fbpx
Таг: бунтовници

таг: бунтовници

Во денешното бомбардирање на Алепо загинаа 27 цивили, градот остана без болници

Во денешното бомбардирање на кварт во сирискиот град Алепо, каде што се наоѓаат бунтовници, загинаа 27 цивили. - Ниту еден кварт на истокот на Алепо денеска не е поштеден од бомбардирање од страна на сириските владини безбедносни сили – соопшти опозициската Опсерваторија за човекови права. Странските медиуми соопштуваат дека градот практично останал без болници. Светската здравствена организација соопшти дека сите импровизирани...

Повторно воздушни напади на Алепо

Сириските опозициски активисти јавуваат дека во источниот дел на Алепо денеска се изведени воздушни напади, првпат по три недели. Тоа, како што велат, би можело да означува почеток на нова владина офанзива на овој северносириски град. Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека се бомбардирани три населби, но оти засега нема податоци за евентуални жртви. Активистката Бара ел Халаби, која се...

Москва: Бунтовниците во Алепо употребиле хемиско оружје, повредени 30 сириски војници

Триесеттина сириски војници синоќа се повредени во источниот дел на Алепо откако бунтовниците извршиле напад со хемиско оружје, соопшти денеска руското министерство за одбрана. Од министерството наведуваат дека повеќето повредени се хоспитализирани во Алепо. Пред два дена Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека сириските владини сили ги повратиле сите подрачја во источниот дел на Алепо, кои...

Бунтовници го одбија предлогот на Русија за продолжување на примирјето во Алепо

Сириската бунтовничка група Нур ел дин ел зинки го отфрли рускиот предлог за хуманитарна пауза во Алепо, нарекувајќи го „медиумска сензација за јавна употреба“. Портпаролот на бунтовниците, Јасер ал Јусеф, рече дека Русија „не е сериозна“, додавајќи дека не се заинтересирани за последната иницијатива од Москва. Јусеф оцени дека предлогот на рускиот претседател Владимир Путин не ја отсликува реалноста на терен и...

Бунтовниците убиле повеќе од 80 цивили во Алепо, соопшти сириската војска

Сириската војска соопшти дека фронтот Ал нусра и други групации, кои ги нарекува терористички, во изминатите три дена при бомбардирањето на Алепо убиле 84 лица, од кои повеќето жени и деца. Војската наведува дека терористите користеле и хемиско оружје и ракетен оган. Фронтот Ал нусра во јули ѝ откажа верност на Ал каеда и се преименува во Џабхат фетах ал-шам. Таа...

Нови воздушни напади во Алепо

Воени авиони ги бомбардираат подрачјата што вчера беа преземени од сириските бунтовници, во западните и во јужните делови на Алепо, соопшти опозицискиот Сириски центар за надзор на човековите права. Во соопштението на центарот не се посочува чии воени авиони ги изведуваат бомбардирањата, но се претпоставува дека станува збор за летала на сириското воено воздухопловство, имајќи предвид дека Русија прогласи мораториум на воздушните напади...

Сириските бунтовници во офанзива во Алепо

Организациите на сириските бунтовници утринава повеле офанзива од големи размери за да ја пробијат блокадата на сириската влада на источниот дел на Алепо, град на северот на Сирија, кој сега претставува клучна точка на шестгодишните судири. Коалицијата Исламски фронт на социјалната мрежа „Твитер“ наведе дека ултраконзервативната бунтовничка група Ахрар ел сам со ракета го гаѓала воениот аеродром на истокот на...

22 деца загинаа во Сирија при воздушни напади на училиште

Во воздушни напади кои погодија училиште во сириската провинција Идлиб, која се наоѓа под контрола на бунтовниците, загинаа 22 деца и шест наставници, соопшти УНИЦЕФ. - Тоа е трагедија и срамота. Ако е намерно направено, се работи за воено злосторство – изјави директорот на УНИЦЕФ, Ентони Лејк. Тој, исто така, истакна дека училиштето било напаѓано повеќепати и дека можеби се работи...

Висок комесар за човекови права на ОН: Алепо е кланица

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хусеин, рече дека сирискиот град Алепо е „кланица“ и го повика Советот за човекови права да се дистанцира од „политичките несогласувања“ и да се фокусира на страдањата на цивилите. Ал Хусеин отворената забелешка ја упати денеска на видеоконференција со 47 земји-членки на телото на ОН задолжено за човекови права, откако...

Русија и Сирија ги суспендираа воздушните напади на Алепо

Руската и сириската воена авијација ги прекинаа воздушните напади на градот Алепо, во пресрет на осумчасовниот прекин на огнот закажан за четврток оваа недела, поради хуманитарни причини, соопшти Москва. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесува „Би-би-си“, изјавил дека воздушните напади биле суспендирани утринава. Тој ги повикал бунтовниците и цивилното население, кои се наоѓаат во источниот дел на...

Голем пораз за ИД во Сирија, бунтовниците го освоија Дабик

Сириските бунтовнички сили, кои имаат поддршка од Турција, го презедоа градот Дабик од припадниците на Исламска држава. За членовите на џихадистичкото движење овој мал град на северот од Сирија има големо значење поради пророштвото за „апокалиптичка битка“, која ИД често ја користи во својата пропаганда. Бунтовниците влегоа во Дабик по повлекување на припадниците на Исламска држава, соопшти сириската Опсерваторија за човекови...

Најмалку 4 лица загинаа, а 12 се ранети во експлозија во Јемен

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се ранети при експлозија која се случила за време на погреб во јеменскиот град Марибу, источно од главниот град Сана. Експлозијата се случила за време на оддавање на почест на починатиот Абдуралаб Шададиј, кој бил воен заповедник и бил убиен пред неколку дена во борбите против бунтовниците Хути. Непријателствата во Јемен се зголемија по неуспешните...

Сирија: Убиени девет бунтовници

Девет припадници на сириската бунтовничка група, која има поддршка од Турција, се убиени, а најмалку 32 се ранети во борбите за протерување на припадниците на Исламска држава од турско-сириската граница, соопшти денеска турската војска. Турски воени авиони вчера гаѓале 18 цели, при што се урнати 15 станбени згради во кои, како што наведува турската војска, се наоѓале борци на ИД,...

ИД во близина на турската граница уби 29 бунтовници

Милитантите на Исламска држава во бомбашки напад во близина на турско-сириската граница убиле најмалку 29 сириски бунтовници кои ги поддржува Турција, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата навела дека експлозијата се случила на преминот Атме, од сириска страна и оти покрај загинатите има и десетина повредени. Агенцијата „Амак“, која е дел од пропагандата на ИД,...

Сириските сили зазедоа делови од Алепо под контрола на бунтовниците

Сириските државни сили денеска ги потиснаа бунтовничките борци од половина од окрузите во Алепо, кој досега беше под контрола на опозициските сили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Алепо е главно упориште на сириските опозициски сили, а борби во моментов се водат во станбениот округ Бустан ал Баш, во близина на центарот на градот. Градот со години е поделен на подрачја кои...

Кери и Лавров во Кина, разговараа за состојбата со граѓанската војна во Сирија

Америка и Русија не постигнаа договор за крај на граѓанската војна во Сирија и за распоредување на хуманитарна помош. Државниот секретар на САД, Џон Кери, кој на маргините на самитот Г20 во Кина се сретна со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, посочи дека нема да ги брзаат руските колеги и дека веќе решиле голем број технички прашања. Кери со Лавров повторно...

Сириските бунтовници зазедоа уште две села

Сириските бунтовници зазедоа две села што беа под окупација на сириските Демократски сили кои ги поддржуваат Курдите (СДФ). Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека борците на СДФ и нивните сојузници се повлекле од селата Амарна и Аин ал Баид, по влегувањето на бунтовниците кои биле поддржани од турски тенкови.

Најмалку 13 убиени во напад на пазар во индиската држава Асам

Најмалку 13 луѓе се убиени, откако вооружена група отворила оган на пазар во индиската североисточна држава Асам, јавуваат светските медиуми. Локалната полиција за нападот ги обвини припадниците на бунтовничката група Национален демократски фронт на Бодоланд, фракција која се бори за формирање на посебна држава на етничката група Бодо, независно од Асам. Според информациите, еден од напаѓачите бил убиен во...

Во битката за Алепо загинаа 70 лица

Во конфликтот помеѓу сириските сили и бунтовниците во сириската провинција Алепо во изминатите 24 часа загинаа 70 луѓе на двете страни, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. Прорежимските борци, потпомогнати со воздушни напади од руските сили, ја повратија контролата во селата Зајтан и Халаса. Меѓутоа фронтот Ал нусра, сирискиот разгранок на Ал каеда, утринава изведе контранапад да го заземе Халса, кое...

Во бунтовнички напад врз курдски кварт во Сирија загинаа 18 цивили

Најмалку 18 цивили вчера загинаа во бунтовнички артилериски напад врз курдски кварт во сирискиот град Алепо, во Северна Сирија, информираа од Сирискиот центар за надзор на човековите права. Во нападот со кој е прекршено примирјето од 27 февруари има и 70 ранети, од кои 30 се деца. Нападот бил врз квартот Шеих Максуд, населен главно со Курди. Според директорот на центарот, Рами Абдел...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...