fbpx
Таг: бура

таг: бура

Бурата „Киаран“ ја зафати Европа: Петмина загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата. Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Од Индекс...

Големите поплави и пукањето на брани во Либија однесоа над 2.000 човечки животи

Медитеранската бура „Даниел“ предизвика катаклизмични поплави во Либија и пукање на брана, а се стравува дека досега животите ги загубиле над 2.000 луѓе. Однесени од пороите биле цели населби во повеќе крајбрежни гратчиња на истокот на земјата, јави Асошиејтид Прес. Најголемо опустошување се случило во Дерна, градот со кој претходно управуваа исламските екстремисти во судирите и граѓанската војна што се...

Расте бројот на жртви од силните бури што погодија неколку американски држави

Во тек е потрагата по преживеани во делови од шест американски држави опустошени од силните торнада во кои загинаа најмалку 94 лица. Десетици се водат како исчезнати, а цели градови беа уништени откако неколку разорни торнада го погодија централниот и јужниот дел на Соединетите Американски Држави (САД) во петокот и саботата, пренесува „Би-би-си“. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на...

Силно невреме погоди дел од земјите од Западна Европа, повредени четири лица

Локалните медиуми соопштија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а рано утрово силни ветришта ги корнеа покривите и дрвјата, пренесе Франс 24. Околу 250.000 француски куќи останаа без електрична енергија, а возовите од Нормандија кон Париз се запрени откако силни ветришта зафатија делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Железничкиот сообраќај е...

Во Швајцарија заробени 13.000 туристи

Поради снежната бура, попратени со снежни удари на ветер, околу 13.000 туристи се заглавени во Зермат, популарниот скијачки центар во Швајцарија. Локалните власти предупредуваат на „многу големи лавини“. Во соопштението објавено на сајтот на скијачкиот центар предупредуваат на можен недостаток на струга во целиот град. Полицијата вчера наутро ги затвори патиштата кои водат до таа област, а во вечерните саати беа...

Невреме на цел Балкан, поплави и штети во Грција и во Хрватска

Поради невремето со силен дожд, ветер и со снег што го зафати целиот Балкан, во Грција и во Хрватска се забележани поплави на повеќе места и штети од турнати дрвја и бандери, јавуваат балканските медиуми. Во градот Патра на грчкиот полуостров Пелопонез, е поплавена болница, на островот Кефалонија имало и торнадо, додека во Парга, популарното летувалиште за Македонците на брегот...

По Ирма, Марија и Хозе, се подготвува бурата Офелија

Тропската бура Офелија, која се формира над Атлантскиот Океан, е 15. именувана бура во текот на оваа сезона, јавува „Си-ен-ен“. Телевизиската мрежа јавува дека Офелија засега не претставува закана за САД. За потсетување, во текот на сезоната на урагани годинава најопасни беа Ирма, Марија и Хозе. Пред неколку дена до брегот на САД пристигна и тропската бура Нејт, која во Централна...

Ирма падна на ниво на бура, но ветерот е со јачина на ураган

Ирма ослаби на ново на тропска бура, но и понатаму предизвикува ветер кој речиси има сила на ураган, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани. Ирма која беше означена како најсилен ураган над Атлантскиот Океан, во осум часот изутрината по локално време забележана е на околу 170 километри северозападно од Тампа во сојузната држава Флорида, со најсилни удари од ветер...

Во поплава во Италија најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во бурата што денеска ја погоди Италија, а меѓу најпогодените се провинцијата Тоскана и градот Ливорно. Четири лица од исто семејство се пронајдени мртви во поплавена куќа во Ливорно, каде за четири часа падна обилен дожд, претворајќи ги улиците во реки, кои носеа сè пред себе. Италијански медиуми јавуваат дека загинале девојче,...

Ирма убиваше на Карибите, се заканува на Куба и на Флорида

Ураганот Ирма уби најмалку 12 луѓе на Карибите и нанесе катастрофални штети на објекти, пловила и на возила. Некои делови на Карибите се толку уништени што во нив нема никакви услови за живот. Но, ураганот нема да запре таму, туку го продолжува својот пат кон Куба, а се очекува да ја погоди и американската сојузна држава Флорида. На островот Сент...

На Ситонија се утврдуваат штетите од поплавите

На Ситонија, вториот крак на грчкиот полуостров Халкидики, времето и денеска е студено и со силен ветер, иако на некои места има и сонце. Во некои места нема вода поради дефектите. Исто така, се стравува и од појава на зарази, поради тоа што во гратчето Торони, кое беше поплавено, канализацијата е решена со септички јами. Фотографиите од таму покажуваат заглавени...

Нов Зеланд се подготвува за втора голема бура

Жителите на Нов Зеланд се подготвуваат за удар на циклонот Кук, втора силна бура неделава. Претставниците на цивилната заштита ги советуваат жителите на пониските предели да се евакуираат во повисоките. Летовите од аеродромот „Тауранг“ се откажани, а војската распореди 500 војници во тоа подрачје. Метеоролозите предвидуваат дека ветровите во некои делови на земјата ќе дуваат со брзина од 150 километри на...

Бура ја одложи посетата на Меркел во Вашингтон

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи посетата на Вашингтон, каде што вчера требаше да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Посетата на Меркел е одложена поради брзото напредување на зимската бура, која се очекува да го погоди североистокот на САД. Меркел на новинарите им соопшти дека Трамп телефонски ја побарал за да ѝ објасни колку е сериозна ситуацијата со бурата. - Патот е...

Бурата Дорис ги приземји авионите во Британија

Бурата Дорис предизвика сериозни проблеми на британските аеродроми, а на интернет се појавија снимки од неволјите со кои се соочуваат авионите при слетување. Како што пишува „Раша тудеј“, ветровите на одредени места достигнуваат брзина и до 160 километри на час. Едно лице загина како последица на невремето. Британските медиуми јавуваат дека жена од Вулверхемптон, во близина на Лондон, загинала откако за...

Во тропска бура во Кина, шест лица загинаа, осум се исчезнати

При ударот на тајфунот Непартак, кој прерасна во тропска бура откако во саботата ја погоди континентална Кина, шест лица загинаа, а најмалку осум се водат како исчезнати. Предизвиканата економска штета е проценета на 860 милиони јуани, односно 116 милиони евра, јавуваат кинеските медиуми. За доаѓањето на Непартак, кој го зафати и Тајван, Кина се подготви евакуирајќи околу 230.000 луѓе, соопштија властите на...

Од удари на громови во Индија загинаа 67 лица

Најмалку 67 лица загинаа од удари на гром во Индија во изминатите два дена, соопштија индиските власти. Молњите и громовите се релативно вообичаени во Индија во монсунскиот период од годината, од јуни до октомври, но овие две недели бројот на жртвите е невообичаено висок. За време на ноќната бура во источната држава Бихар, загинаа најмалку 47 лица, а повредени се уште...

Единаесет лица загинаа во невреме во Русија

Единаесет лица загинаа, од кои 10 се деца, во несреќа на езерото Карелија во рускиот Пријажинскиот Регион, соопшти руската полиција. Спасувачките екипи успеале да спасат 11 лица, а се трага по уште четворица туристи. Руските медиуми јавуваат дека силна бура го зафатила северозападното езеро, при што погодени биле 49 туристи. Туристите, меѓу кои имало деца на возраст од 12 до 15...

Откажани 150 летови на „Гетвик“ и на „Хитроу“ поради бурата „Кети“

Повеќе од 150 летови од лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ денеска се откажани поради силните ветрови со брзина до 100 километри на час предизвикани од бурата „Кети“, која ја погоди Англија. - Поради силните ветрови, предизвикани од бурата „Кети“, летовите доцнат, а некои се откажани - соопштија службите на аеродромот „Хитроу“. Досега на тој аеродром се откажани 50 слетувања и 80...

Во силна бура во Полска загина една жена

Една жена загина, а друга е повредена кога врз нив во градот Сопот во северниот дел на Полска, поради силна бура и ветер посилен од 100 километри на час, паднала гранка. Гранката што ја скршил ветерот, паднала врз двете жени, при што 34-годишната жена загинала на самото место, а нејзината мајка, која е повредена е во критична состојба, се наоѓа во...

Ураганот Патриција пристигна во Мексико

Ураганот Патриција синоќа се приближи до атлантскиот брег на Мексико и прерасна во екстремно опасна бура од категорија пет, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Бурата, движејќи се во правец север - северозапад, со брзина од околу 160 километри на час, во текот на ноќта прерасна во ураган, а ветерот се движеше со брзина од околу 260 километри на час. Бурата...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...