fbpx
Таг: Бунарџик

таг: Бунарџик

Заев: Има пад на извозот од технолошко-индустриските зони, но сите работници се задржани

Речиси сите работници во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 (Бунарџик) ги задржаа своите работни места и придонесуваат во одржување на стабилност на македонската економија, изјави премиерот Зоран Заев кој заедно со директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, извршија увид во работите на асфалтирање на булевар и улици во зоната. Тој додаде дека извозот од зоните на годишно ниво до минатата 2019...

Во „Бунарџик“ отпочна со работа фабриката за сензори на швајцарски „Баумер“

Швајцарската компанија „Баумер“ денеска го отпочна производството во својата нова фабрика изградена во индустриската зона „Бунарџик 1“ во Скопје. Инвеститорот ќе вложи 4,7 милиони евра во нивниот погон, а во првата фаза ќе вработи 150 лица, информираат од владината прес - служба. Компанијата „Баумер“ од Швајцарија е една од светски најпознатите производители на сензори, инструменти за мерење, испитување и навигација,...

Германската компанија „Герешајмер“ ќе отвори фабрика во Бунарџик

Германската компанија „Герешајмер“ влегува на македонскиот пазар со инвестиција во Бунарџик, која ќе се реализира во повеќе фази, соопштија денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Фабриката за производство на фармацевтски амбалажи и производи ќе почне да се гради годинава, а со производство се очекува да започне следната година. Се очекуваат 400 вработувања. Од Владата не открија колку ќе...

Поплавените ќе бидат авансно обесштетени со вкупно 2,5 милиони евра, најави Димитриев

Сумата за авансно обесштетување на поплавените семејства ќе се зголеми од 1,5 на 2,5 милиони евра, најави денеска премиерот Емил Димитриев при посетата на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Тој истакна дека од до сега посетените 4.000 семејства, податоците биле обработени за околу 1.950 семејства и исплатата од 30.000 денари за нив ќе започнела уште денеска. „Сукцесивно ќе бидат проценувани...

Почна изградбата на првата домашна фабрика во Бунарџик

Фабриката „Хај-тек“, која претставува прва домашна инвестиција во слободната економска зона Бунарџик, денеска почна да се гради. Инвестицијата чини 20 милиони евра, а ќе бидат отворени 300 работни места. „Хај-тек“ е компанија што соработува со голем број светски компании од автомобилскиот сектор.

„Хајтек“ е прва македонска компанија што влегува во Бунарџик

„Хајтек“ е прва домашна компанија што ќе отвори фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Инвестицијата ќе изнесува повеќе од 20 милиони евра, а ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица. Производствениот погон од 4.000 квадратни метри ќе почне да се гради на почетокот од март следната година, а ќе биде функционален на крајот од третиот квартал од годината. Производите на „Хајтек“ наоѓаат широка примена во воената, авионската,...

Во Бунарџик ќе се гради фабрика на компанијата „Монтанте груп“

Изградбата на фабрика на италијанската компанија „Монтанте груп“, која произведува механички делови, ќе почне во јануари во Бунарџик, а се очекува да бидe готова до средината на 2016 година. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека во првата фаза се предвидува да бидат инвестирани 10 милиони евра и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број...

„Вистеон електроник“ ќе престане со производство во Македонија

Фабриката „Вистеон електроник Македонија“, претходно „Џонсон контролс“, си оди од слободната зона Бунарџик, потврдија од компанијата во соопштение до медиумите. Одговорната за комуникации на „Вистеон електроник“, Џона Кристенсен, објаснува дека компанијата планира да престране со работа во овие погони до крајот на 2016 година поради „вишок капацитети во европското производство на компанијата“. Во моментов, во компанијата преговараат со потенцијален купувач за можноста „трета...

Работник загинал во фабриката „Кемет електрoник“ во Бунарџик

Дваесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот додека се обидувал да острани дефект на работна машина во фабриката за кондензатори „Кемет електроник Македонија“, во кругот на индустриската зона „Бунарџик“, соопшти полицијата. Несреќата се случила вчера околу 11 часот, кога работната машина на која работел починатиот Даниел Т. паднала врз него. Од здобиените повреди тој починал на самото место. Екипа на СВР...

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...