од африканските земји, а дека меѓу нив имало и 10 жени. Тие се префрлени...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...