fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Заев: Во договорот со Бугарија нема дилема дека се работи за две држави, два народи, два јазика

Договорот е основа за добрососедство и за пријателство, двете држави во иднина ќе работат за заемен успех и тој е добар за националните интереси на Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика, на која тој го презентираше нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија. – Со договорот, Владата уште еднаш ја афирмира...

Договорот со Бугарија денеска на затворена седница на Kомисијата за надворешна политика

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика денеска во 10 часот на затворена седница ќе го разгледуваат нацрт-договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Седницата е закажана откако вчера до Комисијата за надворешна политика беше упатено барање од Владата на Република Македонија. На седницата се очекува да присуствува и премиерот Зоран Заев, кој треба да го образложи постигнатиот договор. Минатата...

Договорот со Бугарија утре на затворена седница на Комисијата за надворешна политика

Нацрт-договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија утре ќе биде претставен пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика на затворена седница, со почеток во 10 часот, информираат собраниските служби. Седницата е закажана откако денеска до Комисијата за надворешна политика било упатено барање од Владата на Република Македонија и на неа се очекува да присуствува и премиерот Зоран Заев. Минатата...

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Заев час поскоро да ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во Собранието ќе гласа за членство на Македонија во Европската Унија и во НАТО и го повика премиерот Зоран Заев „да го искористи моментот и веднаш, час поскоро, да ја внесе земјата во ЕУ и во НАТО“. Од партијата велат дека ги поздравуваат средбите и телефонските разговори што ги имаше Заев со челниците на поважните земји од...

Ципрас, Вучиќ и Борисов: Стабилна Македонија со решено име е услов за целосна поддршка

Стабилизација во Македонија и суштински дијалог за наоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името се услов за целосна поддршка од Грција, Србија и од Бугарија за евроатлантските перспективи на Македонија. Ова е ставот околу кој се согласиле грчкиот премиер, Алексис Ципрас, неговиот бугарскиот колега, Бојко Борисов, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, на денешната трилатерална средба во Солун. Заедничкиот став околу...

Ципрас: Прво да се реши спорот за името, потоа влез во ЕУ и во НАТО

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ги повтори ставовите на Атина дека спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија мора да се реши пред малиот балкански сосед да се приклучи кон Европската Унија и кон НАТО, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Говорејќи на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, пред трилатералниот самит на лидерите на Грција, Србија и...

Анѓушев: Добивме 70 милиони евра грант од ЕУ за пругата кон Бугарија

Од вкупно 194 милиони евра грант наменет за развој на инфраструктурата во Западен Балкан, Македонија на самитот во Трст добила 70 милиони евра за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, информираше денеска вицепремирот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој додаде дека оваа неповратна помош, доволна за да се покрие 46 отсто од вкупната сума што е потребна...

Милошоски: Собранието в петок да расправа за договорот со Бугарија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат од Владата и од Собранието в петок да биде закажана собраниска сендица на која би се расправало за договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Ова денеска на прес-конференција во Собранието го најави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој рече дека петочната седница, доколку се закаже, ќе биде добра можност владејачкото мнозинство и Владата...

Трилатерална средба Ципрас – Вучиќ – Борисов во Солун, Македонија една од темите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас в четврток во Солун ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Ципрас и Вучиќ ќе учествуваат на грчко-српскиот Совет за соработка, по што ќе дадат и заедничка изјава. По средбата со српскиот претседател, Ципрас попладнето ќе се сретне и со бугарскиот колега, по што е најавена е заедничка...

Шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со писмо до Заев бараат увид во договорот со Бугарија

Илија Димовски, Никола Попоски, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски, Емил Димитриев и Влатко Ѓорчев, преку писмо упатено до премиерот Зоран Заев и до министерот за надворешни работи Никола Димитров, бараат договорот за доборососедство со Бугарија да биде транспарентен и разгледан од пратениците на опозицијата. Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека ова го направиле затоа што...

Жбогар: Што поскоро да се финализира договорот за добрососедство со Бугарија

Секогаш е добро да се има добри односи со соседните земји, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар на заедничката прес-конференција со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, посветена на самитот ЕУ - Западен Балкан, кој од 12 јуни ќе се одржи во Трст. Жбогар рече дека Брисел очекува што поскоро да се финализира договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и дека е...

ВМРО-ДПМНЕ: Молчењето на Заев отвора сомнеж за распродавање на државата

Нетранспаретноста на Заев во целиот процес на преговори и неговото молчење во однос на навредите кон Македонија упатени од страна на Божидар Димитров, директор на бугарскиот Национален историски институт, дека исполнувањето на договорот ќе значи крај за македонизмот и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, отвора сомнеж дека Заев ги распродава македонските национални и државни интереси, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. Партијата...

Македонија и Бугарија постигнаа основа за компромис за договорот за добрососедство

Постигната беше основа за компромис за договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, следната фаза се консултации и внатрешни процедури, објави бугарското МНР по консултациите што викендов во Софија ги одржаа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и неговата бугарска колешка Екатерина Захареива. „Делегации од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, предводени...

Димитров и Захариева во Софија го прецизираат договорот за добрососедство

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, викендов во Софија ги прецизираат одредбите од договорот за добрососедство за кои преговараат работните групи на Македонија и на Бугарија. Малите технички усогласувања, како што ги нарече премиерот Зоран Заев, треба да завршат денеска, но детали за средбата помеѓу Димитров и Захариева сè уште не се споделуваат. Бугарскиот премиер...

Борисов: Во интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО

Во интерес на Бугарија е да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, на првата јавна дискусија меѓу Бугарија и САД, на Атлантскиот клуб во Софија. - За Македонија, се разбира дека договорот за добрососедство, кој очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен. Треба како на најблизок сосед и народ да оставиме историчарите...

Плевнелиев: Од Москва доаѓаат тезите на противниците на договорот со Македонија

Бугарија нема повисок интерес од тоа да има мир на Балканот и се залага за траен и одржлив мир и за добрососедство, изјави поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, коментирајќи го развојот на бугарско-македонските односи во емисијата „Денот почнува“ на „Бугарската национална телевизија“. Според Плевнелиев, Бугарија има историска шанса да биде патот по кој Европската Унија ќе се прошири, а Македонија...

МАНУ: Загрижува што наши политички партии се „прилепуваат“ на провокации од Бугарија

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ги оцени како неточни и крајно тенденциозни тврдењата на Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј на Бугарија. Смета дека неговите антимакедонски ставови им се добро познати на МАНУ и на пошироката македонска јавност и не заслужуваат посебен коментар. Божидар Димитров во емисија на бугарската телевизија БТВ, „Ова утро“, рече дека македонската нација...

Со Софија останува да се договориме „само“ за народите и за историја, другото е ОК

Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, треба да има уште една средба на министерско ниво, но која треба да се најде решение „за едно мало техничко прашање“ за да имаме официјален закружен дел, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Потпрашан што точно останува да се договорат двете страни, Заев рече дека треба да се реши „делот за...

Димитров: Македонија мора да покаже дека има капацитет да решава отворени проблеми

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика изјави дека се отвора ново поглавје во однос на надворешната политика на Македонија и ја повика опозицијата на соработка и на консензус, особено во остварувањето на стратешките цели - членството во НАТО и во ЕУ и градењето на добрососедските односи. Во однос на неговата прва официјална посета...

ВМРО-ДПМНЕ: На еден месец од потпишувањето, Заев молчи за тоа што договори со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска нагласи дека почнува одбројувањето за најавеното потпишување на договорот помеѓу Бугарија и Македонија. Како што велат од партијата, договорот го склучил премиерот Заев во Софија „во процес целосно нетранспарентен, далеку од очите на македонската јавност“. „Помина еден месец од договорот кој Заев не ѝ го обелоденува на јавноста, а кој се однесува на македонската држава. Многу е јасно дека...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...