fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

ФРОДЕМ: Договорот со Бугарија е голем исчекор за Македонија во евроатлантските процеси

Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) го поддржува договорот за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи тој е голем чекор напред за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО, велат оттаму. Во соопштението се додава дека со подобрувањето на односите со Бугарија, Македонија докажува дека е фактор на стабилизација и на развој на добрососедските односи на Балканот и за затворање на...

СДСМ: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да престане со својата неодговорна политика и наместо тоа, да покаже одговорност и да дејствува во решавањето на отворените прашања, во унапредувањето на добрососедските односи и во отворањето на евроатлантските перспективи, стои во реакцијата на владејачката СДСМ на одлуката на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржи во парламентот договорот со Бугарија. „Договорот...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го поддржиме договорот со Бугарија во Собранието

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучил дека партијата нема да го поддржи договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се наведува дека е добро да се потпише договор за добрососедство со Бугарија заради зацврстување на соработката и пријателството меѓу државите и, секако, заради најавата на Бугарија дека поцврсто би го поддржала патот...

Попоски: Сакавме да постигнеме реципроцитет за сите точки од договорот со Бугарија

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, наведува дека претходната влада во преговорите со Бугарија настојувала да постигне рамноправност и реципроцитет за сите точки од договорот. - На ниво на работни групи, текстот го доби денешниот костур, со пет или шест празни полиња. За секое такво поле имаше по неколку варијанти на македонски и бугарски предлози, кои се разликуваа. На...

Договорот со Бугарија е срамен и неуставен за македонските здруженија од дијаспората

ОМО Илинден - Пирин од Бугарија, Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада, Австралиско-македонски комитет за човекови права и Македонска алијанса за европска интеграција од Албанија денеска преку заедничко соопштение ја осудија содржината на Договорот со Бугарија, која, како што велат, не придонесува за добрососедството, унапредувањето на односите, евроинтеграцијата на Македонија. „Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е нерамноправен,...

Борисов: Договорот за добрососедство веднаш ѝ го отвора патот на Македонија кон НАТО

Договорот за добрососедство ѝ дава европска перспектива на Македонија и веднаш ѝ го отвора патот кон НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на Конгресот на европските студенти демократи во Варна. - По тамошната политичка криза, имав средби со мојот колега Никола Груевски, со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорге Иванов. Се надевам дека како и во нашиот, така и...

Владата го усвои дополнетиот ребаланс на буџетот, донесе одлука за струшката депонија

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии. Со оваа верзија на ребалансот, дополнета со амандмани од пратениците, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат пари во согласност со потребите на буџетските...

Жбогар: Договорот со Бугарија е пример како може да реши долгогодишен проблем

Евроамбасадорот Самуел Жбогар синоќа го поздрави договорот за добросоедство со Бугарија и истакна дека тоа е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години. - Јас морам да го поздравам овој договор затоа што мислам дека е договор кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот. Тоа е пример...

СДСМ апелира ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи договорот за добрососедство

Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија, порача СДСМ денеска, во реакција на прес-конференцијата на Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија порачува дека со договорот се нагласува дека постојат два посебни народа, со...

Бугарското собрание едногласно ја усвои декларацијата за договорот со Македонија

Со 206 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан, денеска Народното собрание на Бугарија ја усвои декларацијата за договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија. Како што јавуваат бугарските медиуми, бугарското собрание позитивно ги оценило напорите на двете држави за финализирање на преговорите за договорот за добрососедство и ја истакнало потребата за развој на соработка...

САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија e пример за решавање спорoви меѓу соседите

Амбасадите на САД во Скопје и во Софија денеска преку заедничко соопштение го поздравија предлог-договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија, оценувајќи го како пример за решавање на спорови меѓу соседите. „Договорот ги потврдува тесните врски помеѓу двете земји и демонстрира добра волја од државите да ја зајакнат соработката во интерес на своите граѓани. Овој ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање...

Што сè содржи договорот со Бугарија

Владата синоќа го усвои текстот од договорот со Бугарија, а премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го презентираше и образоложуваше договорот, кој како што рече ќе биде поставен на сајтот на Владата и достапен за сите да направат увид во договореното. Договорот е составен од 14 члена со кои се уредуваат економските и билатерланите односи на двете земји, врз база...

Заев: Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националните интереси

Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националните интереси и овој голем чекор одговора на интересите на народите на Македонија и на Бугарија, а е одраз на новиот дух на политики од генерација политичари кои градат мостови, а не уриваат, сплотуваат граѓани, а не ги делат, изјави премирот Зоран Заев на презентацијата на договорот за добрососедство со Бугарија...

Заев ќе го објави и ќе го образложи договорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска во 15 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе го презентира договорот за добрососедство со Бугарија. Како што соопшти владината прес-служба, Заев во придружба на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, ќе ја информира јавноста за усогласениот текст на договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Бугарија, кој беше усвоен на синоќешната владина седница. Претседателот...

Договорот со Бугарија е позитивен чекор за Балканот, оцени амбасадорот на САД во Софија

Потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија претставува позитивен чекор напред за Балканот, оцени американскиот амбасадор во Софија, Ерик Рубин, по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов. - Имав многу добра куса средба со премиерот, на која ја изразив нашата поддршка за плановите за потпишување на договорот со Македонија, кој мислам дека претставува позитивен чекор напред за Балканот...

Договорот за добрососедство со Бугарија помина на владина седница

Владата доцна синоќа на посебна седница го прифати извештајот за извршените преговори за текстот на договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Бугарија и го прифати усогласениот текст, соопшти владината прес-служба. „Владата донесе одлука со која се определува претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, да го потпише Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу Република Македонија...

Претседателот Иванов ја повика Владата да го објави договорот со Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја повика Владата да го објави и да го образложи текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред неговото потпишување. Како што стои во соопштението од претседателскиот кабинет, отсуството на транспарентност предизвикало негативни коментари и загриженост во јавноста кои треба да се надминат со објавување на текстот на договорот пред неговото потпишување. „Иванов нагласува дека...

Заев: Договорот со Бугарија е директна одговорност на Собранието

Премиерот Зоран Заев од Штип им порача на граѓаните дека договорот за добрососедство со Бугарија отвора сериозна перспектива, а тој, како упатен политичар, „нема да дозоволи влакно да ѝ недостига на Македонија“. Заев одговори на прозивките за тајноста на расправата за овој договор и објасни дека договорот ќе се смета за склучен откако ќе биде ратификуван во Собранието. - Нешто што не е...

Захариева: Бугарија нема да преговара за измени на текстот од договорот со Македонија

Бугарија нема намера да води нови преговори за текстот на договорот за добрососедство со Македонија, изјави вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, додавајќи дека текстот е финализиран. –  Договорот е важна нова страница во односите меѓу двете земји, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа. Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик, според Уставот на...

Милошоски: Договорот со Бугарија има слабости, треба да се подобри преку пет точки

Во следниот период, наместо да брза и да брка датум за потпишување на македонско-бугарскиот договор,Владата треба да работи за подобар квалитет на текстот за постигнување на еден договор што ќе значи и заемна почит на двата народа и заемно признавање на двете држави, на двете култури и заемна соработка за перспективата на Македонија и на Бугарија како соседи. Ова денеска...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...