fbpx
Таг: бродска несреќа

таг: бродска несреќа

Најмалку 41 мигрант загинаа во бродска несреќа во Италија

Четириесет и еден мигрант загина во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, изјавиле преживеани од катастрофата за локалните медиуми, а пренесе Би-би-си. Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод кој тргнал од Сфакс во Тунис и потонал на пат кон Италија. Преживеаните, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, стигнале до Лампедуза денеска. Станува збор...

Преживеани тврдат дека грчките крајбрежни власти ги присилиле мигрантите за несреќата да ги обвинат Египќаните

Продолжуваат бранувањата околу трагедијата што минатиот месец се случи во близина на грчкиот јужен брег кај градот Пилос, кога се преврте рибарски брод кој превезуваше мигранти од Либија кон Италија. Новите докази дополнително ја оспоруваат официјалната верзија на грчките власти за смртоносното потонување на бродот во кое се проценува дека загинале до 600 лица. Двајца преживеани опишале како крајбрежната стража...

Грчката крајбрежна стража била одговорна за потонувањето на мигранскиот брод, покажува независна истрага

Обидите на грчката крајбрежна стража да го влече рибарскиот брод кој превезувал стотици мигранти е веројатно причината за потонување на бродот, покажала заедничката истрага на Гардијан, германскиот јавен радиодифузен сервис АРД/НДР/Фанк и грчкиот истражувачки медиум Соломон во соработка со Форензис – истражувачка агенција со седиште во Берлин, Германија која ги истражува прекршувањата на човековите права. Овие медиуми започнаа истрага за...

По бродската несреќа во Грција ќе им се суди на деветмина, во Пакистан прогласен Ден на жалост

Деветмина осомничени шверцери на луѓе треба да се појават пред грчкиот суд под обвинение дека управувале со рибарскиот шверцерски брод со мигранти кој минатата недела потона во близина на грчкиот брег кај Пелопонез, резултирајќи со стотици исчезнати за кои се претпоставува дека се мртви. Бродската несреќа е една од најтешките катастрофи во Медитеранот, пишува „Гардијан“. Грчките власти соопштија дека досега...

Во превртениот брод кај Пелопонез најверојатно имало околу 100 деца

Преживеаните од несреќата во која рибарски брод со мигранти се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција кај Пелопонез, рекле дека на бродот најверојатно имало околу 100 деца. Ова во изјава за Би-Би-Си го кажал вишиот лекар во Општата болница во Каламата, Манолис Макарис, кој ги лекувал преживеаните од бродоломот. „Тие (преживеаните, н.з.) ни кажаа дека има...

Најмалку 78 загинати лица откако рибарски брод се преврте кај Пелопонез

Најмалку 78 тела се пронајдени од спасувачите откако рибарски брод со мигранти рано утрово се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција, кај градот Пилос на Пелопонез. Грчкиот портал „Екатимерини“ пишува дека постојат стравувања оти бројот на загинати може дополнително да се зголеми. Спасени се 104 лица, а информациите сугерираат дека на бродот се наоѓале повеќе од 400...

Осум лица загинаа, 21 исчезнати во судир на два брода во Будимпешта

Официјално, засега осум лица загинале, а 21 се водат како исчезнати по судир на два брода вчеравечер во Будимпешта, кои пловеле по Дунав близу парламентот на Унгарија. Малиот туристички брод луксузен брод бил удрен од многу поголем, при што се превртел и потонал. На бродот имало туристи од Јужна Кореја, а меѓу исчезнатите е и петчлено семејство. Денеска по исчезнатите...

Товарен брод потона во Црно Море

Товарен брод со 12-член екипаж од Русија, Украина и од Грузија денеска потона во Црното Море, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Спасувачите пронашле едно лице, а уште четири се локализирани и се подготвуваат за нивно префрлување на спасувачки брод, соопшти висок претставник на министерството на Крим, Владимир Иванов, кој не наведе што се случило со другите членови на екипажот. На...

Во Египет осудени 56 лица поради бродска несреќа во која загинаа 200 мигранти

Египетскиот суд осуди 56 лица на затворска казна поради поврзаност со превртувањето на бродот со мигранти минатата година во септември, кога загинаа 200 лица. Осудениците добија казна до 14 години затвор, а меѓу делата за кои се осудени се убиство, убиство без предумисла и небрежност, пренесува „Би-би-си“. Исто така, има осудени и за загрозување животи, земање пари од жртвите, некористење на спасувачка...

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на Либија

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на брегот на Либија, јавуваат светските медиуми. Пред неколку дена, телата на 74 мигранти биле исфрлени на брегот на либиски град Завија, но тогаш не се знаеле причините за смртта. Според изјавите на еден од преживеаните мигранти, на бродот имало 133 лица, а само 24 од нив се спасиле.

Запрен сообраќајот на Босфорот поради бродска несреќа

Бродскиот превоз низ Босфорот е запрен откако товарен брод се судри со пловило на крајбрежната стража. Истанбулските власти соопштија дека шест лица се спасени после денешниот судир. Не е објавено колку долго ќе биде затворен овој стратешки важен пловен пат. Околу три отсто од светските нафтени резерви секоја година минуваат низ Босфорскиот премин.

Повеќе од 700 мигранти настрадале во три бродски несреќи

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци УНХЦР објави дека во последните три дена, повеќе од 700 мигранти настрадале во три бродски несреќи во Средоземното Море, јужно од италијанското крајбрежје. Мигрантите се обидувале да стигнат во Европа, криејќи се во чамци кои не се наменети за пловење по отворено море. Портпаролката на УНХЦР, Карлота Сами за агенцијата „АП“ изјавила дека 100...

Бројот на загинати мигранти кај Самос се искачи на 24 лица

Бројот на мигранти што ги загубиле животите во бродската несреќа што се случи денеска кај грчкиот остров Самос се искачи на 24 лица, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации од грчката крајбрежна стража. Десет мигранти што патувале со бродот кој утрово се превртел кај Самос биле спасени, а според информациите на крајбрежната стража, продолжува потрагата по 11 лица кои се водат како...

12 мигранти загинале во бродска несреќа кај Измир

Дванаесет мигранти ги загубиле животите, а 26 биле спасени, во бродска несреќа кај турското пристаниште Измир, во Егејско Море, соопшти турската крајбрежна стража. Несреќата се случила кога поради невреме се превртел бродот што ги превезувал бегалците во Грција. Според податоците на турската крајбрежна стража, од почетокот на оваа година настрадале околу 40 мигранти во обид од Турција да преминат во Грција.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...