fbpx
Таг: Бутел

таг: Бутел

Латиновски: Никој нема право да ја поништи одлуката за изградба на крстот

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, и денеска ја предводеше колоната граѓани што излегоа на протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи и побараа од министерот Оливер Спасовски да ја заштити локацијата каде треба да биде изграден 55-метарскиот крст во општината. На протестот, кој траеше околу 15 минути, насобраните порачаа дека крстот ќе се изгради без оглед на сè, пренесува...

Спасовски: Ќе има пријави за протестите во Бутел, честитки за присебноста на полицајците

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека ќе има постапки за одредени случаи и ќе бидат поднесени соодветни пријави поради синоќешните протести во Бутел. - Прво сакам да оддадам признание на полицајците што беа на настаните, затоа што најпрофесионално ја извршуваа својата задача и што немавме нарушување на јавниот ред и мир. Најважно од сè е дека граѓаните беа на...

Кај темелите на крстот во Бутел е мирно и празно, шаторите отстранети

Денеска во скопски Бутел, на местото каде што два дена кампираа граѓани кои се противеа на одлуката да се постави крст висок 55 метри, е мирно и вообичаено за саботно претпладне. Има само поголема раздвиженост на возила кои одат кон гробиштата „Бутел“, поради верскиот празник Задушница. Впрочем, тоа беше и причината на раководството на ДУИ да одлучи да го отстрани кампот...

Тројца од повредените полицајци во Бутел пуштени на домашно лекување

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го посетил полицаецот Т. П. во Ургентниот центар во Скопје, при што му посакал брзо закрепнување. Од МВР, информираат дека во синоќешните настани во Бутел биле повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. - Полицајците беа повредени откако група од неколку стотини граѓани се обиде да го пробие...

Тенизите во Бутел попуштија, полицијата не дозволува блиски контакти

Состојбата во Бутел е релативно мирна по вечерашните тензии кога група Македонци тргнаа да го преземат местото каде што треба да биде изграден крст висок 55 метри, а кое од вчера го запоседнаа приврзаници на ДУИ. Помала група Македонци сè уште е таму, но полицијата ги држи на одалеченост од еден километар од местото каде што камапува групата што не се согласува...

Ѓорчев: Спасовски дозволи толпата да го преземе законот во свои раце

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното насилство и беззаконие што беше демонстрирано во општина Бутел. МВР има уставна обврска да ги штити законите, редот, мирот и безбедноста на граѓаните. Оливер Спасовски не ја исполни оваа своја уставна обврска“, обвини на денешната прес-конференција пратеникот од владејачката партија, Владимир Ѓорчев. - Оливер Спасовски и Едмонд Адеми од СДСМ вчера беа срам за уставниот поредок на Република...

Музика, знамиња, чај и пароли во „кампот“ кај темелите на крстот во Бутел

Со албанска музика, покрај огнови, педесетина претежно млади Албанци го продолжуваат протестот на местото каде што во неделата беа поставени темелите на крстот во општина Бутел. Запалената палма и затрупаните темели на крстот, кој треба да биде висок 55 метри, се сведоци на синоќешните мали инциденти на протестот. На местото и понатаму се кампува, има поставени два мали и еден голем шатор. Како што...

Без инциденти осветени темелите на крстот во Бутел

Без никакви инциденти, поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, заедно со свештеници од скопската епархија, го осветија камен-темелникот на крстот во Бутел. Темелите се поставени на кружниот тек кај улиците Боца Иванова и Александар Урдаревски. На кружниот тек претпладнево беше поставена импровизирана бина со звучници, а на церемонијата присуствуваа првиот човек на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, градоначалникот на Скопје,...

Асфалтирани улици на градските гробишта „Бутел“

Екипите на Град Скопје и годинава, како и во изминатите две години, асфалтираа нови улици на градските гробишта „Бутел“, со вкупна површина од 3.200 квадратни метри. За реализација на овој градежен зафат, потрошени се 3,5 милиони денари од буџетот на Град Скопје, а на терен работеа екипи на ЈП „Улици и патишта“. Исто така, Град Скопје изврши и комплетирање на...

Користењето сигурносен појас во возило се зголемило за 14 отсто

За два месеци, од почетокот на кампањата за безбедност во сообраќајот, употребата на сигурносен појас во возило се зголемила за 14 отсто, покажале резултатите од истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Како што соопшти професорот Миле Димитровски од РСБСП, истражувањето е правено по општини и општа оценка е дека на целата територија на Скопје има...

Положени цвеќиња на Партизанските гробишта „Бутел“

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и од претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“. На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот...

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...