fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Постигнат договор – Малта е новиот претседавач на ОБСЕ за 2024

На Министерскиот совет на ОБСЕ беше постигнат консензус од сите 57 земји-членки за Малта да биде иден претседавач со Организацијата во 2024 година, соопшти попладнево актуелниот претседавач и министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи информираше дека успеале да постигнат консензус за да го одржат мандатот на четворицата извршни лидери на Организацијата, чиј мандат истекува на 4 декември годинава. Ова значи...

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ - македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за надворешни работи Иан Борг, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што информираат од руската страна, на средбата се разговарало исклучиво за состојбата во која што се наоѓа ОБСЕ. Русија нагласила...

Министерски совет: Остри осуди за руската војна во Украина и блокадата на ОБСЕ

Остри осуди за руската воена агресија врз Украина и за блокадата на функционирањето на ОБСЕ од страна на Русија беа испратени од говорниците на почетокот од Министерскиот совет на ОБСЕ. Тие испратија порака дека со руската агресија врз Украина е прекршен Финалниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа од Хелсинки, кој е документ врз чија основа...

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон Украина и ги руши европските вредности. Таа треба да е отчетна, треба да е одговорна за оваа војна. Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, новинарите и политичките опоненти....

Блинкен и Османи порачуваат: Остануваме обединети во поддршка за Украина

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи вечерва оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија. Во фокусот на разговорите биле актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина, при што соговорниците упатија силна осуда за руската воена агресија и цврста поддршка за украинскиот народ, информираат...

Почнува 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје

Од денеска до петок во Скопје ќе се одржи 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ, на кој ќе учествуваат делегации од 57-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Во Скопје се очекува да присуствуваат околу 1.000 учесници, вклучувајќи ги американскиот државен секретар Ентони Блинкен, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година

Македонскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска информираше дека Малта ќе биде земјата која што ќе го преземе претседателствувањето со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во 2024 година. „Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора...

Османи: Најважно е да се обезбеди непречен проток на хуманитарната помош за Газа

На покана на високиот претставник и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и заменик премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан, Ајман Сафади, министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на осмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот, во Барселона. Во фокусот на дискусиите е ситуацијата во Израел – палестинските територии и последиците за регионот на Блискиот Исток. Во...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе дојде на самитот на ОБСЕ

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Денеска на прес-конференција потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи оти државен секретар на САД Ентони Блинкен ќе биде присутен на самитот на ОБСЕ на 30 ноември. На Самитот се очекува да учествуваат министрите за надворешни работи на сите европски држави. Како одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг во А1 салата „Борис Трајковски“, Османи рече дека не може во моментот...

МНР: Македонија влегува во финалето на претседавањето со ОБСЕ

Северна Македонија влегува во финалето на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. И лани и сега земјата интензивно се подготвува за претседавањето, период во кој беа вложени големи напори да бидеме на висината на задачата, соопшти Министерството за надворешни работи. „За луѓето се работи, беше мото и поттик за нашата работа во текот на претседавањето со ОБСЕ. Се поставивме како...

Столтенберг доаѓа во Скопје на средби со државниот врв

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски попладнево ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој доаѓа во официјална посета на земјава. Ова е прва негова посета откако државата е полноправна членка на НАТО. Според агендата за официјалната посета на Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе...

Османи: Специјалната поштенска марка „За луѓето се работи“ ќе сведочи за нашето Претседавање со ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи и директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази денеска промовираа поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ, информираат од Министерството за надворешни работи. На свечената промоција, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и...

Османи на Младински форум: Решителноста на младите може да поттикне промени

Резултатите, идеите и препораките на младите ќе бидат дел од дневниот ред и на Министерскиот совет, највисокото тело за одлучување, кој ќе се одржи на крајот на овој месец во Скопје, им рече денеска на младите претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи кој во присуство на младински претставници од земјите-учеснички во ОБСЕ ја отвори Конференцијата...

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да...

Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември во Скопје

Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државата, и по димензии и по суштина, изјави денеска на брифинг со новинарите министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. На тридневниот собир што ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде привршуваат подготовките за преадаптација на просторот,...

Македонија дел од Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани во Хелсинки, Теја Тииликаинен го потпишаа Меморандумот за пристапување на Северна Македонија кон овој центар, со што земјава стана 35 земја-учесничка, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Османи истакна дека приклучувањето на Северна...

НДИ оддаде признание на сите кои придонесоа во засолнувањето на 174 евакуирани Авганистанци

Националниот демократски институт (НДИ) ги собра клучните засегнати страни кои дадоа свој придонес во преселувањето на авганистанската заедница која привремено беше сместена во Северна Македонија пред да го продолжи својот пат за Северна Америка. „Настанот го одбележа невиденото достигнување за обезбедување привремено безбедно засолниште на 174 евакуирани Авганистанци и овозможи да научиме од нашиот заеднички потфат“, рече Роберт Скот Хејзлет,...

Османи: ОБСЕ има витална улога во справувањето со предизвиците за сајбер безбедноста

Сајбер безбедноста не претставува само грижа за техничките системи и нивна заштита од напади, туку и грижа за луѓето како потенцијални цели на сајбер напади, истакна претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на годишната конференција на ОБСЕ за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“. „Информатичката технологија и нејзината...

Османи за предлогот на ДПМНЕ: Ако ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат кога ќе има избори

Опозицијата да ги изгласа уставните измени, а потоа нека одбере термин и за претседателските и за парламентарните избори, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање околу можниот термин за изборите следната година. Османи рече дека треба да се земат предвид редовните изборни термини и дека датумот на нивно одржување е повеќе техничко и логистичко...

Средба Османи-Кулеба: Украина ќе победи

Украина и заштитата на украинскиот народ како приоритет на ОБСЕ, конкретните активности кои ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина ги презема на терен, состојбата на тројцата припадници на ОБСЕ кои се во затвор во Доњецк и во Луганск беа дел од темите на средбата на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...