fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Загинаа двајца пилоти при уривање на бугарски воен хеликоптер

Двајцата пилоти ги загубија животите, а техничар е тешко повреден во синоќешната несреќа во Бугарија, кога се урна воен хеликоптер „Ми-17“. Според бугарските медиуми, несреќата се случила вчера во воената авиобаза „Крумово“ кај аеродромот во Пловдив, кога хеликоптерот кој бил на тренажен лет се сршуил на земја од височина од околу 30 метри. Животите ги загубиле командирот на екипажот, капетан...

Радев: Партнерството меѓу уставните судови на Бугарија и Македонија е во духот на Договорот за пријателство

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска прими делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на судот, Никола Ивановски, соопшти прес службата на претседателот. Според Радев, партнерството меѓу уставните судови на Бугарија и Македонија е важен чекор за развојот на билатералните односи во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Бугарскиот претседател посочил дека со потпишување...

Иванов – Радев: Самитот во Софија е можност за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Дојран имаше средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, кој е во работна посета на Македонија. На средбата, според соопштението од кабинетот на Иванов,  било разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи, за интегративните процеси на Република Македонија и биле разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и во Европската Унија. Претседателот Иванов изразил надеж дека...

Средба на Иванов и Радев в недела во Дојран

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, в недела 6 мај во Дојран ќе има средба со бугарскиот претседател Румен Радев, информираат од кабинетот на македонскиот претседател. Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе биде во возвратна официјална посета на Република Бугарија, велат од кабинетот на Иванов. Бугарскиот претседател Радев на 6 мај ќе...

Заев: Важно е да не бидеме обезличени дома

Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ, коментирајќи ги разговорите за прашањето за името во Грција. Притоа, на прашањето кое име е најприфатливо, не даде директен одговор, но нагласи дека мора да се гледа реално и да се каже дека Македонија е многу поголема...

Груби – Павлова: Датумот за почетокот на преговори е следниот предизвик

Бугарија ќе вложи напори за повеќе инфраструктурни, енергетски и други проекти за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ на претстојниот Самит на шефови на држави во Софија на 17 мај, истакнала бугарската министерка за регионален развој Лилиана Павлова на средбата со претседателот на собраниска Комисија за европски прашања Артан Груби во Софија. Како што соопштија од собраниската Комисија,...

Во Софија забранети градби повисоки од 75 метри

Бугарскиот парламент вчера ги прифати конечните промени во Законот за градење и урбанизам на Софија, со кои се ограничува височината на новите градби во Софија на 75 метри, а во центарот на најмногу 50 метри. Законот беше на иницијатива на софиската градоначалничка Софија Фандкова, и според него, во центарот на главниот град на Бугарија максималната височина ќе изнесува 50 метри,...

Борисов: Не смееме да ја заборавиме трагичната судбина на жртвите на холокаустот

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на денешното одбележување во дворот на Тутунскиот комбинат во Скопје на 75-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка, порача дека балканските политичари мора да работат заеднички за подобра иднина на граѓаните и дека не смее да дозволат повеќе да се случуваат такви трагедии како холокаустот. - Да извлечеме заклучоци и...

Прванов: Горна или Северна Македонија се во корист на Грција, но на сметка на Бугарија

Преговорите за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да бидат на сметка на Бугарија, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, во емисијата „Ова утро“ на „БТВ“. Според Прванов, фактот што дијалогот за името меѓу Грција и Македонија е деблокиран е позитивен, но, додава, оти е загрижен бидејќи „почнуваат да се водат разговори во насока...

Манчевски со еврокомесарката Габриел ќе разговара за Дигиталниот самит во Скопје

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ќе се сретне со еврокомесарката Мариа Габриел во рамките на неговата работна посета на Софија, Бугарија. На состанокот, како што информираат од МИОА, меѓу другото, ќе се разговара и за престојниот Дигитален самит што ќе се одржи во Скопје, на 18 и 19 април, оваа година. „Поддршката од Бугарија како земја која...

Захариева: Реално е очекувањето преговорите со Македонија да почнат до јули

Мислам дека е многу реално преговорите со Македонија да започнат за време на бугарското претседавање со ЕУ и, секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој развој, исто и за...

Груби на конференција во Софија за бугарското претседавање со ЕУ

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, од 20 до 22 јануари 2018 година, ќе учествува на конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки и на земјите-кандидати за членство во Европската Унија - КОСАК, во Софија, Бугарија. На конференцијата, како што информираат кабинетот на Груби, ќе стане збор за програмата и приоритетите на бугарското...

Бугарскиот парламент го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија

Националното собрание во Бугарија денеска едногласно го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Ратификацијата на Договорот беше поддржана од 186 пратеници, а во салата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев, пренесуваат бугарските медиуми. Во понеделникот македонското Собрание со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа Предлог-законот за ратификација на Договорот кој ...

Борисов во ЕП: Бугарија и Македонија се вистински пример за решавање на проблемите

Бугарија и Македонија дадоа вистински пример за тоа како можат да се решат проблемите, користејќи тактика и добра волја, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред Европскиот парламент, каде детално се осврна на четирите приоритети за време на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Говорејќи за интеграциите во регионот, Борисов потенцираше дека ЕУ треба да им каже на земјите...

Борисов и МНР го поздравија ратификувањето на Договорот за добрососедство

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов и бугарското министерство за надворешни работи попладнево го поздравија ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија во македонското Собрание денеска. Борисов се обрати преку својот фејсбук-профил од Азербејџан, каде што е во официјална посета. „Го поздравувам парламентот на Република Македонија, кој денеска го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу...

Собранието го ратификуваше Договорот за добрососедство со Бугарија

Со 61 глас „за“ и еден воздржан Собранието го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Воздржан беше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој пред гласањето најави дека ќе гласа воздржано. Пред гласањето на денешната 30. седница, зборуваа пратениците Никица Корубин, Артан Груби и Ферид Мухиќ. На седницата не присуствувaа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и...

Раководството и сопственикот на Фабрика за кабли Неготино добија кривични пријави

Полициската станица Неготино поднела кривична пријава против Г.Х. (47),генерален директор на АД „ФКН“ (Фабрика за кабли Неготино), против Ј.Ј. (37) претседателот  на одборот на директори на АД „ФКН“, против двајца членови на одборот на директори на АД „ФКН“, сите од Република Бугарија, како и против Љ.К. (61) од Велес, исто така член на одборот на директори. Тие се товарат за злуопотреба...

Борисов: Бугарската граница е најдобро чуван Шенген

Ако има подобра Шенгенска граница од нашата во Европа, самиот јас ќе кажам дека не сакам Бугарија да влезе во Шенген, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција за медиумите во Софија денеска, по општата седница на Колегиумот на европските комесари и на бугарската влада, која се одржа еден ден по церемонијата почетокот на бугарското претседателство со ЕУ. Повторувајќи...

Туск во Софија на бугарски ги воспеа и им го направи ќеифот на Бугарите

Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е иднината на Западниот Балкан, порача вчера на бугарски јазик претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, говорејќи на церемонијата за бугарското претседавање со Советот на ЕУ, која се одржа во театарот „Иван Вазов“ во Софија, јавуваат бугарските медиуми. Говорот го одушеви и Џејмс Крисп, дописникот на лондонски „Телеграф“ од Брисел, кој...

Јункер и ЕК утре во Софија за отпочнувањето на бугарското претседателство со ЕУ

Членови на Европската комисија (ЕК) и нејзиниот претседател Жан Клод Јункер утре и задутре ќе престојуваат во Софија, поради отпочнувањето на бугарското претседателство со Советот на ЕУ. Церемонијата во главниот град на Бугарија ќе почне утре во 19 часот, по што ќе биде организирана свечена вечера. Утредента, в петок, членовите на ЕК ќе имаат средби со бугарските министри, на кои ќе...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...