fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Евакуиран аеродромот во Софија поради дојава за бомба

Аеродромот во Софија е евакуиран поради истрага која се спроведува откако била добиена дојава за поставена бомба, јавуваат светските медиуми. Евакуацијата ја наредил министерот за внатрешни работи по повикот кој пристигнал во 13 часот и 20 минути по локално време, пренесе бугарската новинска агенција „Бгнес“. На лице место веднаш пристигнале повеќе полициски единици, а на возилата не им е дозволен пристап до аеродромот.

Бугарија со видео за антиката и за 21. век ветува посилна и дигитална Европа

Бугарија, која од вчера е претседавач на Советот на Европската Унија во следните шест месеци, направи куса видео-презентација со која се претставува пред светот. Во четириесетина секунди од најавното видео, претставени се некои од најзначајните природни одлики на Бугарија, но и цркви и антички локалитети, со кадри од новите автопати и други сообраќајници, како спој на наследството на земјата во...

Бугарија од денеска претседава со ЕУ

Бугарија од денеска е новиот претседавач со Советот на Европската Унија, односно официјално претседава со ЕУ, на која и се приклучи во 2007 година, заедно со Романија. „Земјата ќе бара баланс помеѓу специфичните приоритети на земјите - членки и стратешките приоритети на ЕУ за постигнување на реални, видливи резултати во активен дијалог со граѓаните за европските прашања и одговори на...

Зелено светло за ратификација на Договорот со Бугарија

Комисијата за надворешна политика денеска ја заврши расправата по предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија и му предложи на Собранието да го донесе на пленарна седница. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете држави, го потпишаа премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, на 1 август годинава во Скопје. Пратеничката на...

Груби очекува со помош на Софија да се отстрани условеноста на препораката од ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, денеска со бугарскиот амбасадор, Иван Великов Петков разговараа за билатералните односи на двете земји и за евроатлантските аспирации на Македонија Груби изјави дека се залага до крајот на годинава да се реши прашањето за новиот обвинител, Законот за верификации на факти и Законот за судскиот совет со...

Предлог-законот за ратификација на Договорот со Бугарија утре оди во Собрание

Владата на денешната седница го утврди предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија и истиот утре ќе биде испратен со Собранието, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на неговиот профил на „Твитер“. Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август во Скопје го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и за...

Новини во спорот со името дури по празниците, вели Димитров

Преговорите за спорот за името ќе продолжат по новогодишните и божикните празници, а во меѓувреме не се очекуваат било какви случувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. - Договорена е следната средба да биде по празниците во јануари, така што не би требало да се очекува некакво посебно...

Ципрас: Ако Скопје направи отстапки, 2018 година би можела да биде позитивна

Македонската влада треба да сопре со иредентизмот и со реторката за единствени потомци на Македонците, за да се направат суштински чекори и да се најде заемно прифатливо решение, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, велејќи дека ако се направат неопходните чекори, следната година може да донесе позитивен развој на прашањето за името. Во Белград, по вториот состанок на четворката...

Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот за името

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да ѝ помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесе правилни одлуки, а не да поставува некакви ултиматуми, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Грција, Алексис Ципрас,...

Заев во Софија на конференција посветена на регионалната интеграција на Балканот

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески, денеска во Софија ќе учествува на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, во организација на Светска банка. Фокусот на конференцијата, што ќе ја отворат бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и главната извршна директорка на...

Десет тенкисти на АРМ ќе се обучуваат во Бугарија следната година

Министрите за одбрана на Македонија и на Бугарија, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов, вчера, во рамките на заедничката седница на двете влади, во Струмица потпишаа аранжман за соработка за обука на војници и на подофицери – возачи и механичари на тенк Т-72, соопшти денеска Министерството за одбрана. Според аранжманот, 10 припадници на Армијата на Република Македонија следната година ќе бидат...

БПЦ ќе бара начин успешно да се реши прашањето на МПЦ, порача патријархот Неофит

Светиот синод на Бугарската православна црква ќе расправа за барањето на Македонската православна црква, соопшти бургаскиот патријарх Неофит, додавајќи дека БПЦ за автокефалноста на МПЦ ќе разговара и со другите помесни православни цркви. Патријархот Неофит го запознал бугарскиот претседател Румен Радев со писмото на МПЦ, во кое се бара евхаристичкото единство на БПЦ со МПЦ. Патријархот и претседателот констатирале дека...

Министерски самослик во комби низ Струмица

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на свoјата фејсбук-страница објави фотографија од македонските и од бугарските министри како се возат во комби, со наслов „Добрососедство... #МКБГ во Струмица“. Освен Шекеринска, на сликата се и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски,...

Македонија и Бугарија договорија и потпишаа меморандуми за соработка во битни сектори

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Струмица, по заедничата меѓувладина седница, потпишаа серија спогодби за соработка од областа на одбраната, телекомуникациите, туризмот, енергетика и на економијата. Министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов, потпишаа Протокол за соработка во спроведувањето обуки за припадници на АРМ во воентите школи во Бугарија и за интензивирање на соработката. Со потпишување меморандум, министерот...

Заев – Борисов: Го активиравме моторот што ќе го повлече целиот регион напред

Заедничката седница на владите на Бугарија и на Македонија беше плодна, оцени денеска во Струмица премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со својот бугарски колега, Бојко Борисов. Тој рече дека со денешната седница е „активиран уште еден од моторите што треба да го повлечат напред целиот регион“. Заев истакна дека на седницата било разговарано за продлабочување на економската, како и на...

Заедничка седница на македонската и на бугарската влада, ќе се потпишат 9 документи

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Домот на АРМ во Струмица ќе одржат заедничка седница. Средбата помеѓу двете делегации почнува во 10 часот, кога премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов ќе положат цвеќе на споменикот на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Владината седница ќе почне во 11 часот и на неа министрите ќе потпишат девет документи за билатерална соработка во...

Национална петиција во Бугарија за поддршка на БПЦ да ѝ биде мајка црква на МПЦ-ОА

Во Бугарија почнала национална петиција за јавна поддршка на Бугарската православна црква да прифати да ѝ биде мајка -црква на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Петицијата почнала неколку часа откако десетици истакнати јавни личности, научници, новинари и потомци на видни семејства од Македонија ја повикале Бугарската патријаршија „да ја прифати подадената рака на...

Владата го одобрила намалувањето на цените на роамингот меѓу Македонија и Бугарија

Владата на Република Македонија одобрила проект на меморандум за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги. Документот ќе биде потпишан на седницата на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Струмица. Укинувањето на...

Во Благоевградско се спроведуваат проекти вредни 459 милиони евра

Во регионот околу бугарскиот град Благоевград, во близина на Делчево и на македонско-бугарската граница, во моментов се изведуваат проекти вредни 895 милиони лева, односно речиси 459 милиони евра, а парите се од Европските структурни и инвестицииски фондови, јави бугарската агенција „Фокус“. Најголемиот дел од тие пари, односно 739,2 милиони лева се од оперативната програма „Транспорт и транспортна инфраструктура“ и се...

Анкета: 91 процент од Бугарите сметаат дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот

Бугарите имаат позитивни ставови кон Македонија, а 51 отсто од нив сметаат дека Македонците се слични или исти со Бугарите, покажа последното истражување на бугарскиот Институт за политика, посветено на односите меѓу Бугарија и Македонија. Како што пренесува бугарскиот портал „Днес“, на прашањето дали постои македонска нација, различна од бугарската, 72 отсто од испитаниците одговориле дека македонскиот народ бил основан во...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...