fbpx
Таг: бришење

таг: бришење

„Иван Михајлов“ од Битола избришан од Централен регистар, официјална Софија реагира

Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ - Битола од денеска не постои како правно лице во земјава. Тоа беше избришано од Централниот регистар (ЦР), откако вчера Министерството за правда до ЦР доставило Решение за неусогласеност на здружението со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, извести ЦР. Одлуката на Министерството за правда се темели...

Предностите, ризиците и правилата за поставување на видео-надзор

Развојот на модерната технологија донесе многу придобивки, но и ризици на кои што е потребно да се посвети посебно внимание, особено со поставувањето на видео надзорот, со оглед дека во последно време стана „модерно” да се поставуваат камери во домовите, на работните места, јавните површини итн. Преку видео надзорот се обработуваат лични податоци, односно сликите и снимките од видео...

Твитер ќе ги гаси профилите кои во континуитет шират невистини за ковид-19

Социјалната мрежа Твитер вчера соопшти дека воведуваат нови правила со кои ја засилуваат борбата против ширењето на невистини во врска со ковид-19. Твитер ќе поставува предупредувања на оние твитови кои содржат невистини за вакцините против ковид-19. Исто така, одредени профили на Твитер можат да бидат трајно забранети доколку во континуитет, и по пет предупредувања, продолжат да шират дезинформации против...

Фејсбук првпат избриша пост на Доналд Трамп поради дезинформација

Фејсбук избриша пост од претседателот на САД, Доналд Трамп, во кој се содржела дезинформација кажана од него за подложноста на децата на ковид-19. Ова е првпат компанијата која управува со најголемата социјална мрежа да не дозволи неточни содржини во пост на претседателот на САД. Во постот, објавен на личниот профил на Трамп, бил видеоклип од телевизијата „Фокс“ во кој Трамп...

Граѓаните од денеска со апликацијата „МојДДВ“ ќе имаат увид колку пари ќе добијат назад

Веб - апликацијата „МојДДВ“ од денеска е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, а со тоа и можноста да се има увид во износот за поврат на 15 отсто од ДДВ. Граѓаните ќе можат и да ги бришат оние фискални сметки кои веќе ги скенирале по грешка, со што ќе се овозможи да се надмине опасноста...

Фејсбук избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран

Фејсбук денеска објави дека избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран, кои покажувале „неавтентично координирано однесување“. Од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се избришани 2.632 профили, страници и групи, поради различни причини. Од вкупната бројка, 1.907 профили или страници биле од Русија, а 513 со Иран. Станува збор за 86 страници, 64 профили и 1.757 групи. Од Македонија и Косово...

ДИК: Избирачкиот список на јавен увид од утре, не се внесени 11.346 граѓани

Избирачкиот список од утре ќе биде ставен на јавен увид и во него има запишано 1.816.127 гласачи, а не се внесени 11.346 граѓани, беше соопштено на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која се разгледуваше извештајот за утврдување на состојбата со избирачкиот список за негово ставање на јавен увид за одржување на локалните избори на 15 октомври. Најголемиот број...

Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“. Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат...

„Бомбите“ на СДСМ ги отстранил корисникот што ги блокирал и видеата од „Шарената револуција“

Седумнаесетте „бомби“ избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ биле отстранети по пријава од „ОМД Нетворк“, истиот корисник што претходно бараше да се отстранат видеозаписи и снимки на „Нова ТВ“ од „Шарената револуција“ и од студентските протести објавени на „Јутјуб“, пишува  „Нова ТВ“. Сепак, како што нагласува, по аргументација испратена до „Јутјуб“, видеоснимките биле вратени. „ОМД Нетворк“ е истиот корисник што досега редовно ги...

Теренската проверка на спорните гласачи ќе почне до крајот на неделава

Најдоцна до крајот на неделава ќе почне теренската проверка на спорните гласачи во избирачкиот список. Вкупно ќе се проверуваат 100.436 записи (имиња, презимиња и адреси), а проверката ќе ја спроведат вкупно 374 овластени анкетари. Работата на анкетарите ќе ја контролираат раководителите на подрачните единици на ДИК. Теренските проверки ќе почнуваат наутро во 8.30 часот, а ќе траат до 19 часот. Набљудување на...

Централен регистар ќе избрише повеќе од 8.000 фирми

Централен регистар ќе избрише повеќе од 8.000 фирми што не поднеле годишна завршна сметка за 2014 година или не поднеле пријава за упис на адреса на електронска пошта. Листата која е објавена на крајот на јануари, ќе претрпува дневни промени, па не се знае конечниот број на фирми на кои им се заканува бришење. - На списокот има угостителски објекти, градежни друштва, ветеринарни...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...