fbpx
Таг: бродолом

таг: бродолом

Пет лице исчезнаа во бродолом во Бразил

Пет лица исчезнаа откако рибарски брод со 23-член екипаж потона кај брегот на Рио де Жанеиро соопштија бразилските власти. Бразилската морнарица наведе дека друг рибарски брод кој пловел во близина, од водата извлекол 18 лица. Бродот потонал ноќта меѓу среда и четврток, во близина на градот Ангра дос Реис. Во потрагата за петте исчезнати се вклучени петролни бродови на морнарицата и...

Во бродолом во Индија загинаа 19 лица

Деветнаесет лица се удавија откако брод кој превезувал градежни работници се превртел во раката Јамуна во Северна Индија, а сè уште се трага по исчезнатите патници, соопшти индиската полицијата. Висок полициски претставник, Рам Кумар, соопшти дека повеќе од 60 лица се наоѓале на бродот во моментот кога пловниот објект се превртел во близина на градот Багпата, во индиската држава Утар...

Во бродолом на Медитеранот се удавиле 130 мигранти

Речиси 130 мигранти се пронајдени мртви во Медитеранот откако чамецот на кој се наоѓале потонал, соопшти Меѓународната организација за миграција. Портпаролот на организацијата, Флавио ди Џакомо, изјави дека мигрантите се пронајдени недалеку од крајбрежјето на Либија, од каде се обиделе да стигнат во Европа. Според изјавите на четворица преживеани мигранти, тие во четвртокот тргнале од Либија, меѓутоа по неколку часа нивниот чамец...

Потврдена пресудата од 16 години затвор за капетанот на „Коста Конкордија“

Касацискиот суд на Италија, како највисока судска инстанца, ја потврди пресудата за затворската казна од 16 години на капетанот на гигантскиот туристички брод „Коста Конкордија“, Франческо Скетино, поради предизвикување бродолом при кој во 2012 година загинаа 32 лица. Касацискиот суд всушност ги потврди пресудите на Основниот суд од 2015 и на Апелацискиот суд од 2016 година. Скетино беше обвинет за...

Во Средоземното Море се удавиле 340 мигранти

Околу 340 мигранти загинале или исчезнале во бродолом во Средоземното Море во претходните два и пол дена, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Портпаролот на ИОМ, Флавио ди Џиакомо, наведе дека тоа значи дека повеќе од 4.500 мигранти починале или исчезнале во текот на 2016 година. Тој додаде дека членовите на меѓународната организација „Лекари без граници“ во текот на ноќта спасиле...

Во бродолом кај Египет, се удавија 115 мигранти

Египетските власти денеска од море извлекоа 115 тела, три дена откако се преврте брод со мигранти кај средоземниот брег на Египет. Гувернерот на провинцијата Бехеира, Мохамед Султан, рече дека стравува оти во бродоломот настрадале уште неколку десетици бегалци и мигранти. Бродот се превртел на 12 километри од градот Розета, на северот на Египет. Египетската новинска агенција МЕНА јави дека бродот превезувал околу...

Бродолом во Тајланд, 18 загинати

Двокатен патнички брод се преврти во реката Чао Праја, северно од Бангкок, при што загинаа најмалку 18 патници, соопштија тајландските власти. Несреќата се случила вчера, кога бродот кој превезувал повеќе од 100 лица на туристичка екскурзија потонал за помалку од две минути, на само пет километри од крајбрежјето. Повеќе од 44 патници се повредени и тие се пренесени во локалната болница, пренесуваат...

Стотина мигранти се удавија кај брегот на Либија

Стотина мигранти настрадаа во бродолом во Средоземното Море, во близина на брегот на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повикувајќи се на изјави на преживеани. Според податоците на ИОМ, бродот превезувал околу 650 лица, повеќето Мароканци. Италијанската морнарица спасила 562 лица, но стотина се водат за исчезнати.  

Се превртел брод со мигранти кај Либија

Околу 500 лица се спасени, а седум се удавиле откако брод полн со мигранти се превртел кај брегот на Либија, соопшти италијанската морнарица. Досега пронајдени се телата на седум лица, но операцијата за спасување продолжува. Светските агенции јавуваат дека патролниот брод „Бетика“ примил повик за помош од брод кој превезувал мигранти.

Во судир на кинески бродови исчезнаа 17 лица

Седумнаесет лица исчезнаа во Источното Кинеско Море откако кинески рибарски брод се судри со странски товарен брод и потона, соопшти кинеската крајбрежна стража. На рибарскиот брод, во моментот на несреќата се наоѓале 19 лица, а двајца од нив биле спасени од рибарски бродови кои биле во близина. Во тек е спасувачка акција за пронаоѓање на исчезнатите.

Најмалку 21 загинат во бродолом кај Хаити

Најмалку 21 лице загинале при бродолом во близина на Хаити, кој се случил поради силни дождови и невреме. Спасувачките екипи, јавуваат светските агенции, почнале со извлекување на телата на загинатите по потонувањето на бродот кој пловел од местото Гонаив, на северот на Хаити, кон местото Бомбардополис. Засега не се знае точно колку патници имало на бродот во моментот на несреќата. Според...

Египет: 400 мигранти се удавија во близина на африканскиот брег

Повеќе од 400 илегални имигранти се удавија во Средоземно Море кога бродот со кој се обиделе да стигнат до брегот на Европа се превртел, јавува „Би-би-си“. Според информациите на египетските власти, најголем дел од загинатите биле од Сомалија, а бродот кој пловел кон Италија се превртел во близина на африканскиот брег.

Кај Турција се удавија 25 бегалци

Најмалку 25 бегалци се удавија кај брегот на Турција, обидувајќи се да стигнат до Грција, со што се зголеми бројот на настраданите по вчерашниот бродолом. Турската крајбрежна стража успеала да спаси 15 мигранти кај крајбрежниот град Дидим, во Југозападна Турција, Меѓу загинатите има и три деца. Истовремено, претставници на грчката полиција соопштија дека македонските власти вовеле дополнителни ограничувања за бегалци кои...

Се превртеа два брода со мигранти – 33 удавени

Кај турскиот брег во Егејско Море се превртеле два брода со мигранти. Турските медиуми јавуваат дека 33 лица се удавиле. Најмалку 22 мигранти настрадале кога бродот што пловел кон грчкиот остров Лезбос се превртел кај турскиот брег. Крајбрежната стража спасила четири мигранти. Во друг инцидент 11 лица се удавиле, а спасени се тројца мигранти. Според податоците на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на...

Девет мигранти се удавија во Егејско Море

Најмалку девет лица, од кои две деца, денеска се удавија во Егејско Море, кај западниот брег на Турција, откако потонал бродот со мигранти кој се обидел да стигне до Грција, јавуваат турски медиуми. Драмата се случила кај местото Сеферихисар, во западната турска провинција Измир, од каде мигрантите тргнале. Местото е во близина на грчкиот остров Самос. Два мигранти се спасени, а 11...

Грција: Се удавија 12 бегалци, од кои осум деца

Најмалку 12 бегалци, меѓу кои осум деца, загинаа денеска откако нивниот чамец се превртел кај источниот грчки остров Самос, соопшти крајбрежната стража. Грчката крајбрежна стража и чамци на Фронтекс покренаа потрага, но засега не е познато колку лица биле во чамецот. Светските агенции пренесуваат дека 10 лица се спасени, а се претпоставува дека околу 20 исчезнале. Ова е втора бегалска трагедија во...

Нова бегалска трагедија во Егејот – пронајдено тело на бебе

Чамец со бегалци се превртел во источниот дел на Егејско Море, кај северниот брег на островот Кос, а спасувачите досега пронашле тело на бебе, соопштија денеска грчките власти. Крајбрежната стража наведе дека едно лице успало да доплива до брегот и да повика помош. Преживеаните наведоа дека во чамецот се наоѓале меѓу шест и 10 лица. Во потрагата учествуваат патролни чамци на крајбрежната стража,...

Продолжува потрагата по исчезнатите во бродоломот во Индонезија

Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата по лицата што исчезнаа по потонувањето на траект со 118 лица во Централна Индонезија, јавуваат светските агенции. Несреќата се случи пред два дена поради лошите временски услови кај островот Сулавези. Тројца патници загинаа, од кои две се деца, а 39 се спасени. Судбината на 76 лица не се знае, а сè помали се изгледите дека има уште...

Во бродолом кај Турција загинаа 14 лица

Четиринаесет бегалци, меѓу кои и седум деца, утринава се удавија кај турскиот западен брег, откако нивниот брод потона на пат кон грчкиот остров Лезбос, јавија турските медиуми. Бродот потонал кај турското место Ајваџик, на Егејско Море. Тоа е главно место од кое бегалците преминуваат до Лезбос. Националноста на 27 лица, кои припадниците на турската крајбрежна стража ги спаси, засега не се...

Во Егејско Море вчера загинале 16 мигранти, од кои 11 деца

Најмлаку 16 мигранти, од кои 11 деца, се удавиле вчера во источниот дел на Егејско Море, во повеќе одвоени инциденти, вклучувајќи го и бродоломот кај островот Лезбос, во кој грчката крајбрежна стража успеала да спаси 242 лица, јавуваат светските агенции. Денеска, во близина на островот била спроведена опсежна потрага по 34 мигранти, кои се водат како исчезнати, по потонувањето на дрвениот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...