fbpx
Таг: бугарско претседателство

таг: бугарско претседателство

Захариева: Реално е очекувањето преговорите со Македонија да почнат до јули

Мислам дека е многу реално преговорите со Македонија да започнат за време на бугарското претседавање со ЕУ и, секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој развој, исто и за...

Петков: Бугарија ја поддржува Македонија во напорите за влез во ЕУ и НАТО

Бугарскиот амбасадор Иван Великов Петков на 8-та седница на Комисијата за европски прашања во Собранието претпладнево порача дека Бугарија ги поддржува напорите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, но рече дека мора да се спроведат итните реформи за тоа да се оствари. Петков ги образлагаше приоритетите и програмата на бугарското претседателство со ЕУ во првата половина на годинава. -...

Борисов: Бугарската граница е најдобро чуван Шенген

Ако има подобра Шенгенска граница од нашата во Европа, самиот јас ќе кажам дека не сакам Бугарија да влезе во Шенген, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција за медиумите во Софија денеска, по општата седница на Колегиумот на европските комесари и на бугарската влада, која се одржа еден ден по церемонијата почетокот на бугарското претседателство со ЕУ. Повторувајќи...

Туск во Софија на бугарски ги воспеа и им го направи ќеифот на Бугарите

Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е иднината на Западниот Балкан, порача вчера на бугарски јазик претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, говорејќи на церемонијата за бугарското претседавање со Советот на ЕУ, која се одржа во театарот „Иван Вазов“ во Софија, јавуваат бугарските медиуми. Говорот го одушеви и Џејмс Крисп, дописникот на лондонски „Телеграф“ од Брисел, кој...

Бугарскиот амбасадор на 15 јануари во Собранието ќе ја презентира програмата за ЕУ

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков, на седница закажана за 15 јануари пред собраниската Комисија за европска прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Инаку, Бугарија претседавањето со ЕУ во следните шест месеци ќе го посвети на четири приоритети - иднината на Европа и младите луѓе, Западен Балкан, безбедноста и...

Кирилицата, традиционалниот вез и тробојката на бугарското лого за претседавањето со ЕУ

Бугарија, која од вчера е новиот претседавач со Советот на Европската Унија го претстави и логото под кое ќе ја води Унијата во следните шест месеци. Логото, како што е наведено во описот на официјалниот твитер-профил креиран за оваа прилика, ги претставува трите симболи кои јасно го отсликуваат бугарскиот идентитет - кириличната азбука, традиционалниот вез и националната тробојка. „Логото ја рефрлектира идејата...

Ципрас: Ќе се организира средба на врвот на ЕУ за Западен Балкан

Бугарското претседателство со ЕУ ќе организира средба на врвот на ЕУ за Западен Балкан, а ние сме сложни бугарското претседателство да биде всушност балканско претседателство со ЕУ, рече вчера во Варна грчкиот премиер Алексис Ципрас, по четиристраната средба организирана од неговиот бугарски колега, Бојко Борисов, на која учествуваа и романскиот премиер, Михај Тудосе, и српскиот претседател, Александар Вучиќ. На средбата...

Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направивме ние

„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме. Инаку Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарскиот весник „Труд“. Тој сепак не одговори на прашањето зошто на конференцијата на премиерите на балканските земји вчера во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев. Во Варна вчеравечер...

Борисов со новата влада ќе направи план за вклучувањето на Македонија во ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчеравечер порача дека набргу откако ќе се формира влада во Македонија, ќе се одржи средба на владите на Бугарија и на Македонија за да се почне со план за интегрирање на Македонија во ЕУ. Борисов претпоставува дека на дневниот ред на ЕУ во првата половина на следната година, кога Бугарија ќе претседава со Советот на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...