fbpx
Таг: Бугари

таг: Бугари

Уставните измени доминираа меѓу спинерските трендови за 2023 година

Прашањето за внесување на Бугарите во Уставот беше предмет на најбројни и најчести дебати околу кои беа забележани манипулации и извртување на вистината. По нив следуваа дебатите за борбата против корупцијата и организираниот криминал, во тој контекст посебно измените на КЗ во делот на злоупотреба на службена положба и овластувања, зголемувањето на пензиите, решавање на проблемот со инфлацијата, лек...

Медиапул: Македонците можеби ќе го одложат внесувањето на Бугарите во Уставот

Бугарските медиуми го цитираат претседателот Пендаровски, кој според нив најавува дека е можно промената на Уставот и внесувањето на Бугарите во преамбулата да биде оставено на следниот парламентарен состав. Оваа промена на Уставот е услов за одржување на втората меѓувладина конференција со Европската унија и отварање поглавјата во преговорите на Македонија за членство во унијата. Во текстот објавен на бугарскиот...

Контраспин: Изјавата на Мицкоски за „благонадежните Блгари Ковачевски, Пендаровски и Османи“ е спин

Нема ниту еден елемент во преговарачката рамка со ЕУ со кој е засегнат македонскиот идентитет. Оттаму, изјавата „за благонадежни Блгари“ за тие што ја прифатиле е спин. Сосема е друго прашање за руската политика на Балканот и заедничките точки со изборот на водење на македонска државна политика по принципот на реципроцитет, како и цената и последиците од таквата политика...

Пред пописот во Албанија, бугарската потпретседателка Јотова во посета на Голо Брдо

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска заминува во посета на Албанија, каде ќе се сретнела со претставници на бугарското малцинство, извести Бугарско национално радио (БНР). Посетата доаѓа пред пописот на населението и живеалиштата во Албанија, кој се очекува да почне следната седмица. Првата активност на Јотова ќе биде средба со претставници на бугарската заедница во Голо Брдо. Албанија во октомври 2017 година...

Александар Николоски не признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и против ЕУ

Не е вистина дека Николоски признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и дека е против ЕУ, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Очигледно е дека станува збор за монтирано видео, со цел да се оцрни најголемата опозициска партија. Доколку се слушне целосното интервју на Николоски, дадено за ТВ21, ќе се види дека тој зборува за наративот на власта која...

Османи со писмо до пратениците: Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина

Во пресрет на утрешната дискусија за усвојувањето на уставните измени со кои треба Бугарите да се внесат во Уставот како дел од евроинтегративниот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку писмо им порача на пратениците дека европската иднина на државата зависи од нивните одлуки. „Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме...

Владата ги усвои уставните амандмани и повика на совесност од сите пратеници

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот и одлучи документот да биде доставен до Собранието. „Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа...

Работната група за уставни измени го усвои Деловникот, не се предвидени други интервенции во Уставот

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од уставни измени со кои Бугарите и другите народи треба да бидат вметнати во Уставот денеска едногласно го усвоила Деловникот за работа. Претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска ја отфрли можноста работната група да расправа за други интервенции во Уставот, пред сè оние што се однесуваат на јазиците на другите етнички...

Работната група за уставни измени расправаше по Деловникот, ќе се гласа идниот петок

Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измена на Уставот на денешната седница расправаше за Деловникот и начинот и методологијата на работа, информираше Министерството за правда. Се очекува Деловникот да се усвои на следната седница која е закажана за петок по што ќе се отпочне со материјална расправа за предлог иницијативата за измена на Уставот. Истото денеска го...

Работната група за уставните измени почна со работа, Цаца Николовска избрана за претседател

Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе биде претседател на работната група за уставните измени. Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право, ќе биде заменик-претседател. Вака едногласно изгласале денеска членовите на работната група за уставните измени кои денеска ја имаа првата работна средба. Работната група има 23 членови...

Објавена листата на експерти кои ќе ги подготвуваат уставните измени

Министерството за правда ја објави листата експерти во работната група за уставните измени. Од Министерството велат дека во наредниот период списокот ќе се дополнува и со други членови кои треба да дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. Засега, работната група ќе биде составена од следните експерти: Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд Маргарита Цаца Николовска -...

Пендаровски: Не ме загрижува заменa на „20 отсто“ со „албански јазик“, прв би поддржал такво нешто

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на дебатата за уставните измени во државата, на прашање на Порталб.мк во врска со предлогот за заменa на „20 отсто“ со „албански јазик“ во Уставот, кажа дека тоа воопшто не го загрижува бидејќи според него, тоа е нешто природно. Во склоп на уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот, опозициската партија Движење Беса побарала...

Ковачевски пред една недела знаеше кој е ставот на Груевски за уставните измени, а сега не знае

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски се доведе во ситуација на недоследност во изјавите околу ставот на претходниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Причина за ова најверојатно е војната што се води меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој има „пишманџии“ во своите редови околу уставните измени, со кои Бугарите треба да бидат споменати како посебна етничка заденица во...

Постот шпекулира дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ договориле референдум за уставни измени

Изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски, ниту Ковачевски, досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук манипулира дека двете најголеми партии...

Милков: Бугарскиот амбасадор нема да се врати во Скопје набргу

Бугарскиот амбасадор нема да биде вратен во Скопје набргу, можно е и да бидат стопирани заеднички проекти, порача министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во гостување утрово на државната телевизија БНТ. Тој порача дека бил неприфатлив наративот дека македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, бил наркоман и наркодилер, како и дека бугарските...

Коџобашев: Македонската опозиција провоцира, семејството на Вапцаров е вознемирено

Намерата на претставници на опозицијата во РСМ да учествуваат во отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ в недела во Благоевград за бугарското Министерство за надворешни работи е провокација. Заменик-министерот за надворешни работи (МНР), Костадин Коџабашев, рече и дека семејството на поетот Никола Вапцаров е вознемирено поради користењето на името на поетот за „вакви провокации“, пренесува Бугарското национално радио...

Бугарскиот премиер Петков ги повтори трите барања, Вархеји се надева на решение до крајот на месецов

На заедничка прес-конференција во Софија со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се „спротивстави на лажните вести“ дека сака самостојно да го крене ветото за Северна Македонија и рече дека Бугарија има три услови за Северна Македонија. Вархеји пак рече дека Европската Комисија е фрустрирана од тоа што сè уште нема решение за спорот и...

Според пописот, во Македонија има 3.504 Бугари, а само 762 зборуваат бугарски дома

Во Северна Македонија живеат вкупно 3.504 лица што се изјасниле како Бугари на пописот што се спроведе минатата година, а чии резултати беа соопштени денеска. Бројката на оние што се изјасниле дека дома вообичаено зборуваат бугарски е 762 лица, односно четири и кусур пати помалку од бројката на Бугари. Оваа бројка е отприлика двојно помала од бројката на лица што...

Половина милион лева за Бугарите во Македонија и во други земји

Бугарската влада наменила 500.000 лева (256.000 евра) за финансирање проекти на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и на организации на граѓани на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, а парите ќе бидат исплатени од буџетот на бугарското Министерство за надворешни работи за 2020 година, соопшти ова министерство. „Ова решение треба да им помогне на организации за...

Развигоров тврди, а не проверил: Во Македонија нема закон за македонска национална чест

Во интервју за бугарската новинска агенција „Фокус“, Михаил Развигоров, внук на познатиот револуционер Мише Развигоров, зборувајќи за состојбата на Бугарите во денешна Македонија кажа очигледна невистина - дека во земјава е се уште на сила „Закон за заштита на македонската национална чест“. „...Не е тајна дека веќе 75 години цензурата за пројавување на бугарштина е многу жестока. Тоа произлегува од...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...