fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Измамници во Бугарија ветуваат хируршки маски, а доставуваат ѓубре

Стравот на Бугарите да не се заразат со новиот корона вирус, како и недостигот на заштитни маски, поради што цената достигнува и до 1 евро за маска, почнаа да ја злоупотребуваат измамници, јави бугарската телевизија „Нова“. Во време кога цената за кутија од 100 лекарски маски достигнува до 200 лева (малку повеќе од 100 евра), на интернет-огласници измамници пуштиле огласи...

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 - те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија наназад преку отписи на...

Половина милион лева за Бугарите во Македонија и во други земји

Бугарската влада наменила 500.000 лева (256.000 евра) за финансирање проекти на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и на организации на граѓани на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, а парите ќе бидат исплатени од буџетот на бугарското Министерство за надворешни работи за 2020 година, соопшти ова министерство. „Ова решение треба да им помогне на организации за...

Македонски пчелари кои заталкале во Бугарија добија условни казни за незаконско преминување граница

Реонскиот суд Ќустендил досуди по 3 месеци затвор - условно за три години, како и глоба од 100 лева (околу 48 евра) на двајца македонски пчелари оти незаконски влегле на територијата на Бугарија. Според соопштението на веб-страницата на судот Горан Х (39) и Милан М. (62) на пат кон селото Селник и местото каде што биле поставени нивните сандаци со...

Корифејот на борбата за Македонија стана провокација за бугарската матрица

Бугарскиот портал „Пик“ пренесувајќи вест од други бугарски медиуми, успеа да види провокација за Фејсбук-постот на претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, за годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, корифејот на македонското револуционерно дело, борецот за автономна Македонија и познат противник на Врховистичките шеми и политика кои се кроеле во Софија. Во насловот на „Пик“, „ПОРЕДНА ПРОВОКАЦИЯ! Зоран...

Македонија длабоко последна на листата земји според медиумската (не)писменост

Финска, Данска, Холандија, Шведска и Естонија се на врвот на Индексот за медиумска писменост за 2019 година. Македонија е последна на листата од 34 земји со одвај 12 индексни поени, зад Турција која има 19 поени. На прво место е Финска со 78 поени. Тоа место нејзините граѓани го добија според отпорноста на лажни вести што се должи на квалитетното...

Бугарија: Либерализацијата на железничкиот превоз донесе корист за компаниите и граѓаните

Железничкиот сектор во Бугарија веќе неколку години наназад функционира со либерализиран пазар. Наместо еден железнички превозник како што е случајот со Македонија, нашиот источен сосед во 2018 година имал дури 15 лиценцирани превозници. Во патничкиот превоз функционира единствено „Бугарската државна железница (БДЖ) - патнички превоз“, додека повеќе од половина од товарниот транспорт го реализираат приватни железнички компании. Бугарскиот професор Симеон...

За Бугарите од странство, Софија нуди бесплатно студирање и стипендии

Со промените на четирите нормативни акти што бугарската влада ги усвои денеска, од школарина за државните виши школи и факултети во Бугарија ќе бидат ослободени сите студенти од бугарската дијаспора во Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Молдавија и Украина. Студентите од овие земји сега плаќаат школарина колку жителите на Бугарија, освен ако нема двостран договор за ослободување од школарина...

Бугарски историчар ги нарече бугарските колеги „диносауруси, кои фабрикуваат факти“

„Диносауруси“ вадат „јазични“ декларации и ги дозаплеткуваат работите, а фабрикувањето „факти“ за „македонскиот Крвав Божик“ од 1945 година продолжува и понатаму, без оглед на ситуацијата што реално се случила. Фактите што бугарските историчари ги пласираат, не соодветствуваат на реалноста, порачува бугарскиот историчар, Стефан Дечев, во колумна што ја објави Радио Слободна Европа на бугарски јазик. Историските факти што ги наведува...

Бугарите од Скопје го фатија во лага „Телеграф“ дека е скршена спомен-плочата на Мара Бунева

Целосно лажна вест дека наводно повторно била скршена спомен-плочата на Мара Бунева, објавена во бугарскиот весник „Телеграф“ разоткри Лазар Младенов, претседателот на Управниот одбор на Бугарски културен клуб Скопје. Тој на својот Фејсбук-профил објави фотографија од вест објавена вчера на 8-та страница од бугарскиот весник „Телеграф“ која освен што носи наслов „Пак ја скршија плочата на Мара Бунева“, почнува со...

Пред очите на светските историчари, новинар сака да ја побугари Охридската архиепископија

Средбата на техничкиот премиер Оливер Спасовски поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев со Цариградскиот патријарх Вартоломеј, предизвика одгласи во балканските медиуми, коишто во најголемиот дел поприлично суво и технички ги пренесуваа соопштенијата од македонската влада и, се разбира од Цариградската патријаршија, како и вестите во македонските медиуми. Иако, изненадувачки, дури и такви портали или новински агенции со...

На пауза или стоп: Димитров и Ѓорѓиев не се согласуваат ниту за моменталниот статус на Заедничката комисија

Д-р Ангел Димитров, еден од двајцата со-претседавачи на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања и за учебниците (вториот со-претседавач, од македонска страна, е д-р Драги Ѓорѓиев, директорот на македонскиот Институт за национална историја) во саботата повторно ги изнесе своите обвинувања до македонските членови на заедничката комисија (искажани првпат во декември) дека не ја паузирале, туку ја прекинале работата на...

Бугарскиот министер за животна средина притворен поради увоз на отпад од Италија

Нено Димов, министерот за животна средина и водни ресурси на Бугарија вчера беше притворен на 24 часа, по истражувањето на „ЕУрактив Бугарија“, кое покажа дека иако нивото на вештачкото езеро што го снабдува Перник со вода било алармантно ниско уште во август минатата година. Дополнително, тој се товари и за увоз на отпад во Бугарија, главно од Италија, пишува „ЕУрактив“. Вчера...

Бугарски медиум ги „помеша брзините“ – Македонија не ги зголеми сообраќајните казни

Пишувајќи за зголемувањето на сообраќајните казни во Бугарија, кое треба да се случи на 21 јануари, бугарската агенција „Блиц“, во рубриката за автомобилизам, пласираше една дезинформација за Македонија. Имено, изнесувајќи ги износите за новите сообраќајни казни што ќе се изрекуваат во Бугарија за неполни две седмици, „Блиц“ пишува дека казните во текот на летото се зголемиле „во Грција, Северна Македонија,...

„Информер“ шпекулира дека Македонија не сакала бугарски воени авиони

Веста дека во текот на вчерашниот ден, 24.12.2019 година, два грчки воени авиони од базата во близина на Лариса го прелетале целосно небото над државава во рамките на техничкиот (НАТО) договор меѓу Скопје и Атина за чување на безбедноста на македонското небо, беше пренесена од повеќе медиуми, меѓу кои и од српски „Информер“, но со шпекулативен наслов. „Информер“ со наслов...

Ах, маките на „Дума“ со „недоносени“ заклучоци

Во којзнае кое продолжение веќе во „историскиот сериски спектакл“ што се „снима“ во соседна Бугарија, бугарскиот дневен весник со лева ориентација „Дума“ излезе со „нова“ лекција и за „неосвестените“ во Македонија, но и за бугарската власт. Во серија жалопојки и „факти“, во коментарот „Ех, мъко македонска“ (Ех, мако македонска), авторката се обидува да ги поучи и оние што не го...

„Спутник“ ги плаши Бугарите дека Македонија има територијални претензии 

Новинската агенција „Спутник“ (Србија) вчера излезе со спектакуларен наслов: „Бугарски политичар: Прашање на денови е кога Македонија ќе побара дел од Бугарија“ (Bugarski političar: Pitanje dana kada će Makedonija da zatraži deo Bugarske). Самата насловна конструкција испраќа порака дека Македонија има територијални претензии кон Бугарија, што е навистина смешно. Тоа едноставно нема никаква допирна точка со вистината и со македонската политика за градење и негување на добрососедските односи.  И не само насловот, туку текстот...

Директорот на бугарскиот Архив: Со македонските колеги ќе објавиме факсимилно издание за Гоце Делчев

Бугарскиот и македонскиот архив ќе издадат заедничко издание со документи за животот и делото на Гоце Делчев, изјави за бугарската новинска агенција БГНЕС доц. д-р Михаил Груев, претседател на бугарската Државна агенција „Архиви“. Тој вели дека тоа е договорено при посетата на директорот на Државен архив на Република Северна Македонија, д-р Емил Крстевски, на Софија на 12 и 13...

Бугарски „Стандарт“ со „исплашен“ наслов за реакциите на Заев и Димитров на негаторството од БАН

Бугарскиот весник „Стандарт“ објави на својата веб-страница денеска текст со наслов „Нè плашат со крај на пријателството со Македонија“, со кој е озаглавен текст за реакциите на министерот Никола Димитров и премиерот Зоран Заев на потегот на Бугарската академија на науките (БАН) да нагласи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. На едно место во текстот на „Стандарт“ се наведува...

Историјата од „семоќното толкување“ на „Труд“ и рускиот одговор

Бугарскиот весник „Труд“ на својата веб-страница на 4 ноември објави колумна од Костадин Филипов, еден од најгрижливите скрибомани во бугарскиот медиумски простор кој речиси не остава да помине ден без да пишува за „македонското фалсификување на историјата“. Во овој текст тој во фонот на самитот на НАТО коментира за политичката ситуација и расположението во Македонија, навраќајќи се и на автентичното...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...