fbpx
Таг: МНР Бугарија

таг: МНР Бугарија

„Денови на Русија“ во Скопје и Софија, бугарското МНР реагира за ширење дезинформации од руската амбасадорка

Амбасадите на Русија во Скопје и во Софија изминативе денови го одбележаа државниот празник на Руската Федерација „Денот на Русија“, со организирање на приеми во двата главни града на кои испратија скандалозни пораки во врска со руската воена агресија врз Украина. Бугарското Министерство за надворешни работи денеска беше приморано јавно да реагира и да ги осуди како „неприфатливи и недозволиви...

Фатен напаѓачот на копретседателот на бугарски клуб во Струга, МНР апелира на воздржаност

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека е откриен сторителот на вчерашниот напад врз Б.К. од струшкото село Лабуниште. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А.Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител. Од македонското МНР апелираат за воздржаност од предвремени квалификации до моментот на целосно расчистување на случајот. „Овој настан не смее...

На бугарскиот европратеник Ковачев и на Врабевски не им беше дозволен влез во земјава

На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, на претседателот на бугарската фондација „Бугарска историја“ Милен Врабевски и на уште тројца други бугарски државјани денеска не им бил дозволен влез на македонска територија на граничниот премин „Ново Село“. Официјални информации од македонските власти за забраната за влез на овие лица во земјава засега нема, но откако биле вратени од граница, со експресна...

Провала во Бугарскиот КИЦ во Скопје, украден е монитор, Бугарија реагира

Засега непознати сторители ноќеска насилно влегле во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Бугарија во Скопје, при што одзеле монитор. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, порача македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) во денешното соопштение. Претходно, пак, за провалата во бугарскиот КИЦ на улицата Македонија во Скопје, реагираше бугарското Министерство за надворешни работи...

МНР го осуди инцидентот со „Цар Борис III“ во Охрид, Бугарија со протестна нота и реакција до Брисел

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) најстрого го осуди вандалскиот чин што се случил вчера вечер, при што, меѓу другото,со употреба на оружје се оштетени стаклата на граѓанскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид. „Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на...

Софија: Од Западен Балкан до ЕУ ќе се трча индивидуално, нема да се чекаат другите

Напредокот на секоја од земја од Западен Балкан ќе се оценува според индивидуалните постигнувања и од ниту една држава, која е подготвена за членство во Европската Унија, нема да се бара да чека друга за влез во Унија, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи, во кое ја поздравува Стратегијата за Западен Балкан на Европската комисија. „Стратегијата...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...