fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Контраспин: Повеќедецениски спор меѓу две држави не се решава за 6 дена

Несериозно е политичар и тоа прв вицепремиер во Владата на РСМ, да дава изјави дека спорот со Бугарија може да се реши за 6 дена, без да има конкретни факти, аргументи или документи. Не може јавно искажан збор, макар и од бугарски премиер, за „нов конструктивен тон“ и решавање на спорот за 6 месеци, да му даде легитимитет да...

Бугарскиот претседател Радев за „ЕУрактив“: Северна Македонија да го смени Уставот

Република Северна Македонија треба да го смени својот Устав. Тоа би било чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, во интервју за угледниот „ЕУрактив“ порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој минатиот месец го освои вториот мандат на функцијата прв човек на Бугарија. Во однос на одредени алузии дека спорот меѓу двете земји влегува во нова фаза во која...

Бугарија доби нова влада, новиот премиер е Кирил Петков

Парламентот со 134 гласа „за“ и 104 гласа „против“ денеска ја избра новата бугарска влада предводена од премиерот Кирил Петков. За формирање на извршната власт гласаа пратениците од „Промената продолжува“, предводена од Петков, потоа Бугарската социјалистичка партија, како и „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, додека против гласа пратениците од ГЕРБ, ДПС и Вазраждане. „За четири години од денеска Бугарија ќе...

Претседателот Радев му го врачи мандатот на Петков за формирање на бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска влада на Кирил Петков, потпретседателот на победничката партија „Промената продолжува“, јавуваат бугарските медиуми. Веднаш по врачувањето на мандатот, Петков изјави дека гласањето на новиот владин состав во бугарскиот парламент ќе се одржи уште во понеделник, нагласувајќи дека тој нема да изгуби ниту минута бидејќи има многу...

Вистиномер: Немало осми преживеан од автобуската несреќа кој се качил автостоп во автобусот на „Беса транс“

Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста во врска со бројот на патници и бројот на преживеани од  автобусот кој трагично изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, а во кој животот го загубија 45 лица и 7 беа повредени, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Постот споделува напис со наслов „Човечка грешка е главниот сомнеж за кој...

Почнаа консултациите за нова влада на Бугарија – Радев прво прашал за став за Северна Македонија

Времето на едноличната премиерска власт заврши, порача претседателот на Бугарија, Румен Радев, почнувајќи ги претпладнево консултациите со парламентарните партии за формирање на новата влада на Бугарија, јави бугарски „Медиапул“. „Ефикасно управување во формата на коалиција може да постои само ако има взаемно почитување меѓу партнерите. Времето на едноличната премиерска власт заврши и надежта тоа да се поврати беше категорично отфрлено...

Заев и Гаши ја објавија коалицијата: Имаме стабилно парламентарно мнозинство

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска потпишаа Договор за ново и стабилно парламентарно мнозинство и за учество на Алтернатива во составот на Владата. Алтернатива вчеравечер ја донесе одлуката да влезе во владината коалиција. Постигнатиот договор за владата со Алтернатива се однесува до крајот на 2024 година, а оваа партија во идниот владин кабинет ќе раководи со...

Пристигнаа посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигнаа двата воени авиони со посмртните останки на 45-те жртви кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија. По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром, организиран е државен пречек на кој присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир...

По барање на семејствата на загинатите поворката низ Скопје е откажана

Денес посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе пристигнат со два воено-транспортни авиони. Поворката која требаше да помине низ главниот град е откажана по барање на семејствата на загинатите со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. Сепак, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит со положување цвеќе на плоштадот Скендербег во периодот...

Утре на плоштадот Скендербег граѓаните ќе можат да оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа

Утре во 9 часот, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи. По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот...

Идентификувани телата на сите 45 загинати во автобуската несреќа, останките утре со два авиона пристигнуваат во Скопје

Идентификувани се сите 45 загинати жртви на автобуската несреќа на возилото на „Беса Транс“, кое изгоре во пожар по 2 часот ноќта на 23 ноември на автопатот „Струма“ кај селото Боснек, близу Перник, соопшти директорот на Националната истражна служба на Бугарија, Борислав Сарафов. Како што пренесе „Медиапул“, идентификацијата е направена преку ДНК анализите. Примероците од роднините во земјава ги зедоа соодветните...

Условите на патот не се причина за бројот на загинати, туку пожарот во автобусот

Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова денеска заедно со нејзините колеги ги објави резултатите од увидот на патниот правец каде што се случи автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски државјани. Според Комитова, автопатот „Струма“ каде на 23 ноември се запали автобусот на „Беса Транс“ имал мани, но тие не се причина за трагедијата. „Во 2002...

Симеон Ананиев: Истрагата и судењето за несреќата во Бугарија може да трае и 5 години

Мета.мк направи интервју со Симеон Ананиев, претседател на Здружението на вешти лица на Бугарија и професор на Универзитетот по транспорт „Тодор Каблешков“ од Софија по несреќата со автобусот на „Беса транс БТБ“ што се случи минатата недела на автопатот „Струма“ во близина на бугарскиот град Перник. Несреќата на автобусот „Беса Транс БТБ“ на автопатот „Струма“ предизвика шпекулации за причината за...

Вистиномер: Не е точно дека во автобусот на „Беса транс“ се шверцувале еден тон нафта и 30 илјади петарди

Бугарските обвинители на прес-конференција демантираа дека во автобусот имало туби со нафта. „Има верзии дека имало туби со гориво. Таа верзија од нас е отфрлена. Најдени се 3 туби но биле празни, има остатоци од нафта која ја користи автобусот, а пожарот не настанал од тубите“, изјави Борислав Сарафов, заменик главен обвинител на Бугарија. Сарафов кажа дека на местото...

Филипче: Двајцата пациенти од Бугарија префрлени на Клиниката за пластична хирургија

Пациентката на 17 годишна возраст и пациентот на 49 годишна возраст, кои беа повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма" во Бугарија, претпладнево се префрлени на лекување во клиничкиот центар „Мајка Тереза" во Скопје, информира Министерството за здравство. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, ги пречека пациентите и во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни,...

ЈО: Се обезбедуваат докази и се сослушуваат лица за трагедијата во Бугарија

Во интерес на истрагата за трагедијата во која загинаа 45 лица во Бугарија, а која се одвива по меѓународни стандарди, нашето обвинителство денеска ги предаде на бугарските обвинители сите потребни документи и докази, информира пред малку на прес-конференција јавниот обвинител Љубомир Јовески. На прес-конференцијата во обвинителството присуствуваа и заменик-окружниот јавен обвинител во Перник Бисер Јорданов Михајлов, како и истражителот...

Експертите тврдат: Во земјава не постои систем за ефикасна контрола на транспортните компании

Контролите што се спроведуваат во превозот на патници со автобуси и комбиња не се строги, не се редовни и се без резултати. Постојат делови од различни институции кои функционираат независно едни од други, без директна поврзаност меѓу истите. Државниот инспекторат за транспорт и да има 100 инспектори, тие нема да можат ниту основните контроли да ги направат како што...

Бугарското обвинителство ја пронајде 45-та жртва, станува збор за дете

При дополнително прегледување на изгорениот автобус на „Беса Транс“ што во вторникот ноќта имаше сообраќајка и изгоре на автопатот „Струма“ близу бугарскиот град Перник, е пронајдено уште едно тело. Станува збор за тело на дете, јави Бугарската националната телевизија (БНТ), пренесувајќи изјава на заменик-главниот обвинител на Бугарија и раководител на Националната истражна служба, Борислав Сарафов. Со ова сознание, бројката на...

Утврдувањето на причините за пожарот ќе биде најтешкиот дел од истрагата за автобуската несреќа

По кобната несреќа на автобусот на „Беса транс БТБ“ на автопатот „Струма“ во Бугарија, бугарските органи излегоа со податокот дека целокупната истражна постапка би траела шест месеци за да се осознаат причините за сообраќајната незгода. Мета.мк го контактираше Дејан Трпевски, судски вештак за сообраќајни незгоди, којшто објаснува дека најмалку време на истрагата ќе ѝ треба за утврдување на причините за...

Јовески: ДНК анализите од семејствата на загинатите денеска ќе бидат предадени на Бугарија

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне. Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...