fbpx
Таг: чад

таг: чад

Пожарите на Хаваи не се предизвикани со ласерско оружје

Вистиномер го пронајде делот од видеото споделено во оваа објава на Фејсбук, за кое се тврди дека наводно е од Хаваи и од пожарите во август, но тоа е објавено на кинески на твитер профил уште во мај 2023 година, кога на Хаваи немаше пожари. Теоретичарите на заговори се разжестија со нови идеи по избувнувањето на пожарите на Хаваи и...

Порталб: По пожарот во Тетово, граѓанското општество загрижено за последиците од загадувањето, надлежните мислат поинаку

Завчерашниот пожар што избувна во претпријатието „Пофикс“ во Тетово го покри градот со црн чад. Иако податоците од Министерството за животна средина и министерот велат дека квалитетот на воздухот е во границите на нормалата, еколошките организации и активисти велат дека воздухот е загаден и дека пожарот освен што е предизвикана лоша миризба во градот, граѓаните чувствуваат главоболки и печење...

„Пејпер мил“ ќе мора да работи или на плин или да стави клуч додека не инсталира филтри

Загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, доколку на следното мерење на емисиите во воздухот кое е закажано за два дена, на 30 декември, се докаже дека и понатаму ги надминува граничните вредности, ќе мора да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин или пак, ќе мора да стави клуч на врата и да не работи...

Жителите на Визбегово бараат помош од Заев за чадот од дивата депонија

Дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово и понатаму гори, испуштајќи опасен чад кој сериозно го загрозува здравјето на граѓаните, поради што жители на Визбегово му пишаа и на премиерот Зоран Заев барајќи спас од ситуацијата на која што се изложени повеќе од четири месеци не само тие, туку и жителите на Чаир и Карпош, пишува „Порталб“. Граѓаните информираат...

Гори депонијата во Кочани, опозицијата бара Владата да ја преземе надлежноста

Со денови гори комуналната депонија во Кочани. Последните неколку дена чадењето е намалено, но помали облаци чад и натаму се креваат над селото Бели, а од таму и над градот Кочани. Чадењето е резултат на хемиските реакции, но неколку дена депонијата буквално гореше откако собиричи на пластика случајно ја запалиле. Опозициската ВМРО ДПМНЕ ги повика надлежните да реагираат или Владата...

Oсуммина загинати во пожар во зграда во Португалија

Во пожар што вчеравечер зафатил еден кат од зградата на Граѓанскиот дом во Вила Нова да Раиња, приградска населба на Тондела, околу 250 километри северно од Лисабон, загинаа најмалку осум лица, а најмалку 35 се повредени, објавија локалните власти. Пожарот избувнал откако експлодирал котел за парно греење, а во тој момент во Граѓанскиот дом имало околу 60 луѓе, кои учествувале...

Најмалку тројца загинати во пожар во солитер на Хаваи

Најмалку три лица загинаа во пожар во солитер во Хонолулу, на Хаваи. Пожарот избил вчера попладнето по локално време, на 26. кат од солитерот „Марко Поло“. Огнот бргу се проширил на другите катови. Полицијата стравува дека тоа не е конечен број на жртви. Во пожарот повредени се 16 луѓе. Околу 100 пожарникари го гаснеле огнот четири и пол часа. Зградата има 36...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата неспособна да помогне на стружани и да ја спаси туристичката сезона

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија“, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата вели дека со неправилното постапување, се загрозува...

Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора

Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора, а во моментов екипи на противпожарната бригада се на терен. „Поголема шумска површина гори од 12 часот, а нашите екипи се на терен и сè уште го гаснат пожарот. Се работи за место над селата Булачани и Раштак“, изјавија за „Мета“ од противпожарната бригада. Чадот од запалената површина може да се забележи и...

Два пожари ноќеска – радовишанка се надишала чад, изгорела работилница

Два поголеми пожари се регистрирани ноќеска, при што во едниот 75-годишна радовишанка се изнадишала чад и завршила в болница, а во вториот изгорела работилница за брикети во скопската населба Бутел. Во Радовиш ноќеска во 1.35 часот бил пријавен пожар на улицата 22 Октомври. Пожарот избувнал во куќата на 75-годишната М.Р., при што изгорела покуќнината во собата каде што спиела сопственичката....

Регистриран чад во авионот на „Египет ер“

Неколку минути пред да исчезне од радарот, во патничкиот авион на „Египет ер“ бил регистиран чад, јавуваат светските медиуми. Авионот на египетската авиокомпанија, кој со 56 патници и 10 членови на екипажот леташе на релација Париз - Каиро, во четвртокот се урна во Средоземното море, кај островот Крит, кратко по влегувањето во египетскиот воздушен простор. Чадот, според информациите, кои...

Во Чад војници пукале на демонстранти и убиле едно лице

Студент од Чад е убиен од група војници, кои отвориле оган на демонстранти за време на протестот поради групното силување на една девојка. За време на престрелката ранети се пет други лица. - Војниците пукаа на студентите, убија еден, а ранија петмина – изјавил доктор од болницата во градот Фаја Ларгеу. Протестот на студентите е само еден од низата инциденти во Чад, откако...

Жител на Дурачка Река се задушил од чад од пожар во својот дом

Вчера, околу 11.30 часот, во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека 50-годишниот Орце И. од селото Дурачка Река починал од задушување со чад, во пожар кој избувнал во неговиот дом. Како што информираат од полицијата, пожарот настанал кога од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и облека. Увид на местото извршила екипа од надворешната канцеларија за...

Жена се задушила од чад во својот дом

Будимка А. (77) од виничкото село Црни Врв се задушила во пожар во својата куќа. Пожарот, од засега непознати причини, избувнал во вечерните часови во една од собите од куќата, сопственост на Будимка А., додека таа спиела. Пламенот набрзина ги зафатил собите. Огнот во куќата го забележале соседите, кои веднаш ја повикале бригадата за противпожарна заштита и ја известиле полицијата. Пожарникарите што...

Скопјанец се задушил во пожар во својот дом

Педесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во пожар што вчераутро, во 7.20 часот, избувнал во неговата куќа во населбата Илинден, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Слободан Н., кој се задушил од чадот и починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција, а во тек е истрага што треба да ги утврди причините за...

Чад: 40 загинати и 50 повредени во самоубиствен напад

Најмалку 41 лице загинаа, а 50 се повредени во вчерашниот самоубиствен напад на пазар во градот Бага Сола, јавуваат светските медиуми. Локалните власти, кои претпоставуваат дека зад нападот стои екстремистичката група Боко харам, соопштија дека меѓу загинатите се и петте бомбаши-самоубици - еден маж, две жени и две деца. Боко харам, која изрази лојалност кон Исламска држава, ги интензивираше нападите откако...

Масакр на Боко харам на остров во езерото Чад

Во напад на островот Карамага, на езерото Чад, припадници на терористичката група Боко харам убиле голем дел од жителите, како оние кои се обиделе да најдат спас во водите на езерото, така и оние кои се скриле во куќите. По доаѓањето на островот, припадниците на Боко харам прво се пресметале со нигериските владини сили, кои ги затекнале неподготвени, а потоа тргнале...

76-годишна скопјанка настрадала во пожар

Седумдесет и шестгодишната Братислава Н. го загубила животот во пожар што вчера попладне избувнал во една од собите од станот во кој живеела, соопшти полицијата. Пожарот се случил околу 13.30 часот, во стан на улицата Вера Јоциќ, а како што информираат од полицијата жената се задушила од чадот.

Војската во Чад уби 200 борци на Боко харам

Војската на Чад соопшти дека во пограничниот град Гамбор ѝ нанела тешки загуби на терористичката организација Боко харам, при што се убиени повеќе од 200 исламски екстремисти. Чадските војници првпат дејствуваа како регионална сила во борбата против исламските екстремисти на нигериско тло, во пограничниот град Гамбор, кој го презеле од Боко харам од копнена офанзива. Околу 2.000 војници, со поддршка на копнени...

Во пожар изгоре куќа во Кочани

Пожар вчера избувнал во домот на 59-годишна жителка на Кочани, која во тој момнет била сама во куќата, пренесува „Плусинфо“. Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената, поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани. Денеска, стручни тимови треба да извршат увид во домот на кочанката за да се утврдат причините за пожарот.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...