fbpx
Таг: Бундестаг

таг: Бундестаг

Димитров утре и задутре во официјална посета на Берлин

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе биде во посета на Берлин, каде што треба да се сретна со својот германски колега Хајко Мас. Како што информираат од министерството за надворешни работи, Димитров ќе се сретне со советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Јан Хекер, а ќе го посети и германскиот Бундестаг, каде што ќе...

Герберих на Заев му ја пренел поддршката од Германија за евроатлантските аспирации

Премиерот Зоран Заев претпладнево се сретна со амбасадорот на Германија, Томас Герберих кој пренел поддршка од Германија за евроатлантските аспирации на државата. Герберих го информирал Заев дека Македонија ја има мнозинската поддршка и од германскиот Бундестаг за пристапување на земјава во Европската унија. „Амбасадорот Герберих соопшти дека пратениците од германскиот Бундестаг се вратиле во Германија со позитивни импресии од посетата на Македонија,...

Заев: Германија дава поддршка за реформите и за решение за спорот за името

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација од Бундестагот на Република Германија, предводена од Гунтер Крихбаум, претседавач со Комисијата за европски прашања во германскиот парламент, придружувани од амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих. Од владината прес-служба информираат дека Крихбаум и пратениците од Бундестагот пренеле порака на охрабрување од Република Германија, за важните чекори што ги презема Република Македонија...

Волфганг Шојбле избран за претседател на германскиот Бундестаг

Долгогодишниот министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле, денеска е избран за претседател на Буденстагот, а во Парламентот, на конститутивната седница, првпат се појавија и пратениците од крајната десница, Алтернатива за Германија (АфД), и објавија почеток на „нова ера“. Шојбле, кој е член на владејачката конзервативна коалиција на канцеларката Ангела Меркел, им рече на пратениците дека почитувањето на противниците ќе...

Протести во Берлин против влегувањето на ултрадесничарската АФД во Бундестагот

Илјадници демонстранти денеска протестираа во Берлин под паролата „Против омразата и расизмот во Бундестагот“, во пресрет на влегувањето на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во новиот состав на германскиот парламент. Новоизбраниот германски парламет во вторник, на 24 октомври, ќе ја одржи својата прва седница по парламентарните избори што се одржаа на 24 септември. АФД, која застапува антиисламска и антиемигрантска политика,...

Во Германија се одржуваат парламентарни избори, излезноста поголема од 2013 година

Во Германија денеска се одржуваат парламентарни избори за 19. состав на Бундестагот. Анкетите се во прилог на актуелната канцеларка Ангела Меркел, која доколку победи, може да добие четврти мандат. Право на глас имаат 61,5 милиони луѓе, а првите резултати ќе бидат познати по затворањето на избирачките места во 18 часот. Излезноста во многу избирачки места е поголема од минатите избори во...

Долниот дом на германскиот парламент ги одобри истополовите бракови

Долниот дом на германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува склопување истополови бракови. Текстот, во кој се наведува дека „бракот е доживотна заедница на две лица од различен пол или ист пол“, е усвоен со мнозинство од 393 пратеници. Меѓу конзервативците, 226 пратеници гласале против. Новиот закон мора да биде одобрен и во Горниот дом на парламентот за да...

Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик

Германскиот парламент изгласа повлекување на своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција. Поради новите тензии помеѓу Берлин и Анкара, трупите ќе бидат префрлени во Јордан. Од 569 пратеници на Бундестагот, 461 гласале за префрлување на опремата и на војниците од Инџирлик во новата база во близина на Азрак, Јордан.

СДСМ: Граѓаните и меѓународната заедница го осудуваат неодговорното однесување на Груевски

Неодговорното однесување на Никола Груевски и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои со денови си зборуваат сами со себе, доби осуда и од демократскиот свет, велат од СДСМ. „На Груевски, преку резолуцијата усвоена од Европската народна партија, јасно му беше ставено на знаење дека нема толеранција за корумпирани политичари и за корупциски скандали. ЕПП ги осуди и провокациите и агресивното однесување кое претставува...

Бундестагот оцени дека тешко ќе оди формирањето влада во Македонија

Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг денеска расправаше за актуелната ситуација во Македонија, а по завршувањето на седницата, социјалдемократот Јосип Јуратовиќ изјавил дека ситуацијата во Македонија е тешка во поглед на формирање влада, јавува „Дојче веле“. Тој сметал дека мора да се продолжи со посредништво за да се признае резултатот од изборите за да се состави влада. „Во една демократија легитимно...

Бундестагот утре ќе расправа за ситуацијата во Македонија

Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг утре ќе расправа за актуелната ситуација во Македонија, јавува „Дојче веле“, додавајќи дека седницата ќе биде затворена за јавноста. Главна тема на седницата ќе биде актуелната ситуација на Западен Балкан, а посебен акцент ќе биде ставен на состојбата во Македонија и во Босна и Херцеговина. Германскиот социјалдемократ и член на парламентарната Комисија за надворешна...

Ерлер: Однесувањето на Иванов се регистрира во Германија, но и во другите европски земји

Германскиот социјалдемократот и член на парламентарната Комисија за надворешна политика на Бундестагот, Гернот Ерлер, во интервју за „Дојче веле“ ја оценува ситуацијата во Македонија како „државна и уставна криза од највисок ранг“. - Се надевавме дека по изборите ќе дојде до стабилизирање на ситуацијата, а сега сме сведоци на тоа претседателот Ѓорге Иванов да не го дава мандатот за влада,...

Нухиу: МВР има капацитет за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните

Министерството за внатрешни работи има капацитети и е максимално посветено на одржувањето на јавниот ред и мир и на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Ова, осврнувајќи се на актуелната ситуација во земјава, денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на средбата со претставниците на комисијата за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, придружувани од амбасадорката на...

Попоски се сретна се делегација од германскиот Бундестаг

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретнал со претставници на парламентарната комисија за избори, имунитет и за деловничко уредување на германскиот Бундестаг, кои престојуваат во дводневна работна посета на Македонија. На средбата со германските пратеници, како што информираат од МНР, било разговарано за актуелните внатрешно-политички состојби во Македонија, економските врски помеѓу двете земји, како и за соработката во процесите...

Шулц го напушта Брисел и се враќа во Берлин, пишува „Политико“

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, за „Политико“ изјави дека нема да работи уште еден мандат во Брисел и оти следната година ќе се кандидира за германскиот Бундестаг. „Политико“ наведува дека Шулц сигурно ќе освои место во федералниот парламент. Како што се очекува, Мартин Шулц, по овој повод, во текот на денот ќе се обрати до јавноста. Светските агенции јавуваат дека германската главна...

Откажана посетата на Зарацин поради ветер на аеродромот „Александар Велики“

Посетата на пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, на Република Македонија, е откажана поради технички причини, информираат од германската амбасада. Авионот со кој патувал Зарацин, наведуваат од амбасадата, не можел да слета на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Тој денеска со официјални претставници на Владата и на политичките партии требаше да разговара за актуелната политичка...

Пратеникот од германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин, во посета на Македонија

Пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, денеска е во посета на Македонија, на разговори со официјални претставници на Владата и на политичките партии за актуелната политичка состојба. Освен средбите со македонските претставници, според најавите, Зарацин ќе разговара и со претставници на ОБСЕ и на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Пратеникот во германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин,...

Бундестагот усвои поостри мерки за бегалците

Германскиот парламент усвои поостри мерки за лицата што бараат азил за да го ублажи големиот прилив на бегалци. Пакетот мерки опфаќа ограничување на правата на обединување на семејствата за одредени мигранти. Законот, кој во Бундестагот е усвоен со 429 гласа „за“ и со 147 „против“, го олеснува протерувањето на осудените странци, што е клучна мерка која е предложена по насилствата во Келн на...

Бундестагот ја одобри воената кампања против ИД во Сирија

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, денеска го одобри почнувањето на воена кампања против милитантите на Исламска држава во Сирија. Одлуката сега треба да ја одобри Бундесратот, односно горниот дом, кој го сочинуваат претставници на 16 сојузни региони на Германија. Се очекува германската кампања против Исламска држава да чини околу 134 милиони евра, вклучувајќи и 1.200 војници.

Буденстагот го одобри пакетот помош за Грција

Германскиот парламент денеска го одобри третиот голем пакет помош за Грција. За договорот за помош на Грција гласале 454 пратеници, 113 биле против, а 18 биле воздржани. За пакетот помош, покрај пратениците на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел, гласале и нејзините коалициски партнери, Социјалдемократите и опозициската Партија на зелените. Министерот за финансии, Волфганг Шојбле во пресрет на гласањето, ги повика...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...