fbpx
Таг: Бујановац

таг: Бујановац

„Блиц“: Во Јужна Србија запленето оружје наменето за Македонија

Воено-безбедносната агенција на Србија (ВБА) запленила на југот на Србија големо количество оружје кое требало да биде префрлено во Македонија, пишува српскиот весник „Блиц“ во денешното издание, повикувајќи се на извори во ВБА. Весникот вели оти се претпоставува дека оружјето било наменето за припадници на најголемите албански партии, чии функционери учествувале во вооружените судири во Македонија и во Косово. Според изворот...

Дачиќ: Србија може да го уапси Мислиу, но тоа не е паметно

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека државата би можела да го уапси претседателот на собранието на општина Бујановац, Јонуз Муслиу, поради закани, но дека сепак тоа не е паметно затоа што може да предизвика дополнителна штета. Муслиу, кој е претседател на Националниот совет на Албанците, неодамна изјави дека Прешевската Долина е територија која „бара ослободување“ и...

Дачиќ одговори на амбасадорите на САД: Дали ќе реагиравте вака ако го споменаа Скопје?

Како опасни, а не „невнимателни“ ги оквалификува денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Косово, Хашим Тачи, и на Јонуз Муслиу, градоначалникот на општина Бујановац, за обединување на сите Албанци и за создавање на „голема Албанија“. Со тоа тој одговори на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и во...

Бујар Нишани свечено дочекан во Бујановац

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, денеска околу пладне пристигна во Бујановац, со што ја почна посетата на општините во Србија со мнозинско албанско население. Како прв претседател на Албанија кој е во посета на Србија уште од 1948 година, на Нишани во Бујановац му беше приреден свечен дочек во присуство на локални функционери, но и на повеќе илјади граѓани кои...

Претседателот на Албанија утре на југот на Србија

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, утре ќе ги посети општините Прешево и Бујановац на југот на Србија, како прв претседател на Албанија кој доаѓа во Србија од 1948 година, кога прв и последен пат Белград го посети тогашниот претседател на Албанија, Енвер Хоџа. Нишани во Прешево и во Бујановац ќе разговара со локалните власти и со албанските политички претставници кои...

Рама најави економска поддршка на Албанците од југот на Србија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска во Белград се сретна со албанските политички лидери од југот на Србија и најави поддршка за економскиот развој на Прешево и на Бујановац. По состанокот Рама изјави дека ја поддржува идејата за збратимување на овие општини со општините во Албанија и за заедничко конкурирање за средствата од претпристапните фондови на Европската Унија. Тој рече...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...