fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Бугарскa „Дума“ со многу неточни и лути „думи“ за Македонија

Бугарскиот дневен весник со лева ориентација „Дума“ во коментар објавен на 2 декември на официјалната веб-страница, посветен на најновата сесија на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања, тврди неколку очигледно непоткрепени работи за односите меѓу Бугарија и Македонија. Во текстот се вели дека има предавство на бугарските власти - односно откажување од идентитетот, отстапување од историјата за да „одговори на...

Бугарија сака да го чува македонското небо заедно со Грција

Бугарија сака да го чува воздушниот простор на Северна Македонија, на ротациски принцип заедно со Грција, порача бугарскиот претседател Румен Радев денеска, јавува бугарската новинска страница „mediapool.bg“. Тој рекол дека имал средби со премиерите на двете земји - Киријакос Мицотакис и Зоран Заев на која се зборувало на самитот на НАТО во Лондон „да бидат дефинирани параметрите на таа мисија,...

Во Албанија 170.000 Бугари има само во националистичките соништа

Бугарскиот весник „Труд“ во вчера објавена статија за 15-та светска средба на бугарските медиуми која што се одржуваше во Тирана во текот на викендот, меѓу другите информации протна и една невистина - дека најверојатно не само во регионот Голо Брдо, туку и околу Корча живееле меѓу 100 и 170.000 етнички Бугари“. Весникот оваа невистина всушност ја пренесува во цитатот на...

Партизаните го ослободиле Скопје од германската војска, кога Бугарија веќе била на страна на сојузниците

Сатирата е неопходна во секое цивилизирано и демократско општество, но преголемо симплифицирање може да доведе и до дезинформирање. Пример за пренос на неточен историски податок преку сатира е еден од најпопуларните твитови објавени во врска со вчерашниот Ден на ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Тој потекнува од профил кој претставува пародија на премиерот Зоран Заев. Today before 75...

Ангел Петров: Брзото темпо и од најдобрите медиуми прави преносители на дезинформации

Ангел Петров е уредник во бугарскиот новински сајт „Дневник“ и магистер по политикологија. Во новинарството е веќе 11 години; првин работел во бугарската национална кабелска телевизија „Евроком“ а потоа бил и главен уредник на „Novinite.com“, новински сајт на англиски јазик за вести од Бугарија и регионот. Петров за себе вели дека и професионално, но и како приватен интерес будно ги...

Бугарски ТВ водител помеша баби и жаби и направи „македонска салата“

Во текст објавен на веб-страницата на бугарскиот весник „24 Часа“, Росен Петров, поранешен пратеник, сценарист, а сегашен водител на емисија за историјата на бугарската онлајн-телевизија „Bulgaria On Air“, искажа невистина во поглед на болната тема меѓу Бугарија и Македонија - историјата. Во колумната насловена „Макрон и Македонците - бугарска работа“, пишувајќи во хумористичен тон на темата реакциите по одбивањето на...

На локалните избори во Бугарија, проблеми со Македонците во Благоевградско

По локалните избори во Бугарија вчера, според првичните резултати, владејачката партија ГЕРБ ќе ја задржи доминацијата, но со помала поддршка отколку пред четири години, јавуваат бугарските медиуми. Проблеми имаше во Благоевградскиот регион, во селото Рилци, каде локалните жители протестираа и сакаа да го спречат гласањето поради големиот број гласачи со бугарски пасоши од Македонија, регистрирани на адреси во селото. Локалните...

Илхан Ќучук од Бугарија е новиот известувач на ЕП за Македонија

Европратеникот Илхан Ќучук од Бугарија ќе биде новиот известувач за Македонија јави „Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans). Ќучук е член на групата пратеници За обнова на Европа (Renew Europe), порано позната како Алијанса на либералите и демократите (АЛДЕ). И поранешниот ивестувач за Македонија на Европарламентот, Иво Вајгл, и припаѓаше на оваа група пратеници. Ќучук кој доаѓа од Движењето за правата...

Бројот на граничните премини со Бугарија не одговара на потребите на граѓаните и бизнисот

Новата програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2021-2027, според најавата на македонското Министерство за локална самоуправа, ќе биде насочена кон изградба и развој на транспортната поврзаност помеѓу двете земји. Во источниот дел на државата, целиот промет на луѓе и стоки се одвива преку единствениот премин Делчево – Станке Лисичково, кој е преоптоварен особено за време на празници и...

За Каракачанов бугарските војници биле ослободители, а не окупатори

Красимир Каракачанов, ноторен негатор на македонскиот национален идентитет, претседател на бугарската партија ВМРО-БНД и бугарски вицепремиер и министер за одбраната, вчера во изјава за медиумите во Владата на Бугарија, порача дека Македонија греши со прославувањата на 11 Октомври, Ден на народното востание, и наместо тоа требало да се празнува 20 април 1941 година, кога, како што вели „целиот народ...

Каракачанов: Северна Македонија ќе чека во предворјето ако не се реши прашањето за Гоце Делчев

Северна Македонија ќе стои во предворјето и ќе чека, рекол денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов пред новинарите кои го чекале во бугарската влада, јави порталот „Топ Новини“. Тој порача и дека Македонија „направила голема глупост“ со одбележувањето на 11 Октомври. Тој рекол и дека уште не се запознал со она што се дискутирало на последниот состанок...

Пендаровски: Не очекуваме сигнал, туку одлука за датум

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“ порача дека не се надева на сигнал, туку очекува одлука за добивање на датум за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Земјата, нагласува тој, за да дојде до таа цел го сменила името, што досега не го направила ниту една друга земја-кандидат. - Не се надеваме...

Бугарија „по балкански“ извади црвен картон за евроинтеграциите на Северна Македонија

Изминативе седум дена во поглед на надворешната политика, беа меѓу „најжешките“ седмици што Македонија ги имала од осамостојувањето досега. Во исчекување на тоа што ЕУ ќе го реши следната седмица за доделување датум за почеток на преговорите за приклучување кон европското семејство, во балканското ЕУ соседство помина вистинско торнадо, на само една недела пред Европскиот совет да донесе конечна...

Македонски интелектуалци ниту на сон не би побарале Софија да му поставува услови на Скопје

„Македонски учени настояват София да постави условия на Скопие преди подкрепата за ЕС“ (Македонски интелектуалци настојуваат Софија да постави услови на Скопје пред поддршката за ЕУ) беше насловот со кој во вторникот вечерта бугарскиот новински сајт „actualno.com“ го пласираше текстот за една од вестите на денот во Бугарија - дека „Македонскиот научен институт“ од Софија изнел осум задолжителни услови...

Манипулативни вести за бугарско вето шират тензии во регионот пред самитот на ЕУ

Наспроти недостатокот на официјално соопштение за евентуално бугарско вето кое би ја спречило Република Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија, одредени медиуми шират алармантни и непотврдени наводи. „На Северна Македонија ѝ се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите“, се вели во насловот на веста објавена од порталот „Без цензура“ (Pa censurë), која што...

Можната блокада од Софија за Скопје за во ЕУ отстранета – заканите остануваат

Можноста од блокада за добивањето датум за преговори на Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија, што ја одбележа неделата, е отстранета, но заканите од Софија за целиот процес на интеграција на земјата остануваат.  Ова е епилогот на една краткотрајна тензична ситуација која се создаде, се чини, со ништо предизвикана, а која е врзана со работата на комисиите на...

К’нев: ВМРО-БНД со сталинистички методи бара забрана на Бугарскиот Хелсиншки комитет

Националистичката ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, познатиот негатор на македонскиот национален идентитет, на крајот на минатиот месец почна битка против Бугарскиот Хелсиншки комитет (БХК), барајќи од Главниот обвинител на Бугарија да ја забрани оваа граѓанска организација, велејќи дека „БХК со своите дејствија ставала во ризик бугарски граѓани и го нарушувала доброто име на Бугарија пред меѓународните институции“. Досега над 70 бугарски...

Д-р Румена Филипова: Олигарсите во Бугарија се главни медиумски контролори и дезинформатори

Д-р Румена Филипова има докторат по меѓународни односи на универзитетот Оксфорд, каде и магистрирала, а факултетската диплома ја стекнала на универзитетот Кембриџ. Предавала на Оксфорд, а била гостин-експерт и на центарот Карнеги Москва, Полскиот Институт за меѓународни прашања, Чатам Хаус и голем број други меѓународни институти и тинк-тенкови. Сега е истражувач во бугарскиот „Центар за проучување на демократијата“, кој е...

Плевнелиев: Бугарија без лажен патриотизам треба да ја поддржи Северна Македонија

Бугарија треба да ја прошири соработката со Македонија во сите сфери, треба да се зголемат инвестициите, а не да бидеме лажни патриоти и да ги закашкуваме работите во последен момент. Со такви зборови по острите предупредувања од бугарскиот претседател Румен Радев, како и од владата на Бугарија кон земјава, се обрати Росен Плевнелиев, претходниот шеф на бугарската држава, кој...

Заев: Очекувам поддршка од Бугарија за нашето членство во ЕУ

Можно е брзо да се најде решение на отворените прашања со Бугарија, но за тоа е потребна волја од двете страни. Премиерот Зорав Заев посочи дека Македонија и Бугарија потпишале договор со кој прифатиле дека имаме заедничка историја, но Заев потсети и дека дел од историјата ни е посебна на двете земји. - Во тој дух јас верувам дека комисиите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...