fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Бугарски весник со препорака: Охрид е најдобрата дестинација за Велигден

Во новиот викенд-додаток објавен изминатиов викенд, бугарскиот дневен весник „Телеграф“ на две страници објави препорака за своите читатели претстојните велигденски празници да ги поминат на брегот на Охридското Езеро. Текстот како предности на Охрид ги нуди културното наследство, прекрасните глетки и вкусната храна, но истовремено препорачува и други дестинации, како манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка и Мавровско...

Казни за телевизиите кои македонските содржини ги титлуваат на бугарски, побара пратеникот Богданов

Казни за бугарските телевизии што ги титлуваат на бугарски содржините на македонски јазик побара денеска Красимир Богданов, пратеник од „Обединети патриоти“, на комисиска расправа во бугарскиот парламент за годишниот извештај на бугарскиот Совет за електронски медиуми (пандан на македонската Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги). Како што извести новинскиот сајт „Клуб Z“, Богданов смета дека не смее да се...

Во авионска несреќа кај Солунска Глава загина цело семејство од Бугарија

Георги Бошнаков, кој со сопругата и двете ќерки загина вчера откако „цесната“ со која летале од Охрид за Софија падна кај Солунска Глава, бил бизнисмен што имал имал компанија за рециклирање на отпадоци. Малиот авион од типот цесна П210Н кој вчера попладне исчезнал од радарите близу Солунска Глава, се урнал близу до овој врв. Остатоците од авионот се пронајдени, како...

Нова квазиисториска лекција на бугарскиот весник „24 часа“

Бугарскиот весник „24 часа“ вчера објави текст кој привидно се однесува на работата на заедничката македонско-бугарска комисија за учебниците и за историјата, но всушност претставува уште едно држење лекции за историјата, но онака како што ја гледаат бугарските национал-романтичари. Во статијата во која се изнесуваат традиционалните бугарски историски погледи, кои не ги земаат предвид фактите што ги утврдила и македонската...

Грција, Бугарија и Србија градат пруги за 250 км/час, ние сме среќни и со 80 км/час

Додека Бугарија, Србија и Грција активно работат на изградба на брзи пруги, Македонија спие. Нашата земја за неколку години би можела да има сериозен проблем со малите брзини на возовите, ако се земе предвид темпото на развој на железничката инфраструктура во соседните земји. Грција планира годинава да ја комплетира изведбата на брзата пруга меѓу Солун и Атина, по која возовите...

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Народното собрание на Република Бугарија утрово со 140 гласа „за“ и без воздржани и против го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваа претседателот на македонското собрание, Талат Џафери и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека политика на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните...

Џафери утре во Бугарија на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска и утре е во официјална посета на Република Бугарија. Тој утре ќе присуствува седницата на која што ќе се ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Народното собрание на Република Бугарија. Од македонското собрание информираат дека по ратификацијата, Џафери ќе има средба со претседателката на Народното Собрание на Бургија, Цвета...

Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Парламентот на Бугарија в среда на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Се очекува на ратификацијата на протоколот да присуствува претседателот на македонското Собранието, Талат Џафери. Парламентарната Комисија за одбрана на 15 февруари го одобри протоколот и им препорача на пратениците да го усвојат. Претседателот на Комисијата, Константин Попов изјави дека Северна Македонија може да...

На 19 и 20 февруари во Скопје состанок на Македонско-бугарската експертска комисија

Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство ќе се состане повторно на 19 и 20 февруари во Скопје. Претставникот на бугарскиот дел од Комисијата Ангел Димитров најави дека ќе се разговара за заедничкото одбележување и прослава на личности и настани од, како што вели, заедничката историја. Во изјава за БТВ Димитров истакнува дека на средбата...

Aнтинаградите „Големиот Брат“ се враќаат во Бугарија

За прв пат по шест години, во Бугарија повторно ќе бидат доделени антинаградите „Големиот Брат“, кои се средство за посрамотување на најголемите нарушители на правото на приватност во текот на претходната година. Антинаградите ги доделуваат граѓанските организации „Интернет општество – Бугарија“ и „Програма Пристап до информации“, кои имаат објавено јавен повик за номинации од страна на граѓаните, отворен до 24 јануари....

Аерозагадувањето и пругата кон Бугарија на дневен ред на владина седница

Владата денеска ќе ја одржи 116-та редовна седница, која ќе биде отворена со презентација на приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија, што ќе ја одржи амбасадорот на оваа земја во Република Македонија, Виорел Станила. Министрите потоа ќе расправаат за донесувањето одлука во врска со информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација...

Средба помеѓу делегации на Македонија и Бугарија предводени од Анѓушев и Дончев

Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарскиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба помеѓу вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев. Од владиниот прес-центар информираат дека во главниот фокус на разговорите било продлабочувањето на економската соработка и...

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во насловите и во дел од текстовите дека Македонија од петокот вечерта и официјално е преименувана,...

Каракачанов и новинарот во натпревар против Македонија со антиката и средновековјето

Во обемно интервју со Красимир Каракачанов, бугарски вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД, емитувано на 8 јануари на бугарската радиомрежа „Фокус“, новинарот изобилно ја користеше реториката на познатиот негатор на македонската нација дотолку што интервјуто изгледа како двајцата да се обединиле против Македонија. Односно, како Каракачанов да ги пишувал прашањата што новинарот...

Грците и Македонците им ги поскапеа старите автомобили на Бугарите

Поради големиот интерес на Грците и Македонците за поеколошки користени автомобили, на автоплацевите во бугарскиот град Дупница, тие стануваат сè поскапи и понедостапни за Бугарите што не може да си дозволат нов автомобил, а сакаат посочуван автомобил на старо со повисока еколошка класа, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ). Поради повисоките даноци за старите автомобили, кои на почетокот на годинава стапија...

Економските ефекти од НАТО не се мит, туку сурова реалност

Речиси е невозможно во земјава да се најде човек кој со факти ќе ги оспори економските придобивки од евро-атлантските интегративни процеси, а посебно од членството во НАТО. Регионалните искуства и истражувањата спроведени во балтичките и балканските земји кои станаа најнови членки на НАТО-алијансата неспорно укажуваат на значителен број краткорочни и долгорочни придобивки како што се пораст на бруто домашниот...

Скијачот Џирардели сопственикот на „Банско“ – не се откажува од плановите за проширување

Марк Џирардели, петкратниот светски шампион во алпско скијање, веќе две години е мнозински сопственик на компанијата „Јулен“, концесионерот на зимскиот центар „Банско“ во Бугарија, кое е омилена зимска дестинација на голем број Македонци. Вели дека не се откажува од плановите за проширување на зимскиот центар, поради кои многу се протестираше во Бугарија и низ светот на крајот на минатата...

Српски медиуми погрешно го претставуваат Каракачанов како официјална Софија

Во анализа под наслов „Скопје и Софија во клинч: Тензиите се сè поголеми, Бугарија и порачува на Македонија дека провоцира и дека македонскиот јазик НЕ ПОСТОИ“ oбјавена денеска, претставувајќи ги најновите искрења во македонско-бугарските односи, српскиот весник „Блиц“  сосема погрешно со насловот го поистовети бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов со целата власт на Бугарија и со целата...

Од 1 јануари во Бугарија патарината ќе се плаќа електронски, цените на вињетите остануваат исти

За помалку од 24 часа од почетокот на продажбата на електронските налепници за патарина во Бугарија, денеска до пладне биле продадени околу 300 такви вињети, јавуваат бугарските медиуми. Бугарија ќе ги исфрли класичните вињети-налепници и воведува електронска наплата, која ќе се одвива од 1 јануари следната година. Цените на надоместокот остануваат истите, а новост што ќе ги интересира и македонските...

Бандера близу Благоевград е адресата на илјадници Македонци со бугарски пасоши

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“. Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...